Ова е нешто што ме трогна. Текст кој ми го посвети една прекрасна личност:back:
Како и да почнам сеедно е, нема почеток, а за жал нема ни крај ова што сакам да го искажам. Премали се зборовите да го обликуваат душевниот немир што ме разјадува. Требаше да се материјализира незадоволството во солена чиста лачовина и да се пролее по лицето да зареже силно, да отвори разум и конечно да ме ослободи од порекнувањето. Беше потребна физичка болка од недостатокот на нежност, морници кои буквално ја одеруваа кожата на грбот, барајќи искрена платонска прегратка. Требаше психички да ме растрои стравот од тоа што сум сам, неприфатен, неисслушан, неразбран. За да ја проголтам гордоста, која веќе беше изгубена, но заглавена како грутка во грлото го блокираше секој обид за чисто несебично расудување. Ја чистам таа поганост, промивам длабоко со жешки солзи. Еретик за своја душа, искариот на сопствен принцип и етика. Боли, зошто ова отвара рана, жигосува и става во незаборав се што чинам. Не е само реч, не е само глас за измама излаен од злодеј, повеќе е од тоа, што јас сега ќе турнам никој не исправа. Момент на одлука во кој го прифаќам поразот, клекнувам на колена и питам за твое внимание. Гол, соблечен од сите скрупулозни обвивки, лишен од можност за совесност, претпазливост, јас го отворам срцето и ги положувам сите вистини во момент на исконска чистота. Ми требаш, сакам да живеам, не да умирам. Ме убива што не можам, без ниеден збор макар и со еден единствен поглед лаконски да ти се доверам. Во недостиг на зборови кои ќе ја формулираат вистината, те преколнувам барем за еден момент замижи и препушти се. Не читај ги зборовите, пробај да ме почуствуваш, прими го ова нешто што го зрачам, комплетирај ме. Не би плукал на светоста на моментот и затоа нема ни да се обидам да го ставам во збор, премал е човечкиот јазик да ја опише чистотата и вистината на истиот. Тоа што алхемичарите не успеале да го најдат, тоа што Кант не успеал да го отгатне, тоа што Исус го проповедал, вечност, дефинитивно сознание, просветлување. Клиширај и наречи го љубов, наречи го како сакаш, јас ти го подарувам.