Се` се случи побрзо отколку некој би очекувал. Имаше убави моменти мораш да признаеш, колку и да го правеше без срце се` ова. Да, ќе ме прочиташ и ќе превртуваш очи, ќе ми тупиш колку сум сентиментален, патетичен и очаен. Да, сум. За разлика од тебе, јас се трудев да направам добро за нас двајцата. Толку ли е тешко да се возврати љубов? Знам дека си недорасната и се то, но дали ти чекаш вистински момент за вистинска љубов со совршениот партнер, водејќи се според сите уондерленд фантазии од околината? Еј, нема таков. Фејс ит. Оставам работите да се случат како ќе одлучиш ти. Знај дека јас сум на располагање секогаш за тебе... на дугме.