Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Again those dreams... Haunting me, telling you I`m sorry, But you just won`t listen. Who do you think you are, just barging in my thoughts, playing with the old memories and leave such a mess?
Why do you do this to me after all I took to forget you?

But I know it will pass in a day or two. It`s just I hate it.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Every time we meet it's like the first we kiss never growing tired of this endlessness..it's a simple thing we don't need a ring
Our love is easy.

Доволни се стиховите.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.799
Поени од реакции
30.669
Каде си во овај глупав град?

Последен пат кога ни се вкрстија погледите се насмевна и ме стопи во истиот момент. Одеше онака растеретена накај дома со скопското во рака одржувајќи баланс по работ на тротоарот во полу пијана состојба. Да знаеш дека цело време пратев да не паднеш додека не се изгуби на крајот од улицата.
Фак, одам да си легнам па може и ќе имам среќа да те сонувам.
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Е ова веќе стана плантонско. Цела една година, но сепак чувствата не се сменија... Те сакам.
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Се што имам да ти кажам ти кажав во лице драга. Сметам дека поезии на форум не се потребни.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
... дека, дека едноставно, те сакам...
 
С

Сатори

Гостин
Во врска со љубовта: Сакам да кажам дека знам да бидам себична, егоцентрична, далечна и помпезна.Дека често заборавам да Ви кажам колку многу ве сакам, колку силно ми требате и дека без вашето присуство во мојот живот до сега ќе се распаднев на милион парчиња, дека не можам да замислам ден или свет во кој Вие не постоите, затоа што целиот мој дух и постоење се дефинирани од Вашите мисли, дела, идеи, потези, размисли и акции ... затоа што сте прекрасни по сите дефиниции.

При секој пад, секоја прекршена рака или солза знам дека ти мамо иако ќе викаш ќе бидеш тука, ќе ми го дадеш најдоброто решение кое што никогаш нема да ти кажам дека ќе го применам, кога не можев да се поднесам себе затоа што правев грешки од економски и суштествени размери, ти беше до мене и ја поднесуваше целата моја фрустрација со сила каква што е незамислива за жена која што има поминато се што ти имаш.Кога раскинував врски или не ја добивав вистинската оценка, кога влегував во проблеми од кои што не знаев како да излезам, ти тато беше тука без воопшто да се јавам и да те побарам, дури и да сум на крајот од светот, тебе знам дека секогаш ќе те имам.Јас сум најсреќната личност на која може да се налета, затоа што имам родители кои што не само што ме сакаат, туку и ме почитуваат, колку и да сум нестабилно насочена кон деструкција и хаос на се што имам и поседувам.
Кога некој ме повредувал, кога сум била тажна и депресивна, неспособна да се соочам со светот надвор од четирите ѕида на твојата соба, те имав тебе Боби, не ни може да се претпостави каква утеха е кога ќе ми кажеш јави се и јас се качувам во автобус и сум таму, дури и да си убила човек, братучед ми е едно чудесно суштество, кое што ме сака, патем, те сакам и јас тебе! И тебе и Стефан и Александра и Пандорчето ... како само ве сакам сите вас, Стефан ќе порасне во еден многу квалитетен човек, дадите веќе се, колку само се смешкам кога ќе се сетам дека Александра беше првата која што ме научи да правам макарони.И баба и дедо и цела моја фамилија, кога ве гледав вчера сите коцки се посложија и се стана кристално јасно ...

Викторија, адвокатот и Викторија, архитектот, двете чиста спротивност една на друга, а не ни сакам да го замислам текот на моите мисли без нив.Што се Викице помина ти со мене, 11 години од твојот живот и од мојот, каде бевме и каде сме сега, нема друга личност која што по избор ја сакам повеќе од тебе, треба да го знаеш тоа.Мици и Карко и Марија и Гоце ... да, знам дека сум луда, ама сум луда заедно со Вас, секогаш само со Вас.
Никој не ме заслужува повеќе од Вас и јас не заслужувам никој друг.Колку е пријатно утрото кога започнува со кафе и луѓе кои што вадат од тебе емоции и ментална стимулација, каде би била јас без вашите животи, во мојот кој што ќе биде празен ... а така не би била способна да преживеам.

Вие сте се што имам!
Цела мотивација за амбиција и живот ... Вие сте ... се, се, се што имам.И иако сум малку неартикулирана кон себе, кон Вас никогаш не би си дозволила да бидам!
Дефинирате љубов, мојата фамилија и моите пријатели!


*На Валентина и Тони, столбовите без кои до сега ќе бев мртва.ВЕ САКАМ!
 
I

indigo child

Гостин
Кога би можела да стаам хајд на постов и да не може никој освен ти да го прочита, а нали, да не ти се обраќам лично, знаеш што ќе прочиташ, нели? Знаеш.
Ама не смеам да комуницирам со тебе..
Ми недостасуваш како другар, како некој подобар од мене што секогаш ме советувал правилно и без задни намери...<3
Денес посебно ми фалиш -.-
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Сакам да ти кажам дека сум бесконечно слаб на тебе, на една личност која што е полна со инат и којашто не разбира ништо.Признавам грешам и јас ама ти толку многу му даваш значење на грешките кој што ги правам јас отколку ти на твоите којшто не се малце. Не знам веќе до кај ќе стигнеме вака и сите нешта кој што ги мислев за тебе пред 2 месеци паднаа во вода зошто се среди колку толку ама полека почнуваш пак со истата песна... Мачи ме што сакаш прави ми едноставно срце ќе ти вратам и ќе видиш колку тоа боли кога некој сакан те заебава и се храни со тоа што гледа колку се нервираш и се трудиш да опстои врската! Полека,полека ќе стигне и тој дел од приказната, но за жал тоа ќе биде крајот... за кој ќе се каам како никогаш до сега.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Злато ти благодарам што секогаш беше во добри и лоши моменти со мене, ме научи што е љубов и никогаш не дозволи да бидам разочарана. Ме направи најсреќна, не се каам што си ми единствен, не ги жалам годините поминати со тебе, немам зборови да опишам што чувствувам за тебе, тоа може да го почувствуваш само кога сум со тебе. Те молам прости ми за некои работи кои ги правев, ама никогаш не мислев да те повредам. Сега знам само едно Те Сакам и не можам животов да го замислам без тебе.:pipi::love:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Дали конечно го сфатив значењето на љубовта ? дали конечно мојата љубов спрема тебе е чиста ? Те сакам и само сакам да си среќна. Не е битно дали со мене или со некој друг. Среќен сум за тебе драга, друго ништо не е битно. Не гибам ништо, само дај ми ја силата да останам на зборот и да продолжам вака. Убава ми е вечерта, убаво е кога те држам за рака. Не ни барам друго, не ми треба друго. Те сакам, а ти тоа го знаеш, зарем битно е нешто друго. Знам дека со тој што ќе бидеш навистина ќе го сакаш, среќен сум за тебе. Љубовта заслепува, а мене ми ги отвори очите. Не сум тажен, не сум лут, само сум онаков каков што сум без тебе. Тоа е најважно, ме врати од мртвите.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
I know it's been a while, sweetheart
We hardly talk, i was doin` my thang
I know it was bad, baby
Lately you've been all on my brain
And if somebody wolda told me a month ago
Frontin'on yo, i woldn't want to know
If somebody wolda told me a year ago
It'd go get this difficult
...
In my past, you on the other side of the glass
Of my memory's museum
I'm just sayin' Hey Mona Lisa, come home
You know you can't Rome without Caesar
 

Kajgana Shop

На врв Bottom