Еве, се приближува моментот кога ќе те видам....Колку што сум среќна толку сум и тажна и исплашена. Најсреќна сум за тебе зошто знам колку многу сакаш да дојдеш и да се видиш со сите, среќна сум и за мене што ќе те видам после толку многу време, што конечно ќе те гушнам и бацам.....Али...Кога ќе помислам на се што може да се деси....а знам дека и така ќе биде...знам дека сакајќи или несакајќи ќе ме повредиш. Таман се опоравив, благодарение на тебе стварно ми помогна да го оставам минатото и да гледам на иднината...Но не сум уште доволно силна за да издржам уште едно разочарување... Знам дека сега нема назад и да сакам (иако тоа е последното нешто што би го сакала) и дека требаше да мислам на ова порано. Грешев кога оставав се за понатака...Мислев дека ќе ми биде тешко, а не бев спремна за тоа. Бев свесна за се и пак го избрав ова. Иако да бидам со тебе е нешто највише што сакам...сфаќам дека тоа е погрешно...Се жртвував пола година и помислата дека еден период ќе бидеме заедно ме издржуваше цело време...за што...за едно големо НИШТО. Ќе бидам повредена и скршена кога ќе си идеш...а и додека ќе бидеш тука. Знам дека нема да можеш да ми посветуваш доволно време, а мене тоа ќе ме боли. Не сум себична, сфаќам дека не сум само јас...Но знам и дека кога некого сакаш вистински правиш се за што поише време да поминуваш со личноста....а така нема да биде....Касно ми е сега да се откажам...само не ми е јасно зошто секогаш го одбирам она погрешното и се надевам на нешто што нема никаква логика. Се ова е погрешно...јас и ти сме погрешни, не требаше ова да дозволам да се случи... Не смеев да дозволам да се заљубам во тебе во вакви околности. Сега неможам да одам против срцето....колку и разумот да ми вика дека треба да одам против него...Се молам само да имам доволно сила да го издржам сево ова... Да не дозволам да бидам многу повредена. Одеднаш си помислувам дека сакам да отидам некаде додека си ти тука...да го прескокнам се ова...може така помалце ќе ме боли...Хах...колку чекав за овој момент...а сега помислувам никогаш да не се случи...каква иронија...Ама тоа се само мисли...знам дека неможам да го избегнам тоа што ме чека. Бев глупа и направив грешка што го дозволив ова,сега морам да бидам храбра и да издржам....Сега единствено нешто за што се молам и ми е важно е да пронајдам доволно сила...Дај боже да не биде се така црно и да бидам барем малце среќна.Те молам потруди се да биде така, важи?!