Во кој правец се движи Македонија ?

Дали Македонија се движи во вистинската насока ?

  • Да

    Гласови: 64 37,0%
  • Не

    Гласови: 70 40,5%
  • Не сум сигурен

    Гласови: 28 16,2%
  • Не знам

    Гласови: 11 6,4%

  • Вкупно гласачи
    173

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Грешка,во сосема друга димензија иде.
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Македонија се движи ама се движи многу назад тоа е проблемот а иначе се движи за движење
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Вагата што мери вештерки


Во втората половина на мандатите македонските влади обично ја заоструваат играта и почнуваат да играат грубо. Сегашнава Влада и во тој поглед е исклучок: таа игра грубо од почеток. Но, се држи и до старите непишани правила: како што се гледа загубата на власта, така растат алчноста и насилството. Господ знае кај ќе биде крајот, но работиве не одат на арно. Нападот врз „Фершпед“ испраќа застрашувачки пораки на сите страни: секоја фирма во земјава може да биде национализирана и срамнета со земја од страна на Партијата. Секоја фирма може да биде замената со соодветна партиска фирма. И не постои цена (во луѓе, пари, углед итн.) што Партијата може да ја спречи во намерата.

Што уште велат пораките на Груевски? Не постои државна институција која е доволно партиска. Секоја државна институција може да се гмечи и малтретира до нивото од романот „1984“: не е доволно да ја слушаш Партијата; мора да ја сакаш! Се разбира дека сите ќе дојдат на ред: и комунистите, и Евреите, и Власите, и Албанците и најпосле недоволно правоверните вмровци. Рамковски, Керим, Исмаил и Ризаов веќе беа налепени на одредени плакати: да се абортираат. Да се отстранат како малигни израстоци од чистото македонско ткиво. Вмровецот не е фанатик: се има плакат против абортус, се разбира, ама се има плакат и за отстранување, за здрава национална хирургија.
Страшно е, се разбира, што народот гледа сеир, како да се препушта на општата несигурност. Уште пострашно е што не се гледа крај на насилствово кое станува хронична и долгорочна граѓанска војна. Океј, стопанството ќе биде вмроизирано уште три години. Десетици илјади невмровци ќе останат на улица, а десетици илјади вмровци ќе добијат привилегии и работа. И?! До кога ќе трае тоа? До следниот турнус на одмазди.

Многу нешта во земјава, инаку, освен љубовта кон Партијата, личат на „1984“. Ритуалот на двете дневни минути омраза, да речеме. Да потсетам на романот на Орвел: сите граѓани, сеедно дали се дома или на своите работни места, во текот на денот се изложени на „двете минути заедничка омраза“. На сепресутните телевизиски екрани во тие две минути се емитува сликата на внатрешниот непријател, Голдстејн (инаку, се разбира, Океанија има и цел грст надворешни непријатели), а овластени претставници на Партијата меѓу граѓаните ја разгоруваат омразата спрема Голдстејн. Работите кај нас дотолку се усовршени што веќе не станува збор за две минути омраза туку за часови скапо платена пропаганда; освен тоа, порцијата милно ни ја испорачуваат во форма на цртан филм, кој сосема соодветно се нарекува „Еднооки“. Таму точно Партијата пропишува кој треба да се мрази, а кој треба да се обожава како, вистина, фаличен, но најфраер и најзаебант во земјата Шашардија. Улогата на Голдстејн, непријателот на Партијата, кај нас ја играат опозицијата и граѓанските иницијативи.

***

Вислава Шимборска раскажува интересна приказна за холандскиот град Оудеватер, еден од ретките европски градови каде што градските власти пронашле начин да им се спротивстават на прогоните на вештерките. Прогоните во Европа беснееле во текот на 16, 17 и некаде и во 18 век и однеле, според некои процени, над еден милион жртви. Освен Оудеватер, имало и други светли примери, што се обидувале да им се спротивстават на фанатизмот и лудилото: Млетачката Република, Париз, едно време Аугсбург, Бремен, Улм... Во Бриж владеел прописот дека оној што обвинува некого дека се занимава со магија треба да престојува во затвор се' додека не ја докаже веродостојноста на обвинението. Така цинкарошите веднаш замолкнале. Во Англија забраната на тортура во текот на истрагата мошне го намалила бројот на кодошења.

Оудеватер станал симбол на храбриот граѓански отпор поради својата - вага. На таа градска вага во пазарните денови биле мерени сирењето и брашното. На таа вага почнале да ги мерат и вештиците зашто тогаш постоело верување дека вештицата е полесна од обичната жена, ако се земе предвид соодносот меѓу нејзината висина и тежина. Затоа мерењето на вештиците се практикувало во многу места, најчесто со фатален исход за осомничените. Во Оудеватер било поинаку. Стотици бегалци од соседните земји доаѓале во градот, за да бидат измерени според строго пропишаниот церемонијал, пред градските одборници и граѓаните. Потоа во општината градоначалникот и членовите на магистратот, сослушувајќи ги во целина извештаите на одборниците, го испишувале сертификатот кој со потписи и печати и' бил врачуван на измерената личност. Најважно било: ниту еден сертификат не ја содржел погубната пресуда! Наводните вештици и вештери можеле без страв да се вратат во родните земји со писмено мислење дека вагата во Оудеватер гарантира за „нормалноста“ на нивната тежина.

Вагата во Оудеватер постои и денес и се третира како споменик на културата. Шимборска вели: „Нека судбината ја сочува за сите времиња - заедно со сеќавањето на луѓето кои околу неа ја славеле спосоносната комедија, не трепнувајќи на приговорите дека веќе однапред го предвиделе исходот на мерењето. Тоа не биле само добри туку и досетливи луѓе. Добрината без досетливост е немоќна“.

Зошто ја раскажав приказнава? За да укажам дека секогаш постојат начини да му се спротивставиме на лудилото. Постојат начини да и' се спротивставиме на „молекуларната граѓанска војна“ што ДПМНЕ ја воспоставува во Република Македонија како поредок. Внатрешните искушенија на младите демократии често се поголеми од надворешните закани. И последните зрнца ум, добрина и одговорност во Македонија се ставени на тест. Речиси како да се ставени на вага.



Никола Гелевски - Утрински



Одлично напишано

:coffee:


 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Poslednite analizi velat deka Makedonija se dvizi na Sever(na).
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Mакедонија се движи во непознат правец јавија од радарскста служба..........
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Македонија се движи во катастрофална насока
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
ај доста им гледавме низ прсти на неспособните.......:tapp:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Во кој правец се движи Македонија.

Во последно време со филмска брзина, се случуваат работи и настани кои не многу помагаат за иднината на државава, а се водени од теснопартиските интереси на двете ривалски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, а за таа сметка Македонија полека но сигурно влегува во политичка криза.
Кој е виновен поради настанатава ситуација ?
Дали ВМРО или СДСМ.
Кој треба да промени нешто?
Јас мислам и обете.
Зошто ?
Па вака.


Завршија предвремените парламентарни избори, кои беа плод на погрешната проценка на староновиот Премиер, во врска со коалицирањето со албанските партии.
ВМРО ДПМНЕ со коалицијата ја доби подршката на народот олицетворена во 63 пратеника или околу 480 000 гласови, за разлика од СДСМ и коалицијата, која доби подршка од околу 230 000 гласови, или 27 пратеника.

И би Влада, составена од ДПМНЕ и демек непријателите нивни, на кои до вчера тепаа политички поени , т.е. ДУИ.
Но се за доброто на Македонија...нели? Некои тоа го разбраа пред шест години, некои го разбираат денес, а некои нема ни да разберат. И се е тоа во ред. Замислете само до каде би се развил денешниот свет, доколку не би постоела еволувијата.

И таман помисливме дека заврши цела она рашомонијада и глупирање ала Зимбабве на изборите, и ќе се формира новата Влада која ќе биде посветена на реформите и Евроаспирациите, нормално се тоа што го вети новиот Премиер...владата уште не формирана, се посвети на докрајчување на опозицијата и бришење на истата од политичката сцена на Македонија, со однапред подготвениот план, кој вклучува деградација и елиминација од јавниот живот, на секој кој се огрешил со тоа што се дрзнал јавно да критикува некои постапки на Владата, па по цена и да не е СДСМ.

Никола ги побркал лончињата. Кога народот рече дека опозицијата т.е. СДСМ треба да се реформира, он се фати веднаш за работа, па наместо сами они да се реформираат, тој се пушти во реформаторска акција и почна да ги дисциплинира, патем нудејќи му на народот, за да не биде се така црно, нова социјалдемократска опција, олицетворена во школското другарче негово Лазе, и неговата СДУ.

И би така некое време, се додека не дојде денот Д, за задавање на завршниот удар на кочничарите и предавниците.

Случај Заев.
Доколку некој однадвор ја следи ситуацијава, таа од прилика би изгледала вака.
Заев се сомничи дека проневерил осум милиони евра и ја злоупотребил службената положба во случајот “Глобал”. Против него е
поднесена кривична пријава. Тој е притворен и ќе биде изведен пред лицето на правдата. И толку.
Чекај....не е толку.
Кога добро ќе се замисли човек...и не е се така како што изгледа.
Дали потпретседателот на СДСМ и градоначалник на еден од најубавите и најразвиените градови во Македонија е толку наивен и лаком, за да направи такво дело, знаејќи дека е под опсервација на будното око на чичко Сашо, кој е и најголемиот поборник за бришење на СДСМ од политичката карта, а кој конците ги влече од помошната сцена.
Можеби да....а можеби не.
Дали е Груевски толку наивен, за да без докази уапси еден од најнапредните и најперспективните политичари во државава, знаејќи за сите паднати случаи пред судот, за кои вината не се докажа, и знаејќи дека е под опсервација на будното око на народот, кој сака да дознае дали борбата против криминалот и корупцијата е навистина безпрекорна, или тука и таму, заслужува и по некој укор.
Можеби да....можеби и не.
Тука веќе моето милсење оди во линија со милсењето на АБЦ.
А тое е дека, Груевски некој го храни со лоши информации и го тера да влече погрешни потези.
Да не спомнувам дека Заев свесно се откажа од пратеничкиот имунитет.
Да не спомнувам дека уште еден бивш претседател на СДСМ и Премиер, е политички елиминиран, на сличен начин.

Но случајот Заев, не ја доби посакуваната завршница ниту за едните, ниту за другите или половично за едните и половично за другите.
А зошто?
Затоа што и обете партии ги замешаа прстите во судството, и вршеа невидени притисоци.
Зато што едните одеа по ивицата на демократијата и протестиртаа пред судот, што е демократско право, но што и може да се разбере како партиски притисок врз судството, а ја преминаа границата кога го напуштија парламентот и излегоа од ЗЕЛС, заради пуштањето на Заев да се брани од слобода.
А другите во желба за што поголемо оцрнување, ги активираа сите демократски и недемократски потенцијали, и покрај тоа што градоначалникот ги исполнуваше сите услови за бранење од слобода, извршија невиден атак над судството, приморувајќи ги судиите да носат политички одлуки. Границата ја преминаа Јавниот обвинител Шврговски, кога јавно (демек оти е јавен) кажа дека причината за непуштањето на Заев, е за да не изгради уште еден трговски центар.
И се ова одприлика вака ќе продолжеше, доколку Претседателот на државата не го направи она што го направи.
Едните ќе излезеа од сите институции и ќе зачекореа по патот на уличнта демократија, а другите во еуфорија и радост од тоа што нема веќе кој да им парира, ќе носеа неуставни, брзоплети и недоречени закони, и ќе ја продолжеа завршната фаза од уништувањето на опозицијата.


