Нашата љубов е комедии живи.
Ти наводно ме сакаш.
Јас наводно не можам без тебе.
Само не знам дали сум во право кога мислам
дека во даден момент си поверувавме во лагите шо си ги кажувавме.
Ти ме гледаше со ранети очи,
а јас те љубев нежно.
И самата не можам да си верувам како е тоа можно.
да го сакам него и никој друг,
да го сакам него кога не смеам,
да го сакам кога ме лажи,
да го сакам кога мисли дека му верувам
само да го сакам
ех, интелигенцијата си ја доведов до знак прашање
а јас мразам кога истата е потценета
и сето не е битно
кога преминувам преку тоа
и покрај сите тешки глупости
кои ја креираат нашата приказна
лудо да го сакам...
поезијата е крива...
Ах, требаше помалку да ја читам Медеа

а повеќе да ги гледам вестите на а1
и нивната новинарка која не верува во љубов.