Ова е тема која заслужува малце поголемо внимание и поширока елаборација отколку што го дозволува тоа еден, или неколку форумски постови.
Од времето на СФРЈ јас лично фатив малце, и тоа како дете, така да јас лично не сум баш некој релевантен да зборувам што и како било.
Но, од кажувањата на постарите, од она што сум го прочитал, и со употреба на сопствениот мозок, можам накратко да кажам нешто...
Сметам дека подобриот живот во СФРЈ е... хммм.... не баш мит, ама не баш и вистина.
Верувам дека постарите копнеат по времињата минати, т.е. СФРЈ, заради неколку работи, и тоа:
- Бесплатно здравство
- Слобода на движење
- Социјална сигурност
- Сигурна работа
Тоа се факти, и тука нема што да се спори.
Од оние мои детски сеќавања се редиците насабајле за леб и млеко, бонови за бензин, па пар-непар возење... рестрикции на струја...но и празните рафтови, како и радоста на најобична лименка Кока-кола купена од Грција.
Такви работи да се случуваат денеска...паѓаат влади...
Што можеше да се купи во СФРЈ??? Можеа да се купат домашни производи, кои и не биле така ефтини... Фрижидери, ТВ, се тоа се штедело да се купи, и тоа долго време...ако нема некој кредит во меѓувреме...а кредитите, интересна работа, ги изеде хиперинфлацијата во 80-тите и луѓето за џабе куки изградија и коли изнакупија. Конкуренција на производи каква што има сега - немало.
Можеби имало плати, кои и не биле баш нешто посебно високи (Македонија во рамки на СФРЈ имала најниска просечна плата), ама немало што да се купи.
Во 80-тите, наместо да градат нови фабрики, вработувале во постојните...што ни се одрази по осамостојувањето и во категориите технолошки вишок... Стечајците се производ на транзицијата, благодарение на најкриминалната приватизација, но да се вратам на претходното, т.е. превработеноста.
Се покажа дека фирмите имале по неколку пати поголем број вработено отколку што треба. Начин на купување социјален мир.
Технолошки СФРЈ беше назад према развиениот свет...
Ако зборуваме за слобода на говор... не баш слободна, но не баш и како источноевропските комунистички држави.
И една работа што премногу ми се допаѓа од СФРЈ!
Неможеше секој пејач да стане и имаше поквалитетна музика од сега!
Јас ја бирам сегашноста, и гледам позитивно кон иднината!
Ако некому му фали СФРЈ - ОК! Негово лично убедување! Би било убаво да ги имаме сега оние социјални погодности кои ги набројав во почетокот на текстот, но во пракса се покажале како неодржливи, а за друго...незнам.