Во кое средно школо да се запишам?

Член од
17 мај 2016
Мислења
3.675
Поени од реакции
4.154
@Turk, многу работи се менуваат со текот на времето. Од пред 4-5 години се сменети многу работи, така да има нешто вистина во тоа што Chajki пишал...
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Завршив во Карев пред 4,5 години и сакаш да кажеш дека сум наркоман? Како си даваш за право да коментираш за други школи? Можеш да коментираш за своето , а не да даваш лажна слика за другите средни.
Карев јас кога учев беше многу строго ( со исклучоци на некои професори кои низ шала и смеа поминувавме ) , имав другар кој од Ѓорги се префрли во Карев со цел полесно да поминел ама се заеба јако , во Ѓорги бил 5,00 на крај , а во Карев со неколку 4ки завршуваше и математика 2ка . Потоа се каеше што се префрлил. Сега слушнав дека Горица е повторно директорка , она беше директорка и пред 10 години и доста добар рејтинг држеше за школото и се надевам ќе го одржи тоа. Доколку на некој му треба мислење /совет околу некој професор од Никола Карев слободно нека ми пише . А за тој погоре што мисли дека децата од Карев имале тешкотии на факултет , завршувам втор факултет моментално , благодарение на праксата за учење што ја добив во Карев долги непроспиени средношколски ноќи.
Се извинувам ако те навредив, ама зборам од мое лично искуство и за луѓето што се запишаа на Финки, Феит, Машински а стојам во многу добри односи со нив. Самите ми имаат кажувано за тие работи. Инаку, значително помал број ученици од Карев се со слични резултати, ко да речеме Орце и РЈК. ПС: Најдобрата моја другарка заврши таму исто ко и мн близок другар што го знам од 2 години. Преку нив се запознав со пола Карев.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Абе запиши се таму каде ти е најблиску. Јас по 2-3км идев пешки на дожд, снег, мраз, пекол,..

Секаде е опаднат критериумот за запишување и излегуваат секакви ученици. Порано се знаеше во гимназија, медицина и информатика запишуваа само со 5ки, а после почнаа и со 40 бода.

Кога ќе видам кој се заврши факултет, па и не е некој успех да завршиш два. :D
И без факултет има иднина нормално ако знаеш што сакаш, си снаодлив и комуницираш со секакви луѓе, знаеш јазици и уште сега има кој да те намести.
Тоа дека ако немаш факултет 50.000 се пред тебе хахахаха абе како да не знаете каде живеете и како се вработуваат.
Колку само убави места се зафатени со некој со средно, па после некако завршија факултет колку да се каже дека имаат диплома.
Искрено јас да сум работодавец повеќе ќе гледам што има друго во сиви него ли факултет, зошто знам какви се не луѓе завршиле факултет.
И јас исто. Се гледа кој го бива, а кој не. Колку само никакви има со диплома, а пишал на CV дека има завршено информатика, а искуство келнер и шанкер на базен. И тој да е пред некој со средно кој завршено курсеви, собрано некакво искуство и еден куп апликации направено...

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
25 декември 2018
Мислења
12
Поени од реакции
3
Ја заборавив темава...:pos: Инаку, се запишав во Борис. Се е супер, си има по некој ќец ама не е тоа важно. Дружбата е битна. Се паднав во супер клас, беше пред една недела родителската и...Океј, може да се каже, дека беше дома ситуацијата. Небитно, можам да кажам дека направив добар избор и дека нема да зажалам... Барем засега :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom