Во кој весник имате највеќе доверба?

На кој весник му верувате?

  • Време-Шпиц

    Гласови: 2 3,2%
  • Вечер

    Гласови: 1 1,6%
  • Дневник

    Гласови: 28 44,4%
  • Фокус

    Гласови: 8 12,7%
  • Вест

    Гласови: 9 14,3%
  • Друг,ке наведам како мислење

    Гласови: 9 14,3%
  • Во ниеден

    Гласови: 6 9,5%

  • Вкупно гласачи
    63

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
На ниеден. Читам редовно весници и само се уверувам дека се ветер и магла....
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.417
Поени од реакции
7.770
Ух по цел ден се расправам со весници на работа, и највеќе мразам коа татко ми ќе ми се јави да му купам весник. ГРРРР
Дневник... највеќе тескт, објективен колку/толку
Нова Македонија, сеуште постои, и форматот е најголем во МК (заедно со Бизнис). Има безни вицови повремено
Како Пинокио открил дека е од дрво?
-Се запалил самозадоволувајќи се!

Вечер, ух колку само се чувствува Латас во секоја можна пора (имаат и рубрика Скопје под чаршаф, некоја си студентка од провинција се фура како водителката на 1001 ноќ, и цело време само ебе некого некаде).
Вест- денес имаат на насловна слика од Сара Леши со голи цицки и коментар (од Вест до Плејбој) секој останат коментар е одвишен.
Утрински Весник-таму пишува еден мој добар другар кој многу го почитувам. Уредувачката политика е грррр.... Во Скопје се функционира беспрекорно, а она што не функционира беспрекорно на тоа се работи моментално (во три смени), ГИММИ ЕЈ БРЕЈК
Време/Шпиц, лелееее. Само еднаш прочитав квалитетна информација во Шпиц, во врска со концертот на Пиперките у Инџија (се плукаше максимално) и мој колега што исто така беше разочаран од концертот кажа, фала богу една објективна оцена за концертот и се во врска со него.
Бизнис, ххахха специјализиран дневен весник. Не е лош. Немаат веб сајт јадните... јебига... ми го носат на работа и чат пат го читам, не е толку лош.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Гледам Дневник е во водство... Дневник го сметам за еден од најнеобјективните весници. Зашто? Ќе ви кажам еден пример.

Кога сите се занимаваа со случајот Бачило (настанат во времето на СДСМ), таа вест беше, нормално, неколку дена на насловна страна, не само во Дневник, туку кај сите весници.
Кога го донесоа Смиленски во Македонија и почнаа судењата за проневера на 60 милиони евра (споредете со Бачило и ќе видите за колку многу нули е потежок случајот Смиленски), Дневник му даде место на Смиленски на 12-13 страна! Случајот Смиленски настана во време на првото владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Дали е ова објективност? Судете сами.

И уште нешто, Срѓан Ќерим не може да води објективен весник кога сите знаеме со која партија е моментално близок и зашто!

Гледам и Фокус е наведен... Порано, кога имаше реклама на Фокус во Милионер, приметив дека на секоја насловна страна е Бранко Црвенковски. Дури и се кладев со другари дали и во следниот број он ќе биде пак на насловна! :) Така да, смешен ми е Фокус... Далеку од објективен.

Вечер може слободно да го прекрстат во Латас. :)

За Утрински можам да кажам дека е весник на ниво.

Вест знае да расположи со Михајловски на пример...
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Нема : секој весник е субјективен а повеќето неписмени. Кога можеа да ја направат Либија христијанска земја и да и го лупнат Бејрут како главен град усред Утрински Весник (на којшто најмногу му “верувам), се прашувам кој тоа уредник дозволува такви неписмени да пишуваат текстови...

За телевизиите да не збориме а посебно за А1 : тие се, пак, уште понеписмени ама предноста им е сликата - од контекстот се разбира што сакале да кажат (а не можеле) :raz:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Еј, па може да се отвори една тема и за објективноста на телевизииве ако нема таква тема.
Од телевизииве, дефинитивно Сител, на чело со Латас, се катастрофа. Трагикомедија. :icon_bigg
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Дневник ми е онака, највеќе за верување:)

А Шпиц, се најголемите лажговци, особено за спортските ствари. Лажни трансфери кажуваат цело време.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
А Шпиц, се најголемите лажговци, особено за спортските ствари. Лажни трансфери кажуваат цело време.
Колку пари - толку музика. Бесплатен весник = бесплатни глупости на кило :wink:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Затоа читајте Плејбој,се е гола вистина и е со доста висока цена.:)
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Дневник ми е нај некако и Вечер мада на никого не можеш во потполност да му веруваш.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Bas denes vo Dnevnik ima platen text.Novinarot e kupen za 300eur.
Placacite ocekuvaat skromni 100.000.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Сеуште верувате во весници и во македонско објективно новинарство?
Јас оддамна не им верувам.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Гледам Дневник е во водство... Дневник го сметам за еден од најнеобјективните весници. Зашто? Ќе ви кажам еден пример.

Кога сите се занимаваа со случајот Бачило (настанат во времето на СДСМ), таа вест беше, нормално, неколку дена на насловна страна, не само во Дневник, туку кај сите весници.
Кога го донесоа Смиленски во Македонија и почнаа судењата за проневера на 60 милиони евра (споредете со Бачило и ќе видите за колку многу нули е потежок случајот Смиленски), Дневник му даде место на Смиленски на 12-13 страна! Случајот Смиленски настана во време на првото владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Дали е ова објективност? Судете сами.

И уште нешто, Срѓан Ќерим не може да води објективен весник кога сите знаеме со која партија е моментално близок и зашто!
Беше едно време навистина близок со политичката опција од сегашната опозиција. Во тоа време, претпоставувам ти беше објективен, исто и како Латас и Сител :)
Инаку, да не бидам сфатен погрешно, Латас и Сител, како и партијата на Ѕинго вечно биле и ќе останат сателити и ќе менуваат дресови.



Вечер може слободно да го прекрстат во Латас. :)
За ова си во право, мора да се признае.

За Утрински можам да кажам дека е весник на ниво.
Само на чие ниво? :)
Aјде да бидеме реални, Утрински знае да е необјективен и пристрасен во иста мерка како и Вечер, исти курац во друго партиско пакување.

Вест знае да расположи со Михајловски на пример...
Михајловски е вечити опозиционер, без разлика кој е на власт, инаку ќе му умре колумната, тоа е нејзиниот концепт. Инаку, срање од весник.

Инаку, сите се исти курац, со различни дресови.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Тие што се ВМРО ке кажат Вечер е објективен

Тие што се СДСМ ќе кажат Утрински

Истото важи и за Канал 5 и Сител

И двата се како партиски билтени на Опозицијата и Позицијата

Во Македонија нема независни медиуми зад сите стои ``некој``
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Тие што се ВМРО ке кажат Вечер е објективен

Тие што се СДСМ ќе кажат Утрински

Истото важи и за Канал 5 и Сител

И двата се како партиски билтени на Опозицијата и Позицијата

Во Македонија нема независни медиуми зад сите стои ``некој``
Решение:
Читај/гледај ги сите наведени медиуми, па обиди се да извлечеш сопствен заклучок за темите за кои сакаш да дознаеш нешто. Трето нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom