pcjodamaster
:trololo:
- Член од
- 20 мај 2006
- Мислења
- 4.180
- Поени од реакции
- 127
На ниеден. Читам редовно весници и само се уверувам дека се ветер и магла....
Колку пари - толку музика. Бесплатен весник = бесплатни глупости на кило :wink:А Шпиц, се најголемите лажговци, особено за спортските ствари. Лажни трансфери кажуваат цело време.
Беше едно време навистина близок со политичката опција од сегашната опозиција. Во тоа време, претпоставувам ти беше објективен, исто и како Латас и СителГледам Дневник е во водство... Дневник го сметам за еден од најнеобјективните весници. Зашто? Ќе ви кажам еден пример.
Кога сите се занимаваа со случајот Бачило (настанат во времето на СДСМ), таа вест беше, нормално, неколку дена на насловна страна, не само во Дневник, туку кај сите весници.
Кога го донесоа Смиленски во Македонија и почнаа судењата за проневера на 60 милиони евра (споредете со Бачило и ќе видите за колку многу нули е потежок случајот Смиленски), Дневник му даде место на Смиленски на 12-13 страна! Случајот Смиленски настана во време на првото владеење на ВМРО ДПМНЕ.
Дали е ова објективност? Судете сами.
И уште нешто, Срѓан Ќерим не може да води објективен весник кога сите знаеме со која партија е моментално близок и зашто!
За ова си во право, мора да се признае.Вечер може слободно да го прекрстат во Латас.![]()
Само на чие ниво?За Утрински можам да кажам дека е весник на ниво.
Михајловски е вечити опозиционер, без разлика кој е на власт, инаку ќе му умре колумната, тоа е нејзиниот концепт. Инаку, срање од весник.Вест знае да расположи со Михајловски на пример...
Решение:Тие што се ВМРО ке кажат Вечер е објективен
Тие што се СДСМ ќе кажат Утрински
Истото важи и за Канал 5 и Сител
И двата се како партиски билтени на Опозицијата и Позицијата
Во Македонија нема независни медиуми зад сите стои ``некој``