Денеска се случи нешто...
Затоа во врска со љубовта сакам да ти кажам дека.
Повторно се заљубувам, да токму во тебе. Знам дека е глупо и дека ова не треба да ми се случува, но јас не можам да одлучам во кого се заљубувам. Цел ден мислам само на тебе, размислувам зошто но ете не знам. Не знам дали ја знаеш онаа длабока тапа болка што ја чуствуваш помеѓу градите и стомакот точно кај дијафрагмата- е па мене таму ме боли и тоа многу.
Го препбродев некако денот но еве сега дојде ноќта кога не можам да се контролирам и кога срцето и душата ме влечат само накај тебе. Си реков ајде ќе излезам да се видам со пријателите можеби тоа ќе ми помогне-и за многу краток период дури и успеа. Но еве сега пак сум дома без желба да идам некаде, без желба да правам било што. Ја зедов гитарата и напишав песна за тебе, ни самиот не знам зошто го направив тоа кога знам дека тоа само го порврдува и го продлабочува тоа што го чуствувам кон тебе.
Ќе го запишам овој датум во мојот дневник и ќе го подовлечам со црно и црвено како симбол на огромната љубов што ја имам за тебе и огоромната мрачна болка што ми ја причинуваш само кога ќе помислам на тебе. Знам дека некој ќе помислат дека не сум заљубен и дури ќе ми речат дека сум контрадикторен но јас сум бил заљубен и за жал го знам чуството, и знам колку ќе ме боли и колку ќе ме прогонува ова.
Јас не сакам ова да ми се случува толку бегав од ова-секоја девојка што сакала да ми се доближи на емоционален начин сум ја отфрлил. Но ете ти на некој начин успеа да ја пробиеш мојата бариера и да дојдеш до моето напатено и тажно срце и да се вгнездиш внатре. Колку би сакал веднаш да ми го снема ова чуство о боже колку би сакал...но тоа не е машина па да го исклучиш и вклучиш кога ќе посакаш. Не помага тука ништо ни пријатели ни музиката ни книга ни учење ни ништо-ама баш ништо. Го знам јас лекот подалеку од очи подалеку од срце ех но колку си само блиску до мене.
Од сега понатаму секој ден ќе биде болен за мене, ќе станам како зомби. Нема да јадам ни да пијам само ќе пушам цигари и ќе се пијанчам и ќе се дрогирам а кога ќе бидам комплетно wasted на сите околу мене ќе им зборувам за тебе. Ја сум мазохист затоа што поубаво ми е вака да се измачувам од колку да ти кажам дека те сакам и да те зграпчам во моите раце по се изгледа.
Те сакам затоа што знам дека скриено и свесно во себе ти ме сакаш мене
Те сакам затоа што секое твое зборче ме излудува
Те сакам затоа што ме мразиш на моменти
Те сакам затоа што знам дека никогаш нема да бидеш само моја
Те сакам затоа што другите те сакаат
Те сакам затоа што си најпаметна
Те сакам затоа што си најубава
Те сакам затоа што си најлуда
Те сакам затоа што само тебе те бакнувам со отворени очи
Те сакам затоа што...