Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
Дојде денот, тргнавме кон салата. Јас цело време во мртва тишина. Не говорам а рацетр веќе ладно ми се потат. Стигнавме. Таа вечер надвор имаше силен ветер но јас веќе не осеќам ништо. Влеговме. После рутинското поздравување со домакините и сликање со младоженците влеговме внатре. После влегувањето на младите добив потврда дека си тука. О Господи, што ли се случува со мене? По кратко време ја забележав на орото но не бев сигурен дали е она. Кога отиде малку понатаму јас го видов светлото на крајот од мојот тунел! Години поминаа од последниот пат кога те видов и ти сеуште си за мене една и единствена. Срцево мое уште те чува во одаите негови. На секое легнување навечер, јас одам баш во тие одаи да бидам со тебе. Не сум сигурен дали воопшто ме погледна и што ли си имаш помислено но мене срцето низ грло ќе ми излезеше кога дојде точно пред мене, на буквално еден чекор. Па кога те видов љубена моја како ја држиш керќичката на брат ти, за момент си замислив како го држиш нашето дете в раце. Проклет да сум и јас и срцево што сеуште те љуби!



Таму каде што си ти, знам дека сте ппд карантин и дека има доста заболени. Се молам да не си број од статистиките што ги слушаме секој ден. Тоа се молам. Се друго верувам дека ќе помине и ќе видеме подобри денови. Остани ми со здравје љубена и чувај се те молам...
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Музичково ремек-дело кое е крајно сензуално и вонвременско, проткаено со прекрасна музика, текст и видеоилустрација, го запознав првпат преку еден од најистакнатите и најактивни членови со најрафиниран музички вкус во прекрасната тема „Денов звучи како...“. Драг и никогаш непреболен „М.“, оваа ти ја посветувам тебе, бидејќи не сум жена од зборови.

 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.086
Поени од реакции
1.542
Mnogu mi e teshko od svoja koza nemoze da se iskoci ama toa e sto e zivotot ide napred i pravo samo.
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
ljubovta e bes pari ,da ama vo toj ljuboven film koj negogas igrase realnosta denes igra materijalnosta
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Сакам да кажам, иако знам звучи клише, ама љубовта е во малите нешта. Не се потребни многу зборови, доволно е еден допир, еден поглед, чувството на чувство на љубов и топлина и една силна прегратка навечер. Ретки се, ама кога ќе се најдат треба да се чуваат.

Те сакам @Crazy.M.Girl за секој заеднички момент сега и во иднина :love:
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.097
Овде пишав прв пат за тебе, ова нека и биде збогум, не довидување.

Не сакам да пишам лош збор за тебе, иако ми правеше лоши работи. Секако и јас не бев цвеќка, ама не правев некои работи како ти.

П. С. Секогаш кога ке помислиш лошо за мене или кога ке фрлиш клетва, сети се како ми беше мене кога ти кажав дека не смеам да се нервирам, а ти тоа ми правеше. Последен поздрав. :)
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.082
Единствена беше да... искрено зараснаа раните што ми ги солеше.

Никој, а ни ти не можеш да сфатиш колку ми значиш изминативе 7-8 години.

Дечишта бевме али детска љубов боли ко сол на рана.
 
Член од
3 април 2020
Мислења
905
Поени од реакции
508
Во нашата чудна релација,не можев да дефинирам кои беа вистински мои чувства, а кои твои, кои ти ги чувствуваше и ги испраќаше како енергија која некогаш беше љубов, некогаш страст, некогаш разочарување, а јас ги ловев и присвојував. По прекинот на секоја можна,наша комуникација, прекина и тоа,а кај мене беше, како никогаш и да не си постоел. Но, денес од никаде, повторно “фаќам“ некоја енергија во етерот,а насоката доаѓа од кај тебе. Најверојатно, набрзо ќе ме исконтактираш, но не, овој пат нема да доволам развој на настаните, мислам одлуката да нема машко во мојот живот, ми е најдобра за сега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom