И во рајот удираат громови. Можеби едноставно несакам да се соочам со реалноста. знаеш не е доволно да се сакаме. Ако продолжиме вака нема да функционираме уште долго. Јас немав веќе ништо,празна сум, дадов се.А ти? си го прчиш и си живееш по твое. Не ти е толкава чергата злато не ти е.Ме тераш да мислам на најлошото, да се разделиме.Те сакам премногу те сакам.И знам дека не би опстанала без тебе. Би паднала во некоја темна тупка,ќе се самосожалувам, ќе бидам осамена..немам никој освен тебе,и ти тоа го знаеш.Но неможам да се борам веќе, едноставно немам сили. Газам по себе, и како да тоа не е доста, газиш и ти по мене.Колку пати сакав да ти кажам те мразам оди си, но неможам. Ќе те излажам.Зашто не е како порано?! Безвредно е да плачам, нема да сменам ништо, сепак солзите ми се тркалаат на самата помисла дека нема да бидеме заедно. Но што неиде неиде, неможеме со сила. Едно знам: ние ќе останеме двајца кои се сакаат но не се заедно...зашто точно ни јас незнам.
Прости ми ако сум згрешила јас и ако сум придонела да се смениш толку.Прости ми несакав..
Те преколнувам направи нешто,несакам да останам без тебе...!!!!!!