Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
Зависи и до професорите кои што предаваат на генерацијата а ако немаш лично искуство не можеш баш да се ослониш на муабети. Години поминаа откако завршив ама не верувам критериумот и залагањето на голем дел од тие што ми предаваа мене да опаднал.Идев на пракса у Корчагин, школото е неколку класи над други. Идев и у Карев исто, и професорите и децата беа каде каде послаби од Корчагин. И за Орце колешки ми имаат кажувано добро, за јбт немам нешо позитивно чуено.
Поисфуран муабет, за мојава струка зборам е демек оди Корчагин за после на електро или финки да завршиш, зошто многу математика има. Значи уште од старт се форсира да се создаде кадар зателебен со математика и голем дел непотребни работи наместо кадар приспособен на денешните предизвици кој ќе биде научен да решава проблеми, било програмирање, било мрежи, било дизајн.
Исто ти се фаќа во средниве кај нас, затоа му пишав ако е гимназија, нека оди кај што му е најблиску и нека гледа сам да си учи од плус материјал во слободно време тоа што го интересира, барем денес со интернетов е лесно. Од кај мене на електро кои сме денес со функција и огромно CV а уште ненавршени 30 години, тие што сме си решиле уште од средно кој пат да го фатиме во IT и секој ден работевме да дознаеме што повеќе. Голем дел такви што ќе се преоптеретат со математики, физики, програмирања кои не се ни користат и останати предмети во преголем обид, после единствена цел им станува да останат како демонстратори или асистенти, скитаат без цел.