Кога сме веќе кај законите.
Се прашувам, чуму позицијата има потреба да ги носи законите на партизански т.е. Тихи и Прле начин?
Замисли ситуација кај што Претседателот на Собрание, во 5 за 12 им пушта пораки на пратениците, скришум и неприметно да дојдат во собранието, по можност да се камуфлираат во обични граѓани за да никој не ги примети.
Идат они...седнуваат во клупите кај што секој закон треба детално да го разработат и ја проверат неговата функционалност, а притоа да го надоградат со амандмани.
Влегува почитуваниот Претседател, кој пред секоја брза седмица оди на специјален третман на грлото за брзо говорење, седнува на убавата фотеља, и почнува со светлосна брзина да чита закони.

Пратениците збунени.
Јадните и незнаат за кој закон се работи, но по наредба на шефот кој им вели дека брзината и времето е главен фактор, почнуваат да притискаат на копчињата, небаре Трендо им поставил прашање да ги подредат градовите по големина.
После макотрпното притискање на копчињата, одат дома на заслужен одмор и весели што ја приближиле државата до ЕУ со законите кои ги гласале, а да ги праша некој, од стотината закони кои ги гласале да набројат пет, сигурно три ќе згрешат.
Си легнуваат среќни, но под полна борбена опрема (патики, тренерки, ранци), во исчекување да им се јави Трајко, и да тргнат кон нов поход, скришно носење на важни закони.

Ситуацијава не е иронија.
Моментот и термините се толку добро избрани, за да се доловат вистинските случувања со кои се соочува парламентот, нормално гледано од мој агол.

Но дали, и зошто е потребно тоа.
Зошто на пример Премиерот, не даде една жртва, а тоа би било временски период од 5 дена, за да ги врати ДПА во собранието и законот за употреба на јазиците да се донесе во легална процедура, неризикувајќи притоа дека истиот закон во иднина ќе биде негиран, опструиран и камен на разор меѓу ДУИ и ДПА и меѓу ДПА и ДПМНЕ. Лоша проценка...или намерно лоша проценка...кој би знаел.
Зошто мнозинството брзаше да донесе неколку многу битни закони за иднината на државата, без присуство на опозицијата ?
Пак лоша проценка ? Или некој се плашеше од отворена полемика за истите закони. А зошто да се плаши?

Законот за јазици уште пред многу време е на масата на Претседателот на собранието.
И секогаш кога ќе дојдеше моментот за негово донесување, ДПМНЕ ги активираше патриотските потенцијали, и строго беше против донесување на истиот. СДСМ беа предавниците кои сакаат државата да ја направат двојазична. СДСМ беа предавници и кога на албанците сакаа да им дадат високо образование на мајчиниот јазик. Повозрасните многу добро ги паметат Филип и Ѓорчев и
шаторите пред собранието. Сега истиот Ѓорчев највисоко ја дига раката за гласање на овие закони.
По сето ова, идам во недоумица и се прашувам кој всушност е кочничар на реформи.
Кој беше оној што ги опструираше законите кои требаше да се донесат пред пет или десет години.
На кого дури денес му текна дека овие закони ќе придонесат за стабилноста на државата.
Или во прашање е пак гореспоменатата еволуција. Па до кога ќе еволуираме, на сметка на државата, само за да се заработи некој ситен теснопартиски и популистички поен.
Ќе повторам една добропозната мудрост.
Човек учи од грешките свои, но паматен човек, од туѓите грешки учи.
До кога ние ќе учиме од нашите грешки ?

Би поставил тука уште неколку прашања.
Дали потегот на Бранко за враќање на опозицијата во парламентот е правилен или не ?
Дали власта сака да има опозиција која ќе ја контролира за сите постапки и ќе биде нејзин коректор ?
Дали власта сака коректор?
Дали потезите на власта во врска со решавањето на проблемот со името се правилни или не?
Дали Македонија има алтернатива на ЕУ ?
Што треба да направи или промени опозицијата, за да биде понструктивна?
Што треба да промени власта, за да не се добива впечаток дека сака популистички и апсолутистички да владее.

Или пократко :
Дали Македонија се движи во вистинската насока ?
За момент помислив дека сега ќе биде реално и пак утка.Многу си се задржал на Власта.Не гледам критики кон СДСМ.И нее тоталитаризам како многупати што сакаш да кажеш директно или индиректно ако се освои апсолутната власт на избори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom