Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

M

MIL

Гостин
Dodeka nekoj edvaj cekaat da si kazat simpatija si mi a I se macat so bifshi I neprebol jas bez alkohol najtrezno edvaj te cekam da si dojdes da uzivameeeee :**** ke te docekam vrede sakam da pomineme prekrasna nok eden do drug cackalici na oci staiv I te cekam da me raZbudis I da se liznes do mene u krevet.hohohohohoh mwah najdraga moja
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Некогаш доаѓа како роденденски подарок :X3: . Не е најавена, не е барана, не е очекувана, а изненадува во која форма доаѓа, и која вредност ќе и пронајдеш, бидејќи вредноста на истата не се кажува однапред :love:.

 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Сакам да ти кажам само неколку збора: вчерашната ноќ никогаш нема да ја заборавам :love:
Ах, да, и едвај чекам да дојде 24ти! :pipi:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Немаш причина да ме мразиш па затоа се повлекуваш во себе и бегаш, со секој твој таинствен збор мислиш дека си на врв но ти фали нешто, се правиш како сета среќа да е сoбрана во тебе но очите те издаваат, тоа што го криеш во душата неможе баш секој да го види но некои посебни можат да го почувствуваат, го знаеш ТИ тоа но гордоста не ти дава да го ослободиш срцето па мора ли за тоа другите да бидат повредени!
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Знам дека ја тупам многу за тебе, знам.. Али барем тука имам шанса да се искажам, да си олеснам малце без да бидам осудуван.
Викаш дека ме мразиш, не знам дали е така или не е али добро полесно ти е да се оправдаш така, имаш цел живот пред тебе да ме мразиш, а јас би требал да бидам тој што ќе те мрази, што ќе те преколнува ама не можам, би сакал да ти простам, да продолжам натака, to let go.


Жал ми е што нема да бидеш мојата Penny, чувај се.
 
Член од
7 април 2013
Мислења
206
Поени од реакции
329
mi falis mi fali tvojata prekrasna nasmevka koja iznuduva vozdiski i koja me greese kako iljada sonca mi falat tvoite baknezi za koi kopneam seuste edvaj cekav da se vidime i da se nasladam od tie usni slatki kako med.mi falat i momentite koga si lezevme na krevet i fantaziravme za nas i ja planiravme nasata idnina no seto toa bese edna golema iluzija eden golem poraz od koj tesko deka ke se oporavam vo skora idnina no velat vremeto leci se pa se nadevam i deka moite rani na srceto koi ti gi nanese so svoeto sebicno ponasanje.a ti mislese deka taa ke ti pruzi ljubov kako sto ti pruzav jas no se izlaza sega velat ne si bil sreken epa nikogas da ne bides da vidis kako e koga ljubovta te boli i stanuva zatvor za tvojata dusa.sepak jas ne sum tolku zlobna kako tebe i pak ke ti posakam se najubavo vo zivotot da si najdes devojka koja ke te napravi sreken koga veke jas ne mozev dovolno a jas hrabro ke zacekoram po patekata na zivotot koja posle tebe ne mozev da ja pronajdam bidejki bev izgubena.ti unisti se a mozese se da imas.
tebe srekno jas vrtam nov list i prodolzuvam napred.
 
Член од
21 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
320
Не гледале на слики. Твоето лице, велат, било порасцветано од моето. Демек сјајот ѕвезден во очите бил појак од оној во моите. Мислеле дека јас те оставив. Ти изгледаше премногу наивно за да нагазиш мравка. Но ти одеше по жица, човече!! Мислеле дека јас сум негативецот!

Пак ке заминам,за брзо. Но овојпат знам дека нема да ми напишеш бедна, патетична порака како ајкулите во аквариумот те потсетуваат на мене. Испржи ги проклетите ајкули или дај и ги на мачката само не пишувај срање пораки дека ти недостигам. Тоа твоето е гнев, дека мојот живот, ионака посран се движи нагоре,а твојот прекрасен живот во совршено тело на билдер стагнира. Со години.Не можеш да си простиш нели? И кога ке водите љубов во колата на таткоти, и кога ке ја викнеш дома у станот на мајкати, и кога ке и изјавуваш љубов во мој стил, допирајки нежно по образот, ти ке знаеш дека си двапати посјебана особа од мене. Тебе и Господ ти се лути знаеш ли? Затоа што си космички прдеж, ете затоа.

Ми доагаш на сон сиот прекрасен,каков што те паметам, и секогаш со неа. Не мора да ја носиш и во соништата де, на јаве битно ја донесе. Не дека пред неа не можам да ти раскажам за сопственото пропаѓање,туку не сакам и таа да сфати, како евентуално ке заврши,за година две. Сакам да сонува, да се надева,да се смее, да се моли, да се плаши, да се бори како јас И да загуби, Нека е де, ќе преживее, само немој и нејзе прстенче да и ставиш на рака у 5-15 по полноќ и да и речеш дека не сакаш никогаш да го извади. Иста лага двапати не се голта.


Не гледале на слики. Твоето лице, велат, било погрдо од моето. Кој е бе тој што ги одредува критериумите за убавина? За мене сеуште си прекрасен, ако на лицето имаш гној и мрша а од устата лажлива ти капи крв. Не гледале на слики, а јас сум била среќна. Баш ќе ги најдам тие слики, Ке ми треба тој израз на лицето, за понатаму, Бидејки ке заминам пак, а онам каде што ке бидам, тагата е забранета.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Бројот ти го запамтив..:confused:
My body is ready. Осим тремата ко секој пат да е првпат.. се станува зависен од тоа, сигурно..
 
B

bardendo

Гостин
Вчера сонив еден сон. Првата слика, совршенство. Двајца млади се држеа рака под рака. На прв поглед изгледаше како на филм, но не забележував што всушност се случува. Во него беше ти. За жал тоа беше лош сон. Да, да, ти, но за рака држеше друг. Почна да боли. Во градите чувствував преголема болка за да можев да издржам. Викнав силно,но без глас. Само срцето го слушна твоето име. Кога го спомнав тоа име, се смири. Знае тоа како е кога боли, не му е прв пат. Го врежа тоа име таму длабоку, мислејќи дека засекогаш ке траеш во мојот живот. И да, траеш, но далеку од мене. Толку далеку што понекогаш заборавам кој сум јас? Кој згреши во сето тоа? Јас, ти или пак некој друг? Како станавме толку далечни, а бевме толку блиски? Но сега веќе тоа не е ни важно. Ти го продолжи твојот динамичен живот. А јас? Јас се насмевнувам, онака вештачки, колку да можам да се вклопам со моето опкружување. Знаеш, насмевката не значи дека си секогаш среќен, туку дека си доволно јак да се насмееш и кога ти е тешко.Одам напред, но без цел на патот и љубов во срцето. Љубовта остана кај тебе. Се потсетувам на неа, кога ке го отворам стариот албум со наши слики. Таа слика срцето ја сакаше. Совршенство. Јас и ти, засекогаш. Колку само сакам пак да те допрам, да ги почувствувам твоите усни на моите, само за момент. Но тоа е веќе минато, старо сеќавање. Сонот полека станува реалност. Надежта последна умира, но јас престанав да се надевам. Престанав и да се трудам да допрам до твоето срце, затоа што не сакам да го повредувам своето. Незнам на која страна на светот води ова и до каде ке успеам да стигнам, но животот нели продолжува, времето тече, се се менува. Некогаш "ти" и "јас" бевме "ние", среќни и се сакавме. Некогаш можевме и да го одржуваме и пријателството, без разлика колку тоа болеше. Но тоа беше некогаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom