Во кое средно школо да се запишам?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Идев на пракса у Корчагин, школото е неколку класи над други. Идев и у Карев исто, и професорите и децата беа каде каде послаби од Корчагин. И за Орце колешки ми имаат кажувано добро, за јбт немам нешо позитивно чуено.
Зависи и до професорите кои што предаваат на генерацијата а ако немаш лично искуство не можеш баш да се ослониш на муабети. Години поминаа откако завршив ама не верувам критериумот и залагањето на голем дел од тие што ми предаваа мене да опаднал.

Поисфуран муабет, за мојава струка зборам е демек оди Корчагин за после на електро или финки да завршиш, зошто многу математика има. Значи уште од старт се форсира да се создаде кадар зателебен со математика и голем дел непотребни работи наместо кадар приспособен на денешните предизвици кој ќе биде научен да решава проблеми, било програмирање, било мрежи, било дизајн.

Исто ти се фаќа во средниве кај нас, затоа му пишав ако е гимназија, нека оди кај што му е најблиску и нека гледа сам да си учи од плус материјал во слободно време тоа што го интересира, барем денес со интернетов е лесно. Од кај мене на електро кои сме денес со функција и огромно CV а уште ненавршени 30 години, тие што сме си решиле уште од средно кој пат да го фатиме во IT и секој ден работевме да дознаеме што повеќе. Голем дел такви што ќе се преоптеретат со математики, физики, програмирања кои не се ни користат и останати предмети во преголем обид, после единствена цел им станува да останат како демонстратори или асистенти, скитаат без цел.
 
Член од
25 декември 2018
Мислења
12
Поени од реакции
3

Значи ко шо кажувате вие за средниве, најубо ја ко Исус да си научам занат и да си терам а?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Значи ко шо кажувате вие за средниве, најубо ја ко Исус да си научам занат и да си терам а?
Ако навистина сакаш да се ориентираш на нешто и си човек со карактер што ќе сака да успее, запиши се кај што ти е најблиску и во слободното време сам барај си плус материјали да се надоградиш
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Проблем е што дете и возрасен човек не размислуваат исто, и не верувам дека ист човек ќе испаднеш ако завршиш у коце и во корчагин. Самата атмосвера е поконкуретна и децата по амбициозни, за разлика од школо кај што пола деца ќе си ја тераат нивата понатака (убаво објасни некој). Сум се дружел со деца и од таму и од таму, а богами и на факултет ги видов кој како пројде. Во која било од подобриве гимназии запиши си се и немаш гајле, ќе си го имаш средното во добро сеќавање за дружба а и нешто ќе ти влезе у главата сакал нејкел.
Избегавај каубојски школи, дете што сака да иде на финки у 8мо оделение нема да пројде добро таму.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Сегде низ светот школите како електро и информатика се меѓу појаките, кај нас обратно. Најголем просперитет треба да имаш со таа струка ама џабе кога кај нас Коце е отидено во неповрат. Не ни може да се направи нешто за да се среди тој проблем. Во школото се инвестира премногу, најсредено е можеби од сите средни во Македонија, ама џабе кога го бие лош глас и одат неамбициозни и проблематични деца.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.414
Поени од реакции
4.467
Георги, Карев или Орце. Корчагин треба да се избегнува, уфилмани деца што мислат дека знаат се само поради тоа што учеле во РЈК , башка ко секташи само меѓусебе се дружат. Мое лично мислење е ова, не мора да се увреди некој ако завршил баш во Корчагин. Учев во Георги, ама јас лично би му дал предност на Орце како гимназија. Стручните да се избегаваат по секоја цена (ако си некој што учи), пошо треба ептен да си карактер, за да се дружиш 4 години со дебили, а и како што рекоа да не видиш девојче.

ЈБТ ми е многу со напувани дечишта кои се деца на некои богаташи и се раскурцаваат, па не ми се свиѓаше тоа мене многу. Но сепак секој со различно искуство. И во Георги имаше такви, не дека не :D
Најпогодно за учење и усовршување не би можел да издвојам некое, сите се горе доле исти, е сега само за локацијата, и друштвата какви ти одговараат, па да си одбереш :D Георги,Орце,Карев и ЈБТ би ги ставил во исто рамниште за учење, со мали нијанси во зависност од строгоста и критериумите на поедини професори :)
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Би ти препорачал, Корчагин или Орце. Завршив во Корчагин пред 2 години, професорите беа супер, разбирливи, предаваа предобро и ни створија навика за учење што значително ни го олесни животот на ФИНКИ/ФЕИТ/МФ. Според луѓето што ги запознав на факс од Орце има доста квалитетни студенти и само нив би ги ставил на рамниште со Корчагинци.
Брат ми се запиша годинава во ЈБТ и според работите што ми ги кажува не би го препорачал. Од Карев се излезени многу тешки наркомани, ама супер деца во глобала. Меѓутоа си имаат малку поголеми проблеми со факултетите.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Георги - Нешто најдобро / у градот е има девојчиња имаш иднина со и без факултет
Абре дете... нигде немаш иднина без факс. Коа те вработуваат никој не му е гајле кај си завршил средно.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Абре дете... нигде немаш иднина без факс. Коа те вработуваат никој не му е гајле кај си завршил средно.
Многу грешно размислување, заради тоа образованието ни е за нигде и 99% се запишуваат на факс. Момемтално многу повеќе се цени пракса, јазици, академии, курсеви и ред други ствари него факултетот. Сеедно му е на тој дали ти имаш факултет бидејќи уште 50 000 луѓе го нудат истото што го нудиш и ти.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Многу грешно размислување, заради тоа образованието ни е за нигде и 99% се запишуваат на факс. Момемтално многу повеќе се цени пракса, јазици, академии, курсеви и ред други ствари него факултетот. Сеедно му е на тој дали ти имаш факултет бидејќи уште 50 000 луѓе го нудат истото што го нудиш и ти.
Единствено се гледа средно ако е стручно за стручна работа. Гимназија без факс не може.

За жал така сме уредени моментално, секоја будала мора да иде на факс ако сака да има трошка надеж дека ќе напраи нешто у животот.

Тачно е и дека има 50.000 други луѓе што го имаат истото, али ако го немаш факсот значи дека ќе има 50.000 луѓе ПРЕД тебе :)
 
Член од
25 декември 2018
Мислења
12
Поени од реакции
3
Вака ко шо гледам убави и неубави зборови, накрај ми останува или Орце или Георги. Ќе видам ќе се распрашам по луѓе какви се школи се, па и вие кажете предмети шо има, изборни, итн. Инаку гледам зборите за факс и да ви кажам дека, Корчагин, Георги или Орце ако завршите и сте без факс, сте на исто место со тој шо завршил фискултурно, освен ако сте малку повеќе интелегентни, па имате малце акал у глаата. И плус срамота ќе биде какви се дебили се со диплома од факс, па некој од толку добро средно само со тоа да остане. Доколку имате услови идете одма не му ја мислете.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Единствено се гледа средно ако е стручно за стручна работа. Гимназија без факс не може.

За жал така сме уредени моментално, секоја будала мора да иде на факс ако сака да има трошка надеж дека ќе напраи нешто у животот.

Тачно е и дека има 50.000 други луѓе што го имаат истото, али ако го немаш факсот значи дека ќе има 50.000 луѓе ПРЕД тебе :)
Искрено јас да сум работодавец повеќе ќе гледам што има друго во сиви него ли факултет, зошто знам какви се не луѓе завршиле факултет.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.143
Поени од реакции
13.294
Запиши се во нормалните школи. Кога мислам нормални, мислам на Георги, Орце, Карев, Јбт, Корчагин. Може и Борис да се додаде во листава, но таму не учеа математика мислам трета и четврта, па ако одбереш факултет што бара математика, би имал проблеми со изводи интеграли итн, секако не е нешто што не се учи. А за кое да го одбереш меѓу првите 5 што ги набројав, тоа ти самиот одлучи, кои ти е најблиску или најдостапно со автобус. Муабетите полесно, подобро се предава, особено ако доаѓаат од некој што завршил пред десет години се крајно несериозни. Прво секоја генерација им се погодуваат различни професори, математика може еден е добар пет се лоши и обратно, друго цело време се менуваат професори, одат во пензија, се менува власта, бегаат од државата итн, да не набројувам знаеме каде живееме. Ова со друштво никаков фактор да не ти е, јас кога се запишав во Георги не познавав ниту еден единствен човек таму, сите отидоа ЈБТ или Орце, баш поинтересно ми беше дека тотално нов почеток и познанства шириш со еден куп луѓе. Тоа е совет од мене, кое и да одбереш од овие 5 нема да згрешиш, исто битен фактор е секогаш средината да е отприлика пеесет посто машки, пеесет женски, во овие школи тоа ти е задоволено.
 
Член од
16 август 2015
Мислења
237
Поени од реакции
288
Би ти препорачал, Корчагин или Орце. Завршив во Корчагин пред 2 години, професорите беа супер, разбирливи, предаваа предобро и ни створија навика за учење што значително ни го олесни животот на ФИНКИ/ФЕИТ/МФ. Според луѓето што ги запознав на факс од Орце има доста квалитетни студенти и само нив би ги ставил на рамниште со Корчагинци.
Брат ми се запиша годинава во ЈБТ и според работите што ми ги кажува не би го препорачал. Од Карев се излезени многу тешки наркомани, ама супер деца во глобала. Меѓутоа си имаат малку поголеми проблеми со факултетите.
Завршив во Карев пред 4,5 години и сакаш да кажеш дека сум наркоман? Како си даваш за право да коментираш за други школи? Можеш да коментираш за своето , а не да даваш лажна слика за другите средни.
Карев јас кога учев беше многу строго ( со исклучоци на некои професори кои низ шала и смеа поминувавме ) , имав другар кој од Ѓорги се префрли во Карев со цел полесно да поминел ама се заеба јако , во Ѓорги бил 5,00 на крај , а во Карев со неколку 4ки завршуваше и математика 2ка . Потоа се каеше што се префрлил. Сега слушнав дека Горица е повторно директорка , она беше директорка и пред 10 години и доста добар рејтинг држеше за школото и се надевам ќе го одржи тоа. Доколку на некој му треба мислење /совет околу некој професор од Никола Карев слободно нека ми пише . А за тој погоре што мисли дека децата од Карев имале тешкотии на факултет , завршувам втор факултет моментално , благодарение на праксата за учење што ја добив во Карев долги непроспиени средношколски ноќи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom