Еве веќе цел месец некако преживувам без твоите бакнежи. Поминаа точно 4 недели од моментот кога ми кажа дека веќе не осеќаш ништо за мене освен како за другар и дека сакаш да продолжиме само како другари. Јас ја испочитував таа твоја желба да останеме другари. И јас ја имав истата желба, ако за ништо друго, барем за да останеш дел од мојот живот. Подобро да те имам како другарка отколу да не те видам никогаш повеќе во животот. А и плус си немаме згрешено ништо, никогаш се немаме скарано, секогаш сме биле во најдобри можни односи, па не гледам зашто да не остане тоа така.
Можеби еден ден повеќе нема да те сакам на овој начин на кој што те сакам, ама знај дека секогаш ќе те сакам како другарка и ќе се грижам за тебе како за сестра. Што и да ти треба во било кој момент, јас ќе бидам тука за тебе. Ти го должам барем тоа, ако ништо друго. Ти ми го промени животот. Пред да те сретнам тебе, не верував дека ќе чувствувам такво нешто за некоја како што чувствувам за тебе. Времето поминато со тебе, иако кратко, е најубавиот дел од мојот живот досега. И вечно ќе ти бидам благодарен за тоа. Тој период вечно ќе остане во моите сеќавања и ќе буди само убави спомени.
Синоќа беше трет пат да се видиме после тоа што се случи. И сакам да ти кажам дека многу убаво си поминав со тебе. Пиевме, разговаравме, слушавме музика, се зезавме... 8 саати поминаа како од шала. И уживав во секој момент. За на крај да те испратам до кај тебе пред зграда, како што секогаш те испраќав. Местото каде што до пред еден месец се случуваа бакнежите за добра ноќ. Наместо тоа, овој пат имаше прегратка за добра ноќ. Прегратка која ми се чини дека траеше цела вечност. Те гушнав силно и не сакав да те пуштам. Во моментот кога почувствував дека и твоите раце посилно се обвиткуваат околу мене, ми дојде многу убаво чувство, можеби најубаво во последниве 4 недели.
"...Ако не ми требаш, што ми прави светла топлина во гради кога ќе ме прегрнеш..."
Ај доста е сега, ќе го читаат ова луѓе што не ме знаат и ќе си викаат: Леле какво педерче е овој. Ама само ти имаш направено да се отворам вака како што се отворив сега.