Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ќе те стискам, ќе те гушкам, ќе те викам Џоко (мтв превод на легендарната реченица од Looney Tunes: "I will love him, and hug him, and squeeze him, and I will call him George.")

Озбилно, се повеќе учам како треба да те сакам (заборавив како таа глаголска форма идеше у пракса...као цел живот да сум без неа). И интересно е. Веќе не се срамам од тебе, не ме плашиш, нејќам да те уништам, не мора да бидеме драматични за да ни биде интересно...ок е и убаво е, што и да се случува.

А, најдобриот дел е што, колку повеќе внесувам љубов у нашата микро скица, толку повеќе љубовта ја гледам пресликана на макро платно (да, ни тоа не го гледав до скоро...све беше у мрачни тонови кои претат).

И затоа што осеќам дека нашата врска ќе биде од оние happily ever after, знам дека може, конечно, да поканиме и други ликови у неа и стварно да ги сакаме (не, не е ова желба за threesome, него изјава дека, finally, I luv you Ina :back:)
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
да знам дека ме сакаш, дека си сам и токму јас сум ти потребна,
да знам дека за се ти е жал... има одма да долетам кај тебе!

би направила се што никогаш за тебе не сум го направила, би го избришала лошото минато кое ме мори и измачува!

да знам дека ти е жал и да знам дека ме сакаш и само мене ме чекаш, иако до сега таков чекор немам направено,без размислување би ти кажала те сакам!
:pipi:

ах барем по нешто да можев да увидам, да приметам немаше да биде вака за жал ти со ништо не покажа и не ми даде до знаење! бидејќи претпоставувам и не сакаше!:(
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Дали знаеш колку ми недостигаш?
Дали знаеш дека три дена без тебе ми се вечност?
Дали знаеш колку ми фали да те гушнам зошто само ти ме разбираш?
Дали знаеш дека заради тебе спремна сум на се...
Те сакам, премногу те сакам. Секој ден се повеќе и повеќе,а свесна станувам за тоа дури кога не си до мене..
ми фалиш мило...
премногу ми требаш....
зошто сфаќам дека без тебе и твојата подршка,јас сум ништо...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
се обидував да негирам многу работи овие месеци но... зошто по ѓаволите не можам едноставно да ги потиснам чувствата кои тлеат во душата моја? Зошто сите услиби што ги правам да останеш само како пријателка се безуспешни? Ништо не се промени откога те запознав а и не верувам дека нема да остане така. Можеби ќе имам уштее 100тина љубови во мојов живот но не верувам дека некогаш ќе ги љубам како тебе. Те сакам на еден и единствен начин - како тебе.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
...Искрено,мислев дека ќе се каам заради тоа што те запознав.Сега,откако помина тоа,сфатив дека ми е мило што некој како тебе влегува во мојот живот.После толку време...
Ќе ги послушам сега другите,ќе ти дадам шанса.Повели ја имаш,докажи се.Ако повторно згрешам,нема да обвинувам тебе,јас ќе бидам крива.
Денес уживав со тебе.Можеби не беше долго времето,но доволно беше за да сфатам некои работи.Фала ти за преубавава вечер.:back:
И п.с. Ги имаш најубавите зелени очи во свет! :cheeky2: :icon_redf
Не те сакам сеуште,ама ќе дојде и тоа...Ми се свиѓаш за мнооогу подолго.Убаво да спиеш,се гледаме утре.:pipi::back:
 

