Баш сакам да променам, благо речено, онаа јазик пред ум, е баш тоа.Знаат дека немам влакна на јазик ама не мора да го сомелам и тоа шо не е за мелење.
Мрзеливост.. тука ќе дробам со денови колку сум мрзелива, толку шо се помислувам и дали да го напраам тоа шо го сакам поради тоа шо едноставно ме мрзи у моментот.
Лесно стекнувам доверба во некој...Мора милиметарска дистанца, не дека се исповедувам пред личност ама пак тука мојот јазик без влакна па коментирам многу и ете...
Неуредноста во мојот живот а посебно у собата сакам да го сменам највеќе...Мајка ми ми го внесе у глава тоа, не дека ја сакам убо ми е мене и вака.Стварно ко бомба да паднала ми е собата, мораш убаво да гледаш на шо газиш(Attention!!).
Нервоза...Се нервирам често ради глупости и ради непотребни ствари, мислам дека се преоптоварувам со самарот на некој трет.