Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
31 август 2017
Мислења
13
Поени од реакции
47
Сакам да те гледам додека спиеш...да гледам како ти се менува изразот на лицето од грч во блага насмевка, да ти ги бројам брчките и белите влакна. Секоја мака ја носиш на лицето. Сакам со поглед да ти ги измазнам 'лузните' и на лицето и во душата, но не успевам, само ти ги отворам раните.

Знам дека сакаш, ама сакаш на чуден начин, или пак само јас не успеав да допрам до она зад кафезот од коски.
И ова што го чувствувам сега не знам веќе дали е љубов или само залудно потрошени емоции. Се истрошивме во битките за докажување кој сака повеќе.

Секогаш кога ја затворам вратата велам дека е последен пат, но секогаш останува нешто недоречено, нешто што ме тера да се вратам за пак да ме скршиш до болка. Мазохистички е, м?

Не сакам да сонувам веќе но стравот од суровата вистина е реален.
Се чувствуваш лагодно кога сум тука само зошто знаеш дека сум ти простила и дека има повторно некој кој се труди да ти ги собере деловите на кои некој пред мене те распарчил. Биди подобар од него. Можеш. Ама мораш да се потрудиш. Мораш, зошто еден ден ќе немам сила да се борам против него.
Еден ден ќе ме немаш.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Би сакала да ги слушаше колдплеј и да ја знаеше песнава и да ми ја прошептеше дури ме гушкаше на железничката и знаеше дека нема никогаш пак да се вратиш.
Fuck you!
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Времето брзо поминува. Како вчера да беше, кога се разделивме. Ти бев прв дечко, и ти раскинав за да те заштитам од мојата немаштија и здравствени проблеми.

Сега си среќна, барем така слушам, со него, со мојот прв братучед. А за него збореше дека ти е антипатичен, и дека воопшто не ти се допаѓа. Нема врска, битно е да си среќна. За две недели од сега, е твојата свадба. Добив покана, но не знам дали ќе дојдам. Немам доблест да те гледам цела вечер, а најмалку да се сликам покрај тебе со него.

Чуден е понекогаш животот. Сакаше веднаш да се земеме, што јас не можев да ти го овозможам. А сега, сега си ја најде среќата, бар така зборат.

Не, не можам да заборавам на сите наши убави моменти, на сите денови поминати со тебе. И тешко ми е да прифатам дека ќе бидеш со него. Психички сум многу јака личност, но не знам дали тоа ќе можам да го издржам. А знам дека ќе ме натераат да отидам. И да дојдам, се надевам дека нема да ти ја расипам вечерта. Ќе бидам тивок, мирен и нема да се мрдам од столче.

Некогаш го прашувам Господ зошто баш со сите работи морам да се соочам лице в лице.

Те сакам, да знаеш. Иако го молам Господ тој повеќе да те сака, бидејќи заслужуваш.
Драга,

Се сеќавам на еден стар човек уште како мал ми го имаше кажано ова : Дете, ти имаш некоја курата среќа. Знаев дека е некоја српска мудра мисла, ама сега ја сватив суштината. И да, стварно имам.

И ова е последен пат да пишувам за нејзе. Се случи и тоа. Бев , отидов и прво нешто што ми се случи е како некој со нож во срце да ме прободел кога ја видов така убава. Беше прекрасна, но туѓа. Беше среќна, но не со мене. Ме обли невидена комбинација на емоции.

Застанав да чекам да се сликам со нив, со погледот кон земја. Како што полека доаѓав на ред, така морав да кренам глава и ме здогледа. Тој поглед никогаш, ама никогаш нема да го заборавам. Нејзините убави очи беа полни со љубовна омраза. А тагата беше само дел од мене.

