Ја сакам, ми значи, моја е, ги имам пеперутките со кои секој маж омекнува кога-тогаш. Втор пат во животот се чувствувам вака.
Првиот пат одамна заврши, рековме чао, пораснавме, ја надраснавме првата „детска љубов“. И ден-денес имаме едно „Здраво, како си“, возрасно, зрело. Се вртам назад - и таа се врти. Одам дома, се потсеќам на песните кои ги слушавме заедно. А оваа мојава ја сакам, буди нешто во мене што досега не сум го имал. Толку голем и добар лажго сум или само дозволувам понекогаш „детето“ во мене да надвладее? Или уште сакам да надвладее? И дали и таа е одлична глумица или коа ќе ја видам на површина излегува моето прво девојче кое го сакав? Или уште го сакам...