Me уништуваш.....секој ден ми откинуваш по едно парче од душава со твоите зборови,
веќе не остана скоро ништо од неа,а ти не се засити нели?
И колку повеќе несебично ти давам толку повеќе ти себично ми земаш.
Зошто,до кога?
Кога ќе научиш да љубиш кажи ми?
Јас знам дека нашево е се освен нормална врска но мислам дека доволно имав трпение со тебе...ако продолжам уште малку вака знај ќе полудам.
Со секое твое повлекување ме рануваш,колку пати до сега знаеш ли воопшто...барем пресечи еднаш-засекогаш и до крај забоди го сечилото полесно ќе биде.
Но и покрај се, проклето ми фалиш ноќва...дури и тишината ја слушам како ми шепоти со твојот глас..