Толку многу имам да ти кажам но сепак премолчувам. Си ја горам душава што морам да те гледам, а толку не сакам.. Не можам да ги поднесам сите тие твои глупи фори.. како сум ти 'значела'. Мислиш дека не те знам, но јас премногу добро те познавам. Ти ја знам таа маска што ја носиш постојано. Ти ја знам таа твоја 'грижа' за мене. Ти го познавам одот, ти го познавам секој твој потег.
Мислиш дека си нешто најдобро, но ти всушност си еден никаков, небитен фактор на светов.
Сите на исти финти ги вртиш.. искреност, доверливост.. за на крајот сите со прстот во уста да ги оставиш. Тие не знаат што гнаса во животот пуштаат, тие не знаат како времето празно им лета.
Но сите, сите они еден ден ќе бидат на моето место.. Сите они ќе го проколнуваат денот кога те запознале.. Ќе се мразат себеси што дозволиле да се заљубат во тебе.. Но залудно ќе биде се.. Залудни се и овие зборови, залудно е и да ти го кажам ова. Веќе се десило. Бидна.
Најтешко ми е што морам да се правам дека се е во ред кога ќе те видам, морам да се поздравам и да се насмеам. А ти не си свесен колку не заслужувааш ни тронка од сето тоа.. ти не заслужуваш ни да те плукнам!