N
n/a
Гостин
Македонија се движи по The highway to hell.
Nesto i nakaj GornaPoslednite analizi velat deka Makedonija se dvizi na Sever(na).
Uste malce pa katastrofa ,ajde malce da im progledame niz prsti na nesposobniteМакедонија се движи во катастрофална насока
За момент помислив дека сега ќе биде реално и пак утка.Многу си се задржал на Власта.Не гледам критики кон СДСМ.И нее тоталитаризам како многупати што сакаш да кажеш директно или индиректно ако се освои апсолутната власт на избори.Во кој правец се движи Македонија.
Во последно време со филмска брзина, се случуваат работи и настани кои не многу помагаат за иднината на државава, а се водени од теснопартиските интереси на двете ривалски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, а за таа сметка Македонија полека но сигурно влегува во политичка криза.
Кој е виновен поради настанатава ситуација ?
Дали ВМРО или СДСМ.
Кој треба да промени нешто?
Јас мислам и обете.
Зошто ?
Па вака.
Завршија предвремените парламентарни избори, кои беа плод на погрешната проценка на староновиот Премиер, во врска со коалицирањето со албанските партии.
ВМРО ДПМНЕ со коалицијата ја доби подршката на народот олицетворена во 63 пратеника или околу 480 000 гласови, за разлика од СДСМ и коалицијата, која доби подршка од околу 230 000 гласови, или 27 пратеника.
И би Влада, составена од ДПМНЕ и демек непријателите нивни, на кои до вчера тепаа политички поени , т.е. ДУИ.
Но се за доброто на Македонија...нели? Некои тоа го разбраа пред шест години, некои го разбираат денес, а некои нема ни да разберат. И се е тоа во ред. Замислете само до каде би се развил денешниот свет, доколку не би постоела еволувијата.
И таман помисливме дека заврши цела она рашомонијада и глупирање ала Зимбабве на изборите, и ќе се формира новата Влада која ќе биде посветена на реформите и Евроаспирациите, нормално се тоа што го вети новиот Премиер...владата уште не формирана, се посвети на докрајчување на опозицијата и бришење на истата од политичката сцена на Македонија, со однапред подготвениот план, кој вклучува деградација и елиминација од јавниот живот, на секој кој се огрешил со тоа што се дрзнал јавно да критикува некои постапки на Владата, па по цена и да не е СДСМ.
Никола ги побркал лончињата. Кога народот рече дека опозицијата т.е. СДСМ треба да се реформира, он се фати веднаш за работа, па наместо сами они да се реформираат, тој се пушти во реформаторска акција и почна да ги дисциплинира, патем нудејќи му на народот, за да не биде се така црно, нова социјалдемократска опција, олицетворена во школското другарче негово Лазе, и неговата СДУ.
И би така некое време, се додека не дојде денот Д, за задавање на завршниот удар на кочничарите и предавниците.
Случај Заев.
Доколку некој однадвор ја следи ситуацијава, таа од прилика би изгледала вака.
Заев се сомничи дека проневерил осум милиони евра и ја злоупотребил службената положба во случајот “Глобал”. Против него е
поднесена кривична пријава. Тој е притворен и ќе биде изведен пред лицето на правдата. И толку.
Чекај....не е толку.
Кога добро ќе се замисли човек...и не е се така како што изгледа.
Дали потпретседателот на СДСМ и градоначалник на еден од најубавите и најразвиените градови во Македонија е толку наивен и лаком, за да направи такво дело, знаејќи дека е под опсервација на будното око на чичко Сашо, кој е и најголемиот поборник за бришење на СДСМ од политичката карта, а кој конците ги влече од помошната сцена.
Можеби да....а можеби не.
Дали е Груевски толку наивен, за да без докази уапси еден од најнапредните и најперспективните политичари во државава, знаејќи за сите паднати случаи пред судот, за кои вината не се докажа, и знаејќи дека е под опсервација на будното око на народот, кој сака да дознае дали борбата против криминалот и корупцијата е навистина безпрекорна, или тука и таму, заслужува и по некој укор.
Можеби да....можеби и не.
Тука веќе моето милсење оди во линија со милсењето на АБЦ.
А тое е дека, Груевски некој го храни со лоши информации и го тера да влече погрешни потези.
Да не спомнувам дека Заев свесно се откажа од пратеничкиот имунитет.
Да не спомнувам дека уште еден бивш претседател на СДСМ и Премиер, е политички елиминиран, на сличен начин.
Но случајот Заев, не ја доби посакуваната завршница ниту за едните, ниту за другите или половично за едните и половично за другите.
А зошто?
Затоа што и обете партии ги замешаа прстите во судството, и вршеа невидени притисоци.
Зато што едните одеа по ивицата на демократијата и протестиртаа пред судот, што е демократско право, но што и може да се разбере како партиски притисок врз судството, а ја преминаа границата кога го напуштија парламентот и излегоа од ЗЕЛС, заради пуштањето на Заев да се брани од слобода.
А другите во желба за што поголемо оцрнување, ги активираа сите демократски и недемократски потенцијали, и покрај тоа што градоначалникот ги исполнуваше сите услови за бранење од слобода, извршија невиден атак над судството, приморувајќи ги судиите да носат политички одлуки. Границата ја преминаа Јавниот обвинител Шврговски, кога јавно (демек оти е јавен) кажа дека причината за непуштањето на Заев, е за да не изгради уште еден трговски центар.
И се ова одприлика вака ќе продолжеше, доколку Претседателот на државата не го направи она што го направи.
Едните ќе излезеа од сите институции и ќе зачекореа по патот на уличнта демократија, а другите во еуфорија и радост од тоа што нема веќе кој да им парира, ќе носеа неуставни, брзоплети и недоречени закони, и ќе ја продолжеа завршната фаза од уништувањето на опозицијата.
Кога сме веќе кај законите.
Се прашувам, чуму позицијата има потреба да ги носи законите на партизански т.е. Тихи и Прле начин?
Замисли ситуација кај што Претседателот на Собрание, во 5 за 12 им пушта пораки на пратениците, скришум и неприметно да дојдат во собранието, по можност да се камуфлираат во обични граѓани за да никој не ги примети.
Идат они...седнуваат во клупите кај што секој закон треба детално да го разработат и ја проверат неговата функционалност, а притоа да го надоградат со амандмани.
Влегува почитуваниот Претседател, кој пред секоја брза седмица оди на специјален третман на грлото за брзо говорење, седнува на убавата фотеља, и почнува со светлосна брзина да чита закони.
Пратениците збунени.
Јадните и незнаат за кој закон се работи, но по наредба на шефот кој им вели дека брзината и времето е главен фактор, почнуваат да притискаат на копчињата, небаре Трендо им поставил прашање да ги подредат градовите по големина.
После макотрпното притискање на копчињата, одат дома на заслужен одмор и весели што ја приближиле државата до ЕУ со законите кои ги гласале, а да ги праша некој, од стотината закони кои ги гласале да набројат пет, сигурно три ќе згрешат.
Си легнуваат среќни, но под полна борбена опрема (патики, тренерки, ранци), во исчекување да им се јави Трајко, и да тргнат кон нов поход, скришно носење на важни закони.
Ситуацијава не е иронија.
Моментот и термините се толку добро избрани, за да се доловат вистинските случувања со кои се соочува парламентот, нормално гледано од мој агол.
Но дали, и зошто е потребно тоа.
Зошто на пример Премиерот, не даде една жртва, а тоа би било временски период од 5 дена, за да ги врати ДПА во собранието и законот за употреба на јазиците да се донесе во легална процедура, неризикувајќи притоа дека истиот закон во иднина ќе биде негиран, опструиран и камен на разор меѓу ДУИ и ДПА и меѓу ДПА и ДПМНЕ. Лоша проценка...или намерно лоша проценка...кој би знаел.
Зошто мнозинството брзаше да донесе неколку многу битни закони за иднината на државата, без присуство на опозицијата ?
Пак лоша проценка ? Или некој се плашеше од отворена полемика за истите закони. А зошто да се плаши?
Законот за јазици уште пред многу време е на масата на Претседателот на собранието.
И секогаш кога ќе дојдеше моментот за негово донесување, ДПМНЕ ги активираше патриотските потенцијали, и строго беше против донесување на истиот. СДСМ беа предавниците кои сакаат државата да ја направат двојазична. СДСМ беа предавници и кога на албанците сакаа да им дадат високо образование на мајчиниот јазик. Повозрасните многу добро ги паметат Филип и Ѓорчев и
шаторите пред собранието. Сега истиот Ѓорчев највисоко ја дига раката за гласање на овие закони.
По сето ова, идам во недоумица и се прашувам кој всушност е кочничар на реформи.
Кој беше оној што ги опструираше законите кои требаше да се донесат пред пет или десет години.
На кого дури денес му текна дека овие закони ќе придонесат за стабилноста на државата.
Или во прашање е пак гореспоменатата еволуција. Па до кога ќе еволуираме, на сметка на државата, само за да се заработи некој ситен теснопартиски и популистички поен.
Ќе повторам една добропозната мудрост.
Човек учи од грешките свои, но паматен човек, од туѓите грешки учи.
До кога ние ќе учиме од нашите грешки ?
Би поставил тука уште неколку прашања.
Дали потегот на Бранко за враќање на опозицијата во парламентот е правилен или не ?
Дали власта сака да има опозиција која ќе ја контролира за сите постапки и ќе биде нејзин коректор ?
Дали власта сака коректор?
Дали потезите на власта во врска со решавањето на проблемот со името се правилни или не?
Дали Македонија има алтернатива на ЕУ ?
Што треба да направи или промени опозицијата, за да биде понструктивна?
Што треба да промени власта, за да не се добива впечаток дека сака популистички и апсолутистички да владее.
Или пократко :
Дали Македонија се движи во вистинската насока ?