Мислам дека веќе почнува да доаѓа времето кога ќе ти го свртам грбот и конечно ке се тргнам од тебе.
Само понекогаш се прашувам што толку ми направи, па ме занесе и заблуди.
Не сум јас крива, ама мислам дека е крајно време да најдам нешто што е вистинско за мене. Се уморив да чекам.
Ќе ми биде жал, не велам не. Сепак со тебе доживеав многу работи, многу убави моменти. . .
Никогаш нема да заборавам. Никогаш.
И иако во моментв додека го пишувам ова срцето ми се кине од болка, сепак мислам дека ќе се решам така да постапам. Но, пази, мислам, не сум сигурна. Не е лесно да му го свртиш грбот на некој кој ти е во срцето.
Но, и да го направам тоа, единствено за што ќе ми биде жал е тоа што знам дека можеме/вме сеуште да си бидеме заедно, секој нареден пат да си поминуваме како никогаш пред тоа, да доживуваме нови и уште поубави моменти. . .
Ти тоа го кажа. Ова се твои зборови. Али, јбг промените кои сакаш да ги доживееш се посилни од тоа што те врзува за мене, така?
Само се прашувам кои црни промени, пак се враќаш кај мене, пак сме заедно, а ти продолжуваш да верглаш само празни зборови.
И да, слободно можеш да одиш со друга. И не враќај се веќе кај мене. Немаш зошто. А кога ќе бидеш крај таа друга, која и да е, ке сватиш многу работи.
Ти ќе бидеш единствениот што ќе изгуби.
Може стварно тешко се одделувам од некоја личност која ми значи и тешко ми е да продолжам и се туку-така да оставам зад себе. Ама кога ќе решам да го направам тоа ништо нема да може да ме спречи. Ќе дојде моментот кога ќе те избришам од мојот живот засекогаш (а мислам дека тој момент се приближува).
Ти можеш само да бидеш среќен што сеуште те поднесувам. Зошто кога ќе ти го свртам грбот ништо нема да може да ме предомисли. А тебе ти останува да уживаш во тоа додека сеуште трае.
А кога ќе заврши, ти ќе бидеш поразениот.
Нема да ти остане ништо.
Апсолутно ништо.
Само каење и бледи спомени за нешто што си знаел дека е целосно твое, само твое и на никој друг, ама не си знаел да го цениш, па си го изгубил.
Знаеш, ќе ми биде жал за тебе.
А тогаш ќе ти кажам само, пријатно.
Ќе дојде и тој момент гледам јас.