Во нашата чудна релација,не можев да дефинирам кои беа вистински мои чувства, а кои твои, кои ти ги чувствуваше и ги испраќаше како енергија која некогаш беше љубов, некогаш страст, некогаш разочарување, а јас ги ловев и присвојував. По прекинот на секоја можна,наша комуникација, прекина и тоа,а кај мене беше, како никогаш и да не си постоел. Но, денес од никаде, повторно “фаќам“ некоја енергија во етерот,а насоката доаѓа од кај тебе. Најверојатно, набрзо ќе ме исконтактираш, но не, овој пат нема да доволам развој на настаните, мислам одлуката да нема машко во мојот живот, ми е најдобра за сега.