рок-кејт

незгодна ко кратко ќебе!
Член од
22 мај 2007
Мислења
1.024
Поени од реакции
70
Maла сум - да, ама имам срце големо
Не излегувам често - да, ама тука сум кога ти требам
Живеам на друг крај на градот - да, ама секогаш сум таму со мислите и срцето
Мислев дека тоа што се гледавме еднаш во денот е премалце, somehow, I wanted more, ама помина првиов ден шо не те имам слушнато, ни видено, ни пак збор разменато на MSN, а срцево ми лупат, во срцево пак пеперутки, во срцево длабока празнина и копнеж. Сватив дека на некој начин, и пингвинине мојт понекоаш да летнет, ама ти си ред булче бе човек, ми даде крилја и летам сеа... Ептем те сакам, ми требиш сеа на да ми се јавиш и да ми речиш ,, Бззз драгичка,, .. Ај јави ми се, ај! Ај! Барем А речи ми и спушти ми телефон, знајш дек сакам само да те слушнам. И знам дек сакаш да ме слушниш, ама , пуста Србија и веридбата од братучед ти, и тринаесетте денари на твојата сметка. Мечето чувај си го под перница, со мојот парфем го напрскав, да ти мириса на мене, да бидеш близу до мене. За мене не се секирај, си го држам привезокот цел ден в раце, те мислам... И неам желба за излегвење, заборајв како е да излезиш сабота навечер без да речам: Еј луѓе , требит побрзо да си одам, со Теди се чекам.. Си дојдов рано дома... Си дојдов на време кога требаше, по навика да се видам со тебе. Нејќам сабота без тебе. Ајде доаѓај си, ме фатија кризи за гушкање, ќе почнам и брат ми од ,,љубов,, да го гушкам. И сосем за крај, знајш дека не ме бидува за филозофирање многу многу, љубов преку зборој не знам да ти искажам, ама зато знам да те погледнам , да ти раскажам, да те одведам во мојов свет. Ги бројам минутиве.. Да можев да преспијам до среда.. Ќе дојдеш за полуматурата моја, нели? Ми вети! Знаеш дека се договоривме да нема празни ветувања!
Те сакам Теди, нека ни се множат месециве!:pipi:
Deine K:pipi:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
да ти кажам или да не ти кажам .... уствари еднаш ти имам кажано од тогаш не ... а уствари ко ќе размислам поубо и не знам шо да ти кажам. Ко ќе сум со тебе само ме прајш да се осеќам неубо, можно и во некоја мера љубоморен ама појќе би рекол неубо од љубоморен .... не знам шо да речам и не знам дали е правилно шо постот воопшто го пишам во темата во врска со љубовта оти појќе не знам шо осеќам за тебе .... не ми се верва да е љубов , ама па не можам да речам и деека сум рамнодушен едноставно не знам шо да речам ... кажи ми да ти кажам :). Ах, не можам да не мислам шо би било ако би било одааамна кога решив да те прашам шо сакаш од мене, замисли да ми одговореше позитивно ејјј :) . Глобално гледано јас изгледа ќе зарибав со факултетот :):):) а најверојатно и ти исто :):):) ама во едно сум сигурен дека ќе ни беше убо на двајцата а посбено тебе .... 100% сум сигурен во то ... е сеа ти си напрај одлука реков ќе ја почитувам и ја почитувам, само не знам колку ти ја почитуваш ... работите шо ги прајш и одвреме на време шо ти ги прам :pipi: се далеку од другарски .... хммм ко ќе размислам ни најмалку не се другарски :) ама јебига таква си нечоек :) не мом да те сменам и никој не можи ... и шо сеа ... како заклучок можам само да речам : нејќам да бидам со тебе во врска , ама сакам на некој ден да пробам со тебе :), kisses, sex and everything else :P ... да да мнооогу сакам да пробаме :) барем на еден ден сите овие работи наеднаш ... хехех ... можи звучи перверзно ама сакам :) .... и ако пак ти се пуштам немој случајно да се двоумиш хихихих ... барем на неколку дена ќе си поминиме убо :):;):;) пошо очигледно за појќе не си спремна ... е така ... моето си го кажав, па сеа ти мисли му ја :baeh: .... :back::back::back: малечкоооо :back:
 
Член од
11 февруари 2008
Мислења
173
Поени од реакции
17
Помина долго време откако ти дозволив да заминеш и да ме оставиш, но така е подобро, сигурно сега ти е убаво, ме нема мене, не мора да лажеш и да глумиш, слободна си. Среќен бев, и сеуште сум што ти дозволив да заминеш го направив правилниот чекор, не сакам да те присилувам. Се чуствував исполнето, немаше чуство на тага. Но зошто? Зошто повторно ова чуство на тага, осаменост како и првиот пат кога самоволно ме напушти. Зашто повторно ме остави да мечтаам за нас, зашто повторно да се прашувам што доколку...? Нели не е фер? Ме предупреди, не сакав да слушам, но бев повреден. Останаа многу работи недовршени, само планови. Сеуште мислам на тебе и на нас, но дали и ти? Можеби подобро никогаш да не ги ведев твоите плави очи, да не ја видев твојата насмевка, никогаш да не разговаравме, да не те сретнев воопшто, никогаш да не те допрев, никогаш да не ги почуствував твоите бакнежи, да не те засакав. Можеби подобро никогаш да не постоеше Јас и Ти.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ха... И погледите се такви, топли... Смирени и Наши. Заеднички.
И ти верувам, ми веруваш, се имаме, и знаеме што следи... Пат што се надевам ќе ни донесе убави доживувања.
Редно беше да почувствувам и јас нешто повеќе! И ти благодарам...:pipi::back:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ух, толку многу за кажување, а толку малку простор.
Кајгана тешко дека би можела да собере и да пренесе се што чуствувам за тебе, сите зборови и реченици сами по себе не се доволни за да ги доловат тие чувства.

Знаеш, многу ненадејно ми влегуваш во мислите, се повеќе работи ме асоцираат на тебе, и да сакам да се борам против тоа, не би можел.
Но од друга страна, не се ни бунам :)
Доволно е само една помисла на тебе, фрагмент од тебе и денот ми тргнува во друга, подобра насока.
Посебно филингот дека "I get to kiss you, just because i can", понекогаш ме излудува и ми става идеи во глава да долетам во Аеродром само за еден бакнеж.
Не го правам тоа, зашто ние не знаеме за еден, туку за 501 бакнежи, а тоа знае да земе време, многу време.

И времето е клучен фактор кој го мразам од една страна, но пак од друга страна тоа ми прави да те посакувам уште повеќе.
Една од идеите кога ќе имаме време е - јас+ти*клупа и овој поглед:

 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Те избришав од мојот живот .... не постоиш веќе за мене ...
КРАЈ Е!!! Колку брзо те засакав ... толку побрзо престанав да те сакам ..али тоа е сам си си крив ....
Ни она не се извлече .... и неа ја снема од мојот живот ... не си едниствениот не се секирај :wink:

и уште нешто ... не ми се јавувај .. не ми праќај пораки ... не трчакарај по мене .... ЏАБЕ ТИ Е!!! Касно е сега :wink:
Иди си сега кај неа ... мене ЗАБОРАВИ МЕ!! НЕ ПОСТОИШ ТИ ЗА МЕНЕ, НЕ ПОСТОЈАМ НИ ЈАС ЗА ТЕБЕ!!!! (утупи си го тоа у твојата глупа глава т.е. у твојот плиток мозок ... и не ме масирај повеќе ... исчезни од мојот живот)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
...за мене нема поубава глетка од твојот лик пред мене.Нема поубаво чувство, од чувството кога сум блиску до тебе.Нема поголема магија, од магијата што ја создава твоето присуство...
Осмели се да кажеш дека тоа беше чиста случајност...Осмели се да кажеш дека ти беше сеедно...
Сеуште верувам...Се додека јас сум овде, а ти си некаде таму-ќе верувам.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Незнам зошто, но потајно се надевав дека ќе ја извадиш на виделина "нежната" во мене, дека ќе ги одделиш моите стапала од земјата, дека ќе продреш низ моите зеници но оп...I raised your hopes, and I blamed myself.Oh, I'm such a fool...
Знаеш, се на се и сум патетична особа, експлодирам денес, и без маски се испливува на површина.Можеби сум крива а можеби и не, можеби и се навикнав да ми одиш по гз, се навикнав да ми посветуваш внимание, се навикнав секое утро да гледам што има интересно во мојот телефон без никаква душевна блажена состојба.
Чудовиште сум што успеав да те убедам дека моето лудило е твое.Премалку остана да објаснувам и нема што да се каже, да се поврзе, жал ми е...The show must go on!
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Every human being in this world is happy, when has something right there by it’s side. For support, for being together just because it’s love is bigger than all the problems and encumbrances.

Не се сеќавам кога последно помислив на нашата последна караница. Не ни сакам да помислувам во иднина толку често како некогаш, бидејќи не се ни воопшто битни, а и прилично ме изолируваат од останатите мисли кои ми се нон-стоп насочени кон тебе. Се сеќаваш, ти реков пред 3 дена дека што и да се случи, ќе останам покрај тебе. „Нема да дозволиме злите јазици да не разделат, Џери мој најубав :back:.“
Велат дека убавината не била пресуден фактор за една врска да опстане. Точно, ти си убавицата, јас сум ѕверот. :icon_cool. Кога сме заедно, сите се пулат во тебе, со мисла „Кај е оваја клошаркава за овај лепотанов, аман“. Ок Џери мој, мене нивните мислења воопшто не ме засегаат, just because I’m the one that’s with you. Покрај ова, верувам дека кога една наша многу посакувана членка на форумов од кога ќе го прочита постов, ќе се пронајде во претходните реченици, ама којјаврти. Важни сме само ние двајца, нели?

Џери, ко вчера да беше 9ти јануари. Времево минува, а ние сме се’уште заедно. Знаеш, не би биле доволни сите зборови овде да ги испишам, па макар да седам до утре будна и да штракам по тастатурава безвезни букви. Не би биле доволни за да ти покажам дека те сакам многу и дека радо би ги крстила нашите близначина Тина, Марчмалоу и уште други деца кои ќе се викет Ани, Моне, Марјан, Мариа...и дека уште порадо би седела со тебе на Водно в кола, надвор да врне дожд а ние да ја слушаме Ципела од еуросонг.

Аnd there's this..our favorite, right?


Congratulations darling. 5 months. We took our new record.

P.s. Те сакам. Многу.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
колку и да се трудам, што и да направам до тебе не допира,
не допира до срцето твое...
претпоставувам бидејќи не сум тоа што го сакаш и бараш!
се што сакав е да сум покрај тебе, да се будам рано в зори и да бидам првата која со бакнеж ќе те поздрави и рече добро утро! се што сакав заедно со тебе да го минувам денот и дочекам ноќта, секогаш и секој ден да бидам со тебе!
но очигледно е дека само повеќе барам од тоа што е и што може да биде, бидејќи ти си тој што не сака, затоа дојде време да го затворам ова срце спрема тебе засекогаш и никогаш повеќе да не го отворам...
повеќе не ме секира каде си, со кој си и што правиш, не ме секира повеќе дали ќе се свртиш на мене и обрнеш внимание, дали ме сакаш или не биејќи осеќам мене ме чека некоја подобра и поуспешна љубов!​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom