Here we go again...
Знаеш,ти кажав дека те меркам од поодамна...Го знаеш мојот став за денешниве цури-уфилмани фуфици,шо слушаат "рап" и турбо-фолк. Токму така почна и се,бидејќи реткост се девојчињата денес шо слушаат Fugees,Salt-N-Pepa,Biggie,не се секој викенд начукани на штикли 20-ка и сукњи шо повеќе откриваат отколу шо покриваа, а притоа не се креваат во облаци и не се прават многу попаметни од другите(иако според моето мислење се) Кога го остваривме првиот контакт пред 2 недели,ни од далеку неможев да претпоставам дека за толку кратко време ќе се приврзам за некој,особено не по сите глупости шо ми се имаат случувано порано и сите бариери што ги имам поставувано...Знам што ти беше у мисла преѓеска,истото го мислев и јас ама мислам дека е прерано да се кажат некој работи. Ако до пред неколку денови најтешка работа ми беше станувањето у 7:30 за факс,сега дефинитивно ми е тоа да ти кажам чао кога треба да си одиме(можам да замислам само како ќе биде кога ќе си одам у СК и нема да си дојдам 2 недели). Сега засега ни оди супер,ми кажа и преѓеска-прекрасно се чувствуваш,епа и покрај тоа шо глумам најискулиран тип на светот,да знаеш дека вријам од среќа во себе кога сум со тебе и мене ми е дупло подобро кога сум крај тебе...Сакам да ни се множат деновиве ко денес,кога бевме веројатно најубавиот(и единствениот) пар во парк,и покрај тоа што премрзнав како п(т)ичка си поминав прекрасно. За крај,морам...10 години си ја барала песната,а преѓеска у кола ја пуштив случајно од мобилен и се испозапали како мајмунче на банана...Нема никогаш да ти ја заборавам реакцијата,беше апсолутна прекрасна во тој момент(не дека не си инаку,ама тоа беше навистина special)