- Член од
- 20 мај 2007
- Мислења
- 1.139
- Поени од реакции
- 153
Во врска со љубовта, сакам да ти кажам дека... Всушност, не сакам да ти кажам ништо, зашто последнава ноќ беа кажани многу работи од двајцата, која од која понеубави... Но знам дека сакам сега, во моментов, да сум со тебе, па и да молчиме и да се гледаме така во наредниот час-два-три и да не правиме ништо... Има нешто во тебе, некој магнет на кој едноставно не можам да одолеам, нешто што прави да мислам дека можеби ти си онаа, вистинската за мене... Но повторно тука доаѓаат оние искри од последниве 24 часа, оние глупави грешки. И сега, многумина ќе речат дека кавгите се потребни во секоја врска, за откако истите ќе се надминат, таа да просперира уште повеќе. Но дали се свесни дека некои потези едноставно не можат да се вратат назад и да се одиграат повторно? А со тоа тие потези може едноставно да повлечат и ситуација од која нема излез... Дали јас и ти сме на прагот на некоја таква ситуација? Тоа се' уште не го знам, но знам дека сега, додека ти спиеш, јас се облекувам, фаќам автобус, и доаѓам до пред твојата зграда, каде ќе чекам се' додека не се разбудиш и симнеш, иако сум свесен дека до твоето будење може да има уште неколку часа или да не сакаш да се симнеш... НО!!! Сакам да те видам... Друго НИШТО не ми е важно...