Во тој момент се покајав зошто дојдов, но дојде мојот ред да ги поздравам. И честитав и требаше да се сликам покрај нејзе. Си реков, не може Господ повеќе да ме тестира и да ме стави на искушение. А јас, не можев да се сликам до неа, отидов од другата страна, при што побарав фотографот да убрза. Едвај дочекав да отидам до нашата маса и да седнам. Ии погоди што ? Бев на маса која што беше најблиску до нив и гледаше директно кон нејзе. Многу мисли во тие 4 саати ми поминаа, да мислев дека цела вечност трае свадбата.

Неколку пати ни се сретнаа погледите, и повторно тој поглед како да ми ја гризеше душата. Да скратам, моето патење заврши со поздрав и вртење на главата, откривајќи дека никогаш не ми простила.

Некои луѓе никогаш им било судено да бидат заедно, иако биле создадени еден за друг.

Се надевам дека Господ има добра причина за оваа моја тажна приказна. Ова искушение на кое бев ставен, е најтешкото нешто кое сум го доживеал.

Затоа луѓе, ризикувајте, дајте се од себе доколку некого сакате, пробајте, бидејќи имате само еден живот, за да не ви се случи истото.

А јас, бидејќи времето лечи се, се надевам дека ќе се опоравам.
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Малку.

Ме растажува да признаам дека живееме во малку.
Малку сме ги држеле усниве една до друга. Малку сме го дишеле воздухот заеднички.
Малку денови сме се буделе еден покрај друг. Малку недели поминаа од кога беше странец.
Малку месеци се во прашање од кога тропна тивко, ненаметливо, добронамерно.

А живееме во тоа малку и тоа малку ми лази по кожава.
Ми всадува мисли кои мојата потсвест ги навадува. Ги става на сонце, да процветаат. А не треба.
Ми пркоси во постоењето, тоа малку.
Ме спречува да те допирам, тоа малку. Ми забранува да те мирисам, секоја вечер, тоа малку.

Тоа малку, малку по малку, станува малку тешко.
Малку тешко да заспиеш навечер без да ти диши во врат некој. Без да имаш кон кого да се свртиш во текот на ноќта, кога соновите ќе станат прегласни.
Малку тешко да се разбудиш сабајле, сам во два на два кревет. Кога чаршафите зборуваат за неа, за него. Ја раскажуваат одново приказната, не им здосадува. Малку е тешко да се разбудиш сабајле и да ти недостига да ги исплеткаш прстите со некого.

Малку е тешко кога сте двајца против далечината. Таа кучка понекогаш знае да победи.
Почесто од посакуваното, да не признаам.
Малку е тешко да го живееш животов сам, а среќно заљубен.
Малку е тешко да чекориш низ часовите од денот сам, а срцето ти се смее.
Малку е тешко да нема кој да те пречека дома, а за мислите имаш секогаш дом.
Малку е тешко да молчиш во темница сам, кога секој копнее за заедничко зеење во празно.

Малку е времето кога ни се испреплетуваат стапалата.
Малку се и зборовите кога искажуваме што создаваме.
Малку се и делата, кога е повеќе од љубов.

Малку е премалку за нас. Не му ја давај моќта на малку.
Малку по малку може да стане многу.
А многу, може само од среќата. Ништо друго.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Стара цепаница сум јас
што догорува,пепел се прави,
силата во пламен ми врви,
душата ја печат спомени,
но ТИ дојди сопри го огнот,
само кажи ми
пушти насмев
пушти збор.
Па нека се распадне светов.
Нека паѓаат метеори.
Како силен есенски дожд.,
само дојди
пушти збор
кажи ми.
Те сакам.
 
