Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Ова е тема која заслужува малце поголемо внимание и поширока елаборација отколку што го дозволува тоа еден, или неколку форумски постови.
Од времето на СФРЈ јас лично фатив малце, и тоа како дете, така да јас лично не сум баш некој релевантен да зборувам што и како било.
Но, од кажувањата на постарите, од она што сум го прочитал, и со употреба на сопствениот мозок, можам накратко да кажам нешто...
Сметам дека подобриот живот во СФРЈ е... хммм.... не баш мит, ама не баш и вистина.
Верувам дека постарите копнеат по времињата минати, т.е. СФРЈ, заради неколку работи, и тоа:
- Бесплатно здравство
- Слобода на движење
- Социјална сигурност
- Сигурна работа
Тоа се факти, и тука нема што да се спори.
Од оние мои детски сеќавања се редиците насабајле за леб и млеко, бонови за бензин, па пар-непар возење... рестрикции на струја...но и празните рафтови, како и радоста на најобична лименка Кока-кола купена од Грција.
Такви работи да се случуваат денеска...паѓаат влади...
Што можеше да се купи во СФРЈ??? Можеа да се купат домашни производи, кои и не биле така ефтини... Фрижидери, ТВ, се тоа се штедело да се купи, и тоа долго време...ако нема некој кредит во меѓувреме...а кредитите, интересна работа, ги изеде хиперинфлацијата во 80-тите и луѓето за џабе куки изградија и коли изнакупија. Конкуренција на производи каква што има сега - немало.
Можеби имало плати, кои и не биле баш нешто посебно високи (Македонија во рамки на СФРЈ имала најниска просечна плата), ама немало што да се купи.
Во 80-тите, наместо да градат нови фабрики, вработувале во постојните...што ни се одрази по осамостојувањето и во категориите технолошки вишок... Стечајците се производ на транзицијата, благодарение на најкриминалната приватизација, но да се вратам на претходното, т.е. превработеноста.
Се покажа дека фирмите имале по неколку пати поголем број вработено отколку што треба. Начин на купување социјален мир.
Технолошки СФРЈ беше назад према развиениот свет...
Ако зборуваме за слобода на говор... не баш слободна, но не баш и како источноевропските комунистички држави.
И една работа што премногу ми се допаѓа од СФРЈ!
Неможеше секој пејач да стане и имаше поквалитетна музика од сега!
Јас ја бирам сегашноста, и гледам позитивно кон иднината!
Ако некому му фали СФРЈ - ОК! Негово лично убедување! Би било убаво да ги имаме сега оние социјални погодности кои ги набројав во почетокот на текстот, но во пракса се покажале како неодржливи, а за друго...незнам.
фино напишано, ама обрати пажња на моментот во фабриките и превработеноста.... денес тие фабрики 99% се со крената рачна или опљачкани и стојат заторени, ги јаде црвот на времето... и да биле преполнети со работници двојно и тројно, денес нема ниеден вработен таму... во ова време не функционираат воопшто...
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
А зошто да има вработени во технолошки заостаната фабрика? какви производи ќе прави и каде ќе ги продава???
Патем, да потсетам за татко ми кој три години бил без работа, и почнал да пие алкохол поради негледањето надеж. Вработеност, жими Мајкл.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
фино напишано, ама обрати пажња на моментот во фабриките и превработеноста.... денес тие фабрики 99% се со крената рачна или опљачкани и стојат заторени, ги јаде црвот на времето... и да биле преполнети со работници двојно и тројно, денес нема ниеден вработен таму... во ова време не функционираат воопшто...
За тоа мислам дека фино реков... виновна е транзицијата, т.е. приватизацијата која се изведе на најлош можен начин, а со цел разграбување на општествениот капитал на еден перфиден начин под маската на „подобро утре“.
А за преполнетоста со работници... тоа со сигурност тврдам! Кога веќе државата е сопственик и главен стопанственик, требало да вложува во нови капацитети, но и во модернизација.
Можеби со таква политика немаше да имаме баш таква транзиција.
На почетокот на транзицијата имавме повеќе нерентабилни фирми и загубари, отколку здрави и финансиски силни фирми.
На другиот начин, можеби би имале силни фирми и во транзицијата главешините би се задоволиле само со стекнување на сопственоста и би продолжиле со дејноста...
И еден друг аспект ми е интересен...
Колку краделе директорите во социјализмот (не бројам тука партиски функционери и повисоки нивоа)...
Отприлика...стан, куќа и евентуално некоја викендица...и добра кола... тука има понешто „лапнато“.
Не дека е малку, ама ај да го споредиме тоа со фамозната транзиција??? Минимално...смешно дури...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Македонија изгуби најмногу во тој систем.
Парите од тутунот и оризот одеа во федералниот буџет, особено во повоеното време(1944-1949) кога овие продукти беа многу солидно плаќани на светските пазари( а Ченто кој се залагаше за самостојна економија отиде јабана). Истото се случи и со афионот, памукот, конопот...Не се создаде никаква стратегија Македонија да се претстави како земјоделска земја во која нема да има невработен, туку напротив се национализираше речиси се ( неможност да се располага со својот имот, а со тоа и неможност да се оплодува капиталот 50-60години..знаете ли што значи тоа-каква огромна загуба е во 100-ци милијарди долари).
Катастрофална индустријализација-крајно непланска,скапа, не ефективна, се централизираше градот-Скопје, запустеа многу мали потентни рударски места..напр. Кичево.
Се насобра се живо и диво во Скопје, се вработуваа најразлични необразовани кадри во индустријата, многу малку работеа, а многумина гувееја додека не сфатија дека можат да извадат некоја вреќе цемент, неке железо, па камионот да им донесе песок итн, за нивната ДИВА куќа и питома викендичка,а при тоа да не ги забележи неикој зашто демек секој го правел тоа.
Не го правеше секој. Имаше луѓе(како тако ми) кои ја сакаа Македонија и работеа иновираа, но беа заблудени од тој систем( себе се сметаа за невредни, а било што во федерацијата поголемо-повредно од нив). Така некој ги научил да ќутат и да ја голтаат маката. За моја среќа моите дедовци не ја сакаа федерацијата, а беа ПРВОБОРЦИ, но не и комунисти...и не добија 5-собен стан близу ЗОИЛ. Љубовта кон македонството, тивко, но сигурно ми ја пренесуваа преку преданија.
Се што се изгради, беше на кредит, од некои ЗАПАДНИ банки-земји, а вишок вредност( во поголемиот број фирми) не се правеше. Се делеше капиталот од успешните кон постојаните загубари( никакво пазарно чувство). а некои успешни станаа благодарение на девизта Богатиот север ќе го помага сиромавиот југ. Па се земаа евтини праски од Македонија, се преработува во Словенија и како скап сок ни се враќаа во земјата....
 
Превземено...
 
V

Vollstandig

Гостин
Сите шо ја сакат југославија,заради вработеноста голема им е симпатизирањето и тоа што редовно земале плата , т.е се околу парите било.
Денеска имаме мобилни телефони, телевизори и ред други работи, порано телевизорите, големи колку еден електричен шпорет биле луксуз и скапи, а денеска, обично NEO телевизорче за кај мене всоба зедов за 2800 денари (скопје се по 4500) али битно цените се намалени. Тој шо пиша претходно дека просечна плата кај нас била 340 евра, е гасдно се заебал, кај нас просек на плата е 100 евра, во сите градови Прилеп: 6000-7000 денари просек, (конфекција,кафиќ, тутун и мермерен комбинат) Битола (8-10 000 денари во Рек,Приватен Бизнис,Или на ебанка со грци) и скопје и охрид нормално просечна плата од 12 000 денари.

За останатите во источна македонија и други градови важи истата цена како прилеп и битола.
Е сеа има разлика со просечна плата од 100 -200 евра, до 340 евра како некој шо се замислува. Некој можи зема, али то е директор на фирма, или повисока функција, професор, заболекар и што знам шо...
 
просекот на платите е нешто што е мнооооогу изманипулирано со бројки... така да и јас се сложувам со тоа дека кан нас во суштина реална просечна плата е околу 150 евра... или скопје е околу 200 а другите градови е околу 120 во просек...

--- надополнето ---

24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Битно е да се рка по се што било предходно и да се надеваат дека генерациите што живееле во некое подобро време што побрзо ке изумрат,и ке нема кој да ја кажува вистината како некогаш се живеело

--- надополнето ---

А зошто да има вработени во технолошки заостаната фабрика? какви производи ќе прави и каде ќе ги продава???
Патем, да потсетам за татко ми кој три години бил без работа, и почнал да пие алкохол поради негледањето надеж. Вработеност, жими Мајкл.
А сега тонџи си работи во државна администрација и е под буџет и на тони му е најдобро на свет никогаш не било боље од сега УУУУУУУУ ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647

Патем, во Македонија денес има некаде околу 80 000 (осумдесет илјади) зависници од хероин. Тоа се од тоа што им е убаво па се фиксаат да им биде уште поубаво во животот.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
А сега тонџи си работи во државна администрација и е под буџет и на тони му е најдобро на свет никогаш не било боље од сега УУУУУУУУ ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
Тончи е времено вработен на своето 9то (деветто) по ред работно место. Патем работи за минималец. Во новаата учебна година Тончи ќе појде по сертификати кои ќе му овозможат да го напушти овој проклет балкан. Тука никогаш не било добро, меѓутоа сега е помалку лошо од порано.
И да те поздраам со песнава.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Тончи е времено вработен на своето 9то (деветто) по ред работно место. Патем работи за минималец. Во новаата учебна година Тончи ќе појде по сертификати кои ќе му овозможат да го напушти овој проклет балкан. Тука никогаш не било добро, меѓутоа сега е помалку лошо од порано.
И да те поздраам со песнава.
Чекај сега, кога подобро се живеело? Или и тогаш и сега лошо се живее? Најубаво конопацот и во веце да се луламе според тебе. Бидејќи не можат сите да земат сертификати и да си отидат од овој проклет Балкан. Кисче.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
Еве проста споредба. Моето село до 90та и моето село во 2011.
89та селото конечно добива водовод, Тончи прв пат се бања како и секое нормално детенце. Жителите на Миладиновци и Бујковци со судни маки успеаваат да добијат водовод кој самите ќе го платат и добар дел со свои раце изградат. Во општина им велат, ај бре за сељаци не треба водовод.
Е тука има еден парадокс. Истиот човек кој што му го кажал ова на татко ми, мене лично ми велеше дека сам со раце копал за Миладиновци да добие водовод. Тој човек цел живот е на државно јасле и тежи преку 130 кг.
Телефон???? што кур ќе им е на сељаците телефон, тоа е само за граѓани. Миладиновци НЕМА да добие телефон се до 93та.
Автобус, на два саати, нека идат со магариња ако не им се чека. Или нека седат у село.

Такви спомени мене ми останале од СФРЈ.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Многу од фосиливе на форумот се носталгично сентиментално врзани за тоа време и малку претеруваат но факт е дека во тоа време имало можност со две плати на обични работници да прехраниш семејство, подмириш сметки и платиш рата за кола и стан плус да одвоиш пари за социјален одмор до Претор.
Јес дека колата била фичо и дека единствена салама била од 29 Ноември во рафтовите ама сепак имало некоја социјална сигурност за разлика од сега каде со две работнички плати може да си купиш кинески ајфон и да се сликаш со него.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Дали се живеело поубаво порано или е само мит???:)
Одбери 20 луѓе родени од 50 година па нагоре и прашај ги.
Нема потреба од поголема дискусија и трошење зборови.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Еве проста споредба. Моето село до 90та и моето село во 2011.
89та селото конечно добива водовод, Тончи прв пат се бања како и секое нормално детенце. Жителите на Миладиновци и Бујковци со судни маки успеаваат да добијат водовод кој самите ќе го платат и добар дел со свои раце изградат. Во општина им велат, ај бре за сељаци не треба водовод.
Е тука има еден парадокс. Истиот човек кој што му го кажал ова на татко ми, мене лично ми велеше дека сам со раце копал за Миладиновци да добие водовод. Тој човек цел живот е на државно јасле и тежи преку 130 кг.
Телефон???? што кур ќе им е на сељаците телефон, тоа е само за граѓани. Миладиновци НЕМА да добие телефон се до 93та.
Автобус, на два саати, нека идат со магариња ако не им се чека. Или нека седат у село.

Такви спомени мене ми останале од СФРЈ.
И за разлика од тогаш дојде демократија си дојде вмро на власт и сеуште некој села во скопје немаат водовод нити одвод ( иако им е наплатено за истиот по неколку пати) а миле само сече ленти и се краси со туги перја, патната инфраструктура не е чепната и тонџи кога бил мал што го направиле патот денес тонџи се треска 3 сата до центар по дупки. а недај боже да се јави до брза помош дека дедому е болен и има некаков напад таман ке дојде брзата помош да даде умреница. И дека но тони му е многу подобро пошто ке земе сертификат да бега од овде од прекраснава ни македонија под прекрансото владение на прекрасната ни влада
 
Kajgana Shop

На врв Bottom