Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Ајде сега да се потсетиш и на бесплатните лекарства,бесплатното здравство. Работничките совети заем касите сиз за станување, отворените врати сегде низ цела СФРЈ,можноста да спиеш на улица без никаков страв итн итн.
Сега тоа време им смета само на оние кој во тоа време КРАДЕА . Е јебига во тоа време директори лежеа затвор ( сега им даваат плакати за најдобар бизнисмен) има група на луге што незнаат што е подобро од ова не виделе подобро и незнаат,а има и луге накој не им одговараше системот и сега јадат гомна против тоа време, ако сега е толку добро ај да ги видам сега опинчарите да дојдат во скопје фирмата да им даде стан државата да ги школува !? нема умре тоа време и таа СФРЈ ам во секој случај подобро беше тогаш отколку сега
така е... баш така е... реков јас има уште, да не напињам од одма... да се развие дискусија... за здравството на пример... ако државата неможела да го реши проблемот, ги пракала на трошок на буџет да се прави операција во германија, италја, шведска, америка, сегде кај што требало.... а денес, лугево отвараат сос линии за донација по 50-100 денара, молат и кукаат за некој динар додека гледаат како детето им вене пред очи а на државата не и чуе за тоа...

точно дека се чекало за леб и млеко во редови... ама види беља, пак сите зимале.. едноставно таков бил системот, народот така правел, не дека немало... се секавам како дете, живеевме во кисела вода, па стара славија на ќошот, сега е макси д маркетот... тука имаше колона од врата до ќошот (околу 100 луге) претежно пензионери... и чекаа да стигне млекото... ке стигне, сите ке земат, па и ке остане на крај... исто и за лебот, иста прикаска.. мислам дека старците се натпреваруваа кој прв ке дојде и кој ке биде понапред на колоната... тоа бее филмот...

прво и основно во денешно време СЕ НЕМА РЕСПЕКТ према човечкото битие... почитувањето е на незавидно ниско ниво паднато... а тоа го прави што друго ако не сиромаштијата т.е. нискиот економски статус...

--- надополнето ---

Samo GLUP covek ke kaze deka bilo poubavo !
спасе... јас тврдам дека поубаво се живееше... и немој да окрактеризируваш некој како глуп, ако не го познаваш, т.е. ова е директна навреда кон мене, и еве за 12 саати членовите кои истапија и потврдија дека во тоа време поубаво се живеело... сите тие се глупи? а ти си стварно паметен... ако не си го фатил тоа време, не си релевантен да збориш, зашто не знаеш како се живеело и неможеш да компарираш... ти го знаеш она што си го прочитал негде во некоја ваква статија или она што ти го спомнале твоите... немаш репер и не коментирај, поготово не со вакви навреди.... боље прашај, ке ти објасни некој.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881

Заборави да ги кажеш и коментирањара и оговарањата во тие редици за леб и млеко не дека немаше да се купи туку едноставно се сметаше како спорт. тоа и плус тоа само 1 2 втора програма која што почнуваше од 9 часот а внуците сите беа во градинки :) па спортот беше чекање на ред и кој шо за кого кажал :pos2: немаше лиггли во автобуси кој ги игнорираат постарите,добар ден на улица се викаше и на непознат човек итн итн
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
дефинитивно во тие колони се откривале и нови америки:pos2: значи чисто рекреативно... хаххаа
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
Пред некој месец во акнета во Романија 70% од луѓето одговорија дека подобро се живеело во времето на Чауческу.Апсурд !
 
Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Спрема кажувањата на постарите било поубаво,
имале големи плати каде сакале оделе,
карта доЉубљана била колку една кутија цигариња Дрина...
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Пред некој месец во акнета во Романија 70% од луѓето одговорија дека подобро се живеело во времето на Чауческу.Апсурд !
One man's terrorist is another's man freedom fighter! Немаш право да судиш додека не искусиш. Ти Чаушеску го знаеш само преку книгите по историја кои ги пишуваат победниците.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97
One man's terrorist is another's man freedom fighter! Немаш право да судиш додека не искусиш. Ти Чаушеску го знаеш само преку книгите по историја кои ги пишуваат победниците.
Ти па по што го знаеш ? Таму имаш живеено или тропаш само ? За кои права се борел,на работ на бездна ја има однесено Романија.Во 1989 Романија ја има оставено со празни продавници,без никаква храна.И многу други глупости,да не навлегуваме во оваа тема,зошто се збори тука за СФРЈ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Чаушеску и секуритате беа големи смрадови. Зашто плачат за тоа време не знам. Кај нас беше нешто поинаку, зависно што функција, работа...што човек си. И за некои работи добро, за некои лошо.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
876
Поени од реакции
462
го немам фатено тоа време, но пензионерите сега сите викаат ДА, а дома што ги прашав татко ми вика не било подобро, а мајка ми ДА :toe:
се е релативно...
не може на сите се да им се свиѓа и сите исто да мислат...
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Да, подобро било.
Некој работел поише, некој помалце а двајцата биле еднакви.
Супер е да живееш на туѓ грб :toe:
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
И тогаш имало гомнарии. Татко ми чекал 3 години додека да фати врски за да го вработат. Кога праќал „Молби“ по ООЗТ-ата го одбивале велејќи му дека имаат таков кадар, а татко ми електроничар во време кога сеуште имало луѓе што мислеле дека во радијата има мали човечиња. Него неврмајнд.
Јас во оваа Македонија во која нели владее невработеност, сум имал само еден период кога бев невработен, и тоа траеше пола година.

Мој колега од работа, талентиран атлетичар, трчал 800 метри и сродни дисциплини, никогаш не влегол во репрезентација затоа што местата биле резервирани, за македонците немало место таму.

Тоа со 13та плата К-15, заврши со војна, бидејќи никој неќел да враќа долгови.

И доколку некој кажел нешто против Тито, одел на Голи оток. Откако ќе умре Угриновски и остала геријатрија, веќе никој нема да го спомнува Тито.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Откако ќе умре Угриновски и остала геријатрија, веќе никој нема да го спомнува Тито.
угриновски и геријатрија се едно... а народот се друго... плус тука се дискутира за југославија а не за тито... југославија е до 1991 година а не до смртта на тито во 1979... точно дека од тогаш и почнува тонењето на СФРЈ со епилог на ова што се дешава во 1991 со делбите и цепењето, војните и слично... но сепак, послушај го народот... прашај некој што е над 45 години, некој што убаво ја искусил приказната за средовечен или млад човек во млади години што фатил време на југославија... не е релевантен некој што во 1980-та имал 10-15 години...
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Батка, знам многу луѓе што се врсници на татко ми. И не ни е крив Белград или Словенија за тоа што тогаш се живеело лошо. Македонските власти во тоа време краделе многу повеќе од СДСМ и ВМРО заедно последниве 20 години. За ова имам примери од дедовците мои.

Дедо ми направил куќа на село и купил ниви затоа што во град се чекале огромни редици за да купиш леб и млеко, па сеа ти види.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
угриновски и геријатрија се едно... а народот се друго... плус тука се дискутира за југославија а не за тито... југославија е до 1991 година а не до смртта на тито во 1979... точно дека од тогаш и почнува тонењето на СФРЈ со епилог на ова што се дешава во 1991 со делбите и цепењето, војните и слично... но сепак, послушај го народот... прашај некој што е над 45 години, некој што убаво ја искусил приказната за средовечен или млад човек во млади години што фатил време на југославија... не е релевантен некој што во 1980-та имал 10-15 години...
Сакаш одговор од некој релевантен? ( баш тогаш завршив со школување и требаше да се вработам и да го решам стамбеното прашање а децата ги растевме баш во периодот до 1991) , убаво беше за тие што беа во можност да крадат останатите го кркаа стапот и уште беа должни да викаат ура !!! така да неспоредливо е тоа и ова време . имај во предвид дека технолошкиот напредок си го направил своето и за сметка на тоа денес многу покомфорно се живее , а тоа што некои од постарите мислат дека тогаш било подобро не е ништо друго освен обична" жал за младост"!!!!
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Ова е тема која заслужува малце поголемо внимание и поширока елаборација отколку што го дозволува тоа еден, или неколку форумски постови.
Од времето на СФРЈ јас лично фатив малце, и тоа како дете, така да јас лично не сум баш некој релевантен да зборувам што и како било.
Но, од кажувањата на постарите, од она што сум го прочитал, и со употреба на сопствениот мозок, можам накратко да кажам нешто...
Сметам дека подобриот живот во СФРЈ е... хммм.... не баш мит, ама не баш и вистина.
Верувам дека постарите копнеат по времињата минати, т.е. СФРЈ, заради неколку работи, и тоа:
- Бесплатно здравство
- Слобода на движење
- Социјална сигурност
- Сигурна работа
Тоа се факти, и тука нема што да се спори.
Од оние мои детски сеќавања се редиците насабајле за леб и млеко, бонови за бензин, па пар-непар возење... рестрикции на струја...но и празните рафтови, како и радоста на најобична лименка Кока-кола купена од Грција.
Такви работи да се случуваат денеска...паѓаат влади...
Што можеше да се купи во СФРЈ??? Можеа да се купат домашни производи, кои и не биле така ефтини... Фрижидери, ТВ, се тоа се штедело да се купи, и тоа долго време...ако нема некој кредит во меѓувреме...а кредитите, интересна работа, ги изеде хиперинфлацијата во 80-тите и луѓето за џабе куки изградија и коли изнакупија. Конкуренција на производи каква што има сега - немало.
Можеби имало плати, кои и не биле баш нешто посебно високи (Македонија во рамки на СФРЈ имала најниска просечна плата), ама немало што да се купи.
Во 80-тите, наместо да градат нови фабрики, вработувале во постојните...што ни се одрази по осамостојувањето и во категориите технолошки вишок... Стечајците се производ на транзицијата, благодарение на најкриминалната приватизација, но да се вратам на претходното, т.е. превработеноста.
Се покажа дека фирмите имале по неколку пати поголем број вработено отколку што треба. Начин на купување социјален мир.
Технолошки СФРЈ беше назад према развиениот свет...
Ако зборуваме за слобода на говор... не баш слободна, но не баш и како источноевропските комунистички држави.
И една работа што премногу ми се допаѓа од СФРЈ!
Неможеше секој пејач да стане и имаше поквалитетна музика од сега!
Јас ја бирам сегашноста, и гледам позитивно кон иднината!
Ако некому му фали СФРЈ - ОК! Негово лично убедување! Би било убаво да ги имаме сега оние социјални погодности кои ги набројав во почетокот на текстот, но во пракса се покажале како неодржливи, а за друго...незнам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom