Ех, доктор сум ти јас.. Се што е потребно е да ми станеш мета, да исплеташ насмевка која душата ми ја покрива и..
А не, не си првиот пациент, дресот ти е тројка.
Три изгубени партии за анализа. Дали сум поразен? Во мноштво од видео игрите да, ама не се работи за мене и мојот карактер...
Најбитната партија, во која критичната точка беше нејзиниот бивш, кој седеше во ходникот во институцијата, па така на паузата од 15 минути се појави твојата нужна потреба да три пати поминеш низ тој ходник до тоалет(и во трите наврати да слушнам која е причината) со три различни колешки? За да после пауза ти се запалат хормоните и да бидеш прилично некултурна во тој момент, па да признаеш дека никој те нема видено во такво светло? Нели беше повредена? Џабе се прашувам кога се закачи во слична мрежа, демек парадоксално.
Тој ќе кажеше: "..Разликата помеѓу животните и луѓето е разумот. Додека жабата пие од првата бара, луѓето(генерално) не пијат од бара, и ја извршуваат својата задача со доза на трпение и логика...."
Нормално дека текстов на некој начин е мистичен, па не е прикажана целата мисла, меѓутоа општата поука е:
Правиме дела со емоција. Ги сакаме луѓето што најмногу ни погодуваат, па макар и да сме единствените на кому му мислат добро, дали сме себични?