Нејзините силни зборови се уште ми звонат во главата, само ебана анатомија може да ми помогне-но и малку храброст и дрскост кон ликовите на кој им се восхитувам.
Да и јас го сакам истото, но нема да го добијам поради стари поговорки и стереотипи неизлечени.
Не знам што да ти кажам тебе или на светот или на било кој. Само ќе го замолам бога или било кој што гледа да ми научи да се сакам себеси или да ми даде сила да зафатам страна-затоа што вака до сега се покажа неупсешно.
Јебем ти мушко што чита љубовна поезија во вакви моменти, но не ми е гајле што мислите...барем не во овој миг кога знам дека нема да спијам поради оваа клетва наречена интернет и сите срања и главоболки што ми го донесе
Ова е поради мојата дрскост и неблагодарност но највеќе поради мојата злоба и сите лошо работи што сум ги направил во животот.
Немам уште многу долго време останато да се лажам себеси, исто така почнува да ми снемува лаги. Затоа те молам дојди спаси ме за да се спасиш себеси од паразитот наречен љубовна иронија...
Не сум под никакви психотрпони супстанци, 100% сум свесен што напишав и зошто го напишав.
Не те сакам-но мислам дека би сакал да те засакам.
За на крај еве една песна што ти ја посветувам на тебе.
http://vids.myspace.com/index.cfm?fuseaction=vids.individual&VideoID=36998841