P

proud

Гостин
Од најсакана личност, ми стана не најомразена, туку најодвратна. Будала, те сожалував неколку недели и ти поверував дека си била повредена и дека имаш чувства, и со тоа сожалување за последен пат си ја проголтав гордоста. Теле бе теле. Им даваш љубов и на крај испаѓаш погрешна личност. Барем да дадеше љубов и енергија, да се потрудеше и да вложеше малку во врската, ќе имаше образ да кажеш такво нешто. Ама ти? Егоист желен за внимание? Што буквално не мрдаше со прст за ништо и што знаеше да кажеш, ќе те шутнам тебе ќе те боли, мене ќе ми е онака. Кога ќе ми текне, колку многу ме малтретираше психички и емоционално, не знаеш каков гнев и омраза имам кон тебе. Го потиснував тоа во изминативе месеци, ама не можев повеќе. Таков човек сум, што во животов имам кикнато само 2-3 личности, ептен треба да ми стапнеш на нерва, а ти си намбер уан. Ти успеа. Среќа што беше вистински дифтар и немам скоро никаков спомен од тебе, пошто никогаш не се ни потруди нешто да ми дадеш. Ова е последното и најискрено од мене, пошто толку лошо искуство ми си, што се правам дека и никад не си била присутна во мојов живот. Знаеш дека можам да уништам човек со 3 реченици, затоа НИКАД више немој да ме провоцираш. Не знам дали ќе имаш шанса, пошто блокирана си од секаде. Тешко следното теле што ќе го имаш, ќе зажали после некој месец, коа ќе му ги покажеш роговите што суптилно ги криеш на почеток. Ама ако, за секое тенџере има капаче. Ќе ти го намести некој тој зелен мозок што го поседуваш, пошто инаку ќе завршиш или со некој стар спонзор, или ќе останеш стара мома. Можеби тоа и ти беше целта. Нормален човек, во врска со тебе, каква што си во моментов, никад не би бил! Не ти посакувам буквално ама ништо. Продолжи да слушаш Цеца, билдај си ги цицките пошто ќе ти требаат и едноставно испари. Адиос засекогаш, не вредиш повеќе ниту буква за тебе да се напише.
 
N

Nathan

Гостин
Беше отелотворение на мојата проекција за идеален партнер, те глорифицирав и ти припишував атрибути кои сакав да ги поседуваш и безуспешно те барав во секој нареден. Изградив нереално високи стандарди на кои никој не можеше да им парира, па дури ни ти, затоа што на крајот од денот беа само тоа - проекција на она што сакав да бидеш. Растеретена од горчината на "no closure" - моментот која ја носев подолго време, ти посакувам убав живот каде и да си.
 
P

proud

Гостин
Нов почеток

Очите крупни, како бадеми,
ме гледаат и ми се смешкаат.
Зјапам во тебе и знаеш што мислам,
додека ти ги милувам праменчињата.
Чувствувам топлина, ме исполнуваш,
ми понуди утеха, а ми даде љубов и искреност,
ми ја врати надежта и ми го исполни срцето.

Ги отворив портите повторно, оние рајските,
ми ги симна сите ѕвезди од небото, иако не заслужувам.
Ме љубиш вистински, како на филмско платно,
ми ги скокоткаш сите сетила, иако понекогаш сме далеку.
Ме милуваш со прстињата, како да нема утре,
се доверуваш и повторно се заљубувам.
Ветувам ќе се потрудам, ќе ти ги наберам сите земни цветови,
и додека спијам, повторно ќе се најдам во твоја прегратка.

тс
 
N

Nathan

Гостин
Од што толку бев навикната на искуства со чурук и перфидни ликови последнава година, за малку ќе те (про)пуштев. Вистинско освежување си, искрена и неизвалкана душа, од оние за коишто само сум слушала дека се’ уште постојат. Ако првиот впечаток не ме мами ќе се обидам да го заслужам твоето пријателство, а другите нешта ќе оставам спонтано да се развиваат...
 

