Обично не пишувам на темава, ретко пишувам и на форумов, ретко и се уклучувам на нет деновиве ама те сакам и кога ќе седнам на нет и ќе ти ги проверувам последните постови овде или фејсбук профилот, кога ќе се уклучам на емесен и ќе видам дека е зелено тоа човечето лево од твоето (барем деновиве) уанаби име, и кога ќе направиме некој километарски муабет, и кога ќе те гледам на камера и ќе си замислувам дека после тоа ќе те видам вистински, посебно кога се смееш, кога ги правиш оние фацине...
Те сакам и секогаш кога ти се јавувам (најчесто) за без потреба, чисто колку да те слушнам и да ми кажеш „о ненормален“ или кога ќе ми стигне твоја ненормална порака. Те сакам и кога ќе ми текне на некои заеднички моменти, и на балоните од ти мобајал, и на едната постојка подолу, и на каснењето од пола саат и будалестите пораки со фонтаната, и на фрц фрц (тркало беше?
) детето кое те сакаше, и на то момето со малото дете шо ме сакаше мене кај оние клупине, и на улицата шо ја преминав кога те оставив последниот пат кога се видовме...
И изгледа најмногу те сакав и бев среќен пред некој ден кога беше далеку и од мене и од дома ти и беше пијана и ми кажа некои работи, па уште повеќе откако ми кажа и за тоа шо ти велеле другарките...
И изглеа те сакам секогаш и секаде, и најмногу на сите сФетоФи, и изглеа те сакам шес или од еден до сто - двесте, или алафјууу...
И баш поради ова и поради многу друго што не ги пишува овде не ми е воопшто сеедно кога ме игнорираш или муабетот шо ми го правиш на мсн е незаинтересиран, или и покрај тоа што гледаш дека не ми е сеедно продолжуваш да го правиш тоа...
Те сакам љубави... фор риал... :icon_neut:icon_neut:icon_neut:icon_neut:icon_neut