Во вакви моменти многупати посакувам да сум поет, па да можам се ова што е во мене да го извадам, преточам со прекрасни зборови. Но... не сум! Незнаев и да пишувам порано, или воопшто не ни се трудев се додека не ја осетив болката во повеќе димензии и не излегоа од мене оние искрени зборови на душата и срцето кои самите по себе прават текстовите и песните да бидат единствени и прекрасни. Така и вечерва. Решив да се олеснам и да го извадам се она што се насобира во мене. Никогаш не си признав себе си дека те сакав, дека те сакам... и ако си признаев тоа секогаш било со некоја резерва. Така е и сега. Уште незнам на што сум, уште незнам зошто неможам да ја прифатам реалноста- а тоа е дека бев и сум заљубена во тебе. Дури и сега кога ги пишувам овие последни реченици нешто во мене вели: „Еј што пишуваш, што зборуваш, не тоа така, не смее ни да биде...“
Немаш појма колку ме уништуваш. Немаш појма колку боли секој твој поглед, насмевка, секое твое движење и збор... се што си ти и се што правиш ти ја чепка мојата рана и ја прави вечно свежа. Хехе... почнувам да се смеам на мојата болка и мизерија во која сум моментално... полудувам! Станувам чудна, безживотна... Ништо не остана од она весело и насмеано девојченце- се претворив во Монализа. Сакам да те оставам назад во минатото, да те заборавам, но неможам- не ми оди. Не ми оди кога толку работи не се кажани ниту решени, кога толку работи се смешни и не фер. Ме ставаш во најтешката ситуација на светот. Да те сакам, да го кријам тоа зошто е забрането, да се обидувам да го вратам пријателството со тебе и се она што го изгубивме, да се помирам со фактот дека тоа не е можно, дека ти несакаш повторно да поминуваш низ истиот пекол и дека се грижиш што зборуваат другите. Сакаш да се помирам со фактот дека ти ме сакаш подалеку од тебе поради тоа што луѓето зборуваат? Зарем не мислиш дека тоа е сурово? Зарем не гледаш колку ми е тешко? Уствари и што ти е тебе галје, зошто да се грижиш, зошто за мене? Твојата среќа и мир се први и сосема е јасно дека не сакаш да поминуваш лошо пак.
Се е јасно, смао уште мене да ми стане јасен фактот дека ме сакаш out of your life. Ќе биде тешко мило зошто ти си part of my life и скеогаш ќе бидеш и јас сум part og your life и секогаш ќе бидам. Во исто друштвоп сме, со исти луѓе, на исти места се движиме, во исто школо сме...
Бегам од тебе, а сепак копнеам да те видам, станувам депри после секоја средба со тебе , а ја очекувам со нетрпение... ми нанесуваш болка секогаш кога ќе те видам па дури и на слика, а секогаш посегнувам по таа слика... Сфаќаш ли сега колку е се комплицирано, колку ми е лошо? Ах што ми направи, што си направив...