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Да си најдиш жена до себе
Со која сонцето секое утро ќе ти свети
И на лето и на зима
Жена која со насмев ќе те буди
И која сама за себе причина за среќа ќе ти биди
Која од куќата ќе знај дом да ти стори
И домот топол ќе го држи
Со блискоста своја кон тебе
Која ќе те чува ко дете и маж
Љубовник и пријател
Која сенката ќе ти ја сака
И во твојата својата ќе ја стопи
Да си најдиш жена до себе
Која здивот ќе ти го љуби оти живот ќе и’ дава
А ќе се храни со бакнежот твој
Која од очите ќе ти чита и усните неми ко ќе ти се
И која од душата ќе извези постела за двајца
Жена која не ќе се трга од тебе ко ќе ја гушниш
И која болењето на глата со водење љубов ќе го лечи
Која после љубовна ноќ не ќе трча да те измие од себе
Туку до тебе ќе лежи замачкана од сокови
Од твоето семе и пот
И која на градите ќе ти заспие слушајќи те како дишиш
Да си најдиш пиле жена која и кога се расправа со тебе
Во гласот љубовта ќе и’ ја сетиш
И која и кога ќе вика на крај ќе те праша дал си гладен
Чија суета ќе биди помала од вашата љубов
А љубовта секогаш поголема од сите раздори
Жена до себе да имаш која ќе преди ко мачка
И милост во очите за тебе ќе има
И која ќе знај кога да ти преќути
А кога до последно да вреска
Која ќе те почитува и ко ќе и’ иди
Очите од бес да ти ги ископа
И нема да е покорна
Не
И нема кротка да е оти така треба
Туку оти таа така сака
Оти тебе ми те сака поќе од инаетот
Да си најдиш жена до себе пиле
Со која муабет ќе имаш
И чие тело по твоето ќе се обликува
Која ќе се обвиткува околу тебе ко бршлен
А пак своја ќе е
Која за тебе светот наопаку ќе го сврти
Ама ќе знај и да ти кажи “истај се сега оти ќе пишувам”
Жена да си најдиш која ум во глата ќе има
И свое мислење за се’
Ама која ќе знај како да ти ги кажи нештата
Која ќе те остај маж да бидиш
Ама тоа да не ја направи помалку жена
Помалку силна или мудра
Која ќе ти попушти оти и’ се сака
И која борба со тебе ќе води
Оти така и’ се можи
Пиле мое
Да си најдиш жена која гордо до тебе ќе чекори
Еден до друг
И чекорот ист ќе ви биди
Ниту пред тебе да трча
Ниту пак зад тебе да се влечка
Жена која со крената глава за рака ќе ја држиш
И која жедно со очи ќе ја пиеш
Која втора полојна ќе ти биди
А без неа никогаш цел не ќе си
Совршена жена
Таква да си најдиш
И не да е најубата
Ниту најпаметната да биди
Туку совршена за тебе
Која ќе знај како да те љуби
Оти љубовта таква гола за ништо не ја бива
Која ќе знај на каков начин да те сака
Жена таква да си имаш до себе пиле
Како онаа онде-оној што го љуби
Како месечината-сонцето
И дождот-ветрот
Како јас-тебе
Како јас...тебе пиле
 

Clementine

Dreamer
Член од
19 август 2018
Мислења
36
Поени од реакции
50
Љубовта ја измислиле партизаните знаеме сите зошто додека партизанките кружеле наоколу и глумеле ладни кучки а одвнатере гореле да бидат пипнати-штипнати со тоа машко рачиште,опиени од таа машка миризба од под мишка. Епа сега да љуботе ви се иска или стиска?:)
Инаку јас сум ветеранка мене ми е сВе раВно досега:eek:
 
N

Nathan

Гостин
М, поминаа цирка 11 години откако лежерно се дотетерави во мојот живот, спонтано ми разврза муабет и ме сј*ба за сите други. Мислам дека е конечно време да поднамалиш со појавувањето во моите соништа и флешбекови, а јас да поднамалам да трујам со инфантилности по форуми.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Изгледа ќе почнам да гризам нокти, на 28 годишна возраст.Или да бутам разни предмети во уста...Навики што многупати ми биле чудни и неразбирливи...Навики што досега ми се чинело невозможно да ги правам јас и ми изгледале толку гадни...Заради тебе, одвратен еден!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom