Еј љубов! Еј среќо! Еј животе! Уживам во мрзливите претпладниња покрај погледов што ми го нуди прозорецот од дневната, повеќе е панорама, ама убава, денес не е таква грозна, убава е. Пијуцкам кафе, или млеко со малку кафе, полека во мали голтки и упивам мирис на фрезии од малото пасиче покрај фотељата, секој ден ист на претходниот јајце на јајце, тотална спротивност од оние претпладниња од пред 6м. Доаѓа моментот кога ќе дојдеш и ќе ме бакнеш во чело, ќе ме кренеш од дремливиот момент и ќе ме однесеш на сосема нови места и сосема нови емоции. Се врати живоста на твоето лице, мразев да те гледам болен и нерасположен, тивок и во долг сон. Наскоро оваа наша огромна куќа ќе биде исполнета со џагор, 4 деца наеднаш ќе бараат свое место под твоите крила, а ти ќе им дадеш на сите закрила како и на неа. Ми недостига нашата пеперутка, да биде тука, да дојде со некој цртеж да ме праша дали е убаво, да ме праша која четка смее да ја земе, да ми ја донесе огромната чаша со чај кој сама го припремила и да ми се смести крај нозе со спремни прашања, да ѕирка дали од некаде доаѓаш да не наслушнеш што има да праша. Сонувам за една прекрасна пролет која наскоро ќе дојде, кога од 3 ќе станеме 6, кога ќе крадеме мигови за нас и ќе се сеќаваме на овие денови со насмевка. Ајде дојди, кафето го достигна дното, сакам да те сакам засекогаш!