Често се собираме со другариве да играме оксан. Стара игра која ја измислиле турците. Се игра нешто слично на хант, само место да држиш 14 карти во рака, овде имаш 14 плочки кои ги ставаш на еден подолг пластичен предмет. Броевите на плочките се до 13, има по две плочки за секој број,а има четири различни бои - црна, црвена, жолта и сина.
Џокерот се одредува на почетокот од играта така што ако првата плочка шо ќе се извлече биде жолта 12ка, џокерот за тој круг е жолта 13ка, ако првата извлечена плочка е црна 2ка, џокерот ко така ќе е црна 3ка. Итн итн итн...
Еднаш се случи еден другар да го фрли џокерот на другиот до него, незнаејќи дека е џокер. Јас гледав отстрана и се чудев зошто тој фрли џокер, ама не ми беше мене редот да го земам, туку редот му беше на другиот пред мене.
И тој не го зеде џокерот, туку го остаде. Изгледа не го виде, или заборави кој е џокерот за тој круг.
И ден денес се чудам кој испадна поглуп, дали тој што го фрли џокерот, или тој што не го зеде. Во последно време така и ја разбирам љубовта, полна со ентузијазам, а сепак не ги гледа картите со кои се победува.