Колку да сакав да не ги гледам тие работи, колку и да сакав да не ги слушнам тие муабети, колку и да не сакав да почуствувам тага и жал за самиот себе, не можев. Колку работи ми направи и колку пати ме повреди. Знаев што правиш, но не сакав да те видам како тагуваш поради мене. Знам дека ќе бидеш среќна со твојата нова љубов, но тоа што тагуваш поради мојата тага во градите, е само крај на убавите моменти што ги имавме. Многу пати ме изневери, а јас ништо не направив. Сакав само да ти кажам дека те сакам најмногу на свет. Знам дека не треба да го кажувам ова, но ти си мојот свет т.е. беше. Сега твојата љубов ја гасе жедта на други усни. Нека ти биде најубаво, поубаво и од тоа што го имаше со мене