Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Не дека веќе не те сакам, само поретко, односно скоро никогаш не зборувам за тебе. Не дека те заборавам, само се трудам да не те сакам толку многу. Не дека те барам, всушност не знам каде си.. Можеби само малку ми требаш, и можеби само малку ми недостасуваш. Не дека повеќе не плачам за тебе, само научив да ги задржам солзите во себе. Не престанав да те сакам, не. Само се навикнав дека не си тука. !!!!
 
С

Сатори

Гостин
Кој било кога би помислил дека јас ќе се чувствувам вака или дека ќе размислувам на овој начин.Дека ќе бидам толку смирена, фокусирана и без суицидални намери, дека ќе се будам наутро размислувајќи за се освен за некој друг.Кој би помислил дека мене ќе ми биде сеедно ... јас сигурно не.
Во врска со љубовта сакам да кажам дека апсолутно немам ништо да кажам и дека конечно ми мило за тоа.
And isn't it ironic... don't you think? o_O
P.s. I love you (да, најклише на светот, баш како книгата и филмот)
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Зашто би се откажал о тебе Принцезо, кога ја би се откажал тоа би бил мојот последен ден овде на земјата, фала ти што ми помогна да ја осетам онаа права , невина и чиста љубов за која вреди да се живее, кој може да ми го сопре тоа зар безусловната љубов не е и од бога балагословена , радувај се најмило бидејки вистинската љубов допре до тебе и еве знаеш кави чуда прави и секогаш ке биде покрај тебе . Спомни си за мене и прости ми Принцезо зашто ти го подарив животот
 

• Tαммι •

Гостин
Само на кратко да си пишам.
Убаво ми е со тебе! .... Не се осеќам заљубено...можеби поради тоа што долго време бевме другари ... Не знам, знам дека те обожавам како дете со кое имам поминато многу работи. :) И убави и лоши моменти.
И уште еднаш ќе кажам, убаво ми е. Фала ти најмногу.
Нанкај убаво, легнувам и јас. :love:
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Треба секој дечко да е горд што неговата девојка има додворуачи, за пукање сеир и смеење на нивните глупи обиди. Ова го зборам дека сум сигурен во тебе нема криење помеѓу нас.

Арно ама на едни двајца што им го имам фрлено меракот да им скршам заби не сум ни самиот свесен.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Бегај од мене птицо малечка, бегај навреме, не сум за тебе ... како река сум, река без вода, како мајка сум, мајка без рода ...
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Велат дека кога стрелките на часовникот ќе се поклопат, некој мисли на тебе. Тоа не е точно! Ако е така, времето ќе застане и стрелките засекогаш ќе останат поклопени, бидејќи јас секогаш мислам на тебе! :)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Хеј па каде си, цел ден те нема ни траги, ни глас од тебе. Ама затоа постојано си ми во мислите, си се вгнездил таму, убаво си се сместил како да не планираш да се отргнеш. Дај барем малку, накратко излези од нив та не си само ти, та имам јас и други работи а еден памет за сите и кај ќе може така човек да е сконцентиран.
П.С.
Ах да ќе заборавев вечер заедно ќе гледаме филм, ветувам ќе бидам мирна и послушна, нема да поставувам прашања и нема да давам непотребни коментари.. Часна реч :sneaky:
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.532
You see everything, you see every part
You see all my light and you love my dark
You dig everything of which I'm ashamed
There's not anything to which you can’t relate
And you’re still here


 
Член од
9 јануари 2011
Мислења
24
Поени од реакции
9
Pred nekolku veceri koga te vidov, nesto vo mene se skrsi i me natera dolgo da razmisluvam....Sama si se prasuvam dali si ti onaa ista licnost sto tolku mnogu me povredi?...da, milo moj ti bese toj..Te gledav i razmisluvav, zosto jas tolku mnogu da ja sakam ovaa licnost koja nisto ne custvuva kon mene,zosto da te ljubam koga znam deka od srce posakuvas da te zaboravam....Mozebi namerno postapi taka kako sto postapi za da jas konecno sfatam ili se spustam na zemja.....Te slusav, ama tvojot glas uzasno me povreduvase , mi budese stari rani sto sakav da isceznat....i zatoa resiv mil moj, uzivaj vo tvojata sloboda, isto kako nisto nikogas da ne slucilo pomejgu nas.Sakam se sto bese ubavo da go zadrzam za mene, sakam da se secavam samo jas na ljubovta kon tebe...vsusnost sfativ deka ti nemozis da sakas,...ti samo trcas po se sto e zensko,mislejci deka ce uspees i da gi poseduvas....Milo moe ne si toa sto mislev deka si,nema ni malku od onaa neznost sto mislev deka ja poseduvas, a na kraj kraevi i zosto bi me sakal mene????Ne zalam za ljubovta sto ti ja podariv,za moite vreli baknezi, za moite sonista.....ce me boli samo pomislata deka mozebi mojata ljubov te povredi...Sega sum posilna i pocvrsta, sega nemozis povece da me povredis zatoa sto znam covekot vo koj veruvam deka sum vljubena , postoel samo vo moite sonista..Bi sakala samo nekogas da naucis da bides iskren so licnosta sto te ljubi i bi te zamolil tvojata sakana ne ja povreduvaj, samo pruziija tvojata ljubov ako ja imas.....A jas sekogas ce te sakam , ama samo vo moite sonista..
 
Член од
22 септември 2010
Мислења
130
Поени од реакции
27
Тешко ми е да признаам... неможам да престанам да мислам на тебе.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
17
Поени од реакции
5
Се што барав од тебе е да си истиот ти како на почеток,но не...залудни беа сите муабети,ти стана премногу ладен и мило ми е што на крајот сам се си призна…Сепак оваа вечер mi фалат твојте маани,премногу.На никој не сум му дозволила да ми се приближи толку како ти.Некогаш бев премногу напната,но со самото тоа што беше тука ми даваше надеж дека утре ќе биде подобро.Те имав покрај себе и бев пресреќна,а сега? Што кога ќе те сретнам,а знам дека мн често ќе се гледаме :/ како да ги прикријам солзите пред тебе,како да поминам како ништо да не си ми бил...Можеби еден ден ако ништо друго,ќе се јавиш барем да видиш како сум и што праам...:/ Сеуште се кривам за се,можеби прерано се заљубив,а можеби и бев премногу емотивна...Ама знаеш како викаат? Се што е убаво-кратко трае...Веројатно затоа завршивме прерано....

Da bod da stane cijeli svijet,stane bar na tren,da se opet tebi vratim...da me zagrlis kao dijete.. ! <3
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
После два месеци бедови и срања, само во два часа успеа да ме расположиш како што долго време неможеше никој.. Ми прости за се барем за то сум сигурен. Време е и јас да ти се оддолжам како никогаш досега.. Се гледаме за една недела.. А да.. Дали некогаш ќе направиме јас и ти некоја паметна работа ? не вервам :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom