Ах, уживам во моментите кои ги поминуваме заедно..Подеднакво во оние кога сме искочени некаде, како и во оние кога сме сами дома, се оптегнуваме на перниците и гледаме некоја комедија
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Се навикнав на твоето присуство во мојот живот, не можам да си го замислам денот без да те видам или барем чујам по телефон.. Не, не е навика нашата љубов како што велат повеќето дека со текот на времето секоја станува, ова нашево е поинакво.
Кога ме праша, што би правела без тебе, забележа дека настана целосна тишина нели?.. Не дека, би ми било сеедно доколку си заминеш од мене и би го живеела животов како што го правам тоа сега, туку, се мислев, ептен се задлабочив и со мислите поминував низ сите оние работи кои сум ги правела со тебе во оваа измината година ипол.. Настани, разговори, постапки кои ме сменија незабележливо, кои на некој начин направија да созреам повеќе и да го сфатам значењето на сродна душа, од која не би можела да се одделам.
Како што рече Ања сабајле, има некои работи кои ќе ги правиш со љубениот а никогаш порано не ти текнале да ги направиш или споделиш, да собереш храброст и сила за нив, за потоа ако останеш сам, да ти биде чудно да продолжиш со тоа темпо, зошто едноставно знаеш дека некој фали да ги прави и споделува сите тие нешта со тебе, да те поддигне, поткрепи, поддржи.Фали да те гушне, да ти каже те сакам и да ти го направи денот поубав.
Навистина не би можела да си го замислам животот без тебе, и колку и да е ова што го пишувам лигаво, знам дека ќе го цениш, како што цениш многу работи кај мене и обратно, иако тоа сега и не го согледуваш целосно
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Благодарам за убавиот ден, за сите изминати денови заедно, ти благодарам и за караниците, инатот и рчките, кои ме натераа да научам некои лекции и воедно да се видам преку твојот поглед, преку начинот на кој ме гледаш ти.. Те сакам:wub: