џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.396
- Поени од реакции
- 25.219
Понекогаш сакам да ја разбијам монотонијата која ја носи обичниот човек како мене, кој разговара на најсекојдневни теми за фудбалот, владата и времето, па се наоѓам себе си како размислувам за многу посериозни нешта и додека ги правам тие Далај Лама филозофии имам фаца на надежен интелектуалец, со имиџ брада и мајца од Џој Дивижн. А јас, пак, ни сум интелектуалец, ни обликувам брада ни пак ги слушам Џој Дивижн.
Често доаѓав до заклучок дека големите нешта кои го менуваат животот можат да им се случат на сите луѓе освен мене. Секогаш кога ќе слушнев дека некој добил кола на грепка, кога некој спасил нечиј живот, кога некој добил десетка на факултет со една вечер учење, кога некој постигнал решавачки гол во финале, кога некој доживеал голема љубов... секогаш мислев - не сум тој човек. Не би можел да го извадам Екскалибур од прв обид. Ни од последен.
Но ете сепак, се случи ти. Се случуваат и ноќите како оваа кога копнеам по тебе. Па од некој џез концерт се префрлам на Брус д бос, па земам густ сок од праска, проверувам дали мачката е најадена, пуштам филм за кој имам големи очекувања, го исклучувам за да мразам навивачи на манчестер и барселона на интернет, ставам слушалки и се гушам во меланхолијата која ми ја приредуваат нашите песни, нашите филмови, местата на кои поминавме и сите спомени што ги создаде притоа.
Љубов. Нели ти кажав дека човекот на почеток го памети само датумот на раѓање, за потоа да си придодава свои датуми кои ги памети по нешто и живее со цел да ги исполни сите празни места во календарот. Сите тие бројки и датуми сега веќе ме потсеќаат на нешто. Затоа што се сеќавам буквално на се, од првиот момент па се до сега. На утринското капучино, на пецивата од Лепи и петтата сезона од Сајнфилд. На неколку плажи и кафиња во 7 навечер. На твојот град без слаткарници и двосмерни улици. На долгите разговори во кои доаѓавме до заклучок дека ни еден пар на светот не чини освен нас. Yeah, right?
И сето тоа ми остава блага насмевка на лицето поради сликата која се појавува пред мене - оној момент кога за прв пат те видов. И како секогаш кога ќе те погледнам го имам она чувство од првиот пат. Знам дека тоа никогаш нема да ме напушти, затоа што ми е убаво и ме исполнува. Како што ќе те потсетувам на него, секој нареден пат.
Ете, и Брус полека негде заврши. А утрата не ми претставуваат проблем затоа што наместо да се будам со аларм, се будам со тебе. И додека ти кажувам дека те мразам поради тоа што не сум наспан, знај дека живеам за тебе и твојата љубов, како што мојата љубов немаше да постои ако не беше ти.