Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Hahahahaaa...Bajkeru dali si svesen deneshnava administracija kolku ima takvi koj zimaat plata a nitu klatat vrata?
Veruvam deka vo vremeto na SFRJ si nemal shansi da uzhivash posho si bil mal :motorce: za takvi raboti i otvaranje na biznis......
Togash vo SFRJ toj shto rabotel imal zasluzhena plata i platen odmor +K15 da ne zaboravime!!!
Dodeka denes se ubivash od rabota a neznaesh koga i kolku ke dobiesh lichen dohod-(plata):motorce:
Ја баш нешто многу и не се убивам од работа бе дете. Се убивав кога беше СФРЈ каде во државна фирма еден што беше работлив и посветен на работата, работеше уште за тројца легачи кои ги запослил некој роднина или соселанец на татко им, а факултетите ги имаа завршено со прасињата и телињата што ги заклал дедо им! Денес веројатно има во администрацијата такви што клатат врата и земаат плата, главно од „рамковните“, ама можам слободно да ти кажам дека најголемиот дел си ја заработуваат платата чесно бидејки имам во блиска околина неколкумина државни службеници. Генерализирање според поретки примери не неблагодарна работа па за тоа немој да зборуваш врз база на нешто што си видел ама не си догледал.[DOUBLEPOST=1434234264][/DOUBLEPOST]
Така е, за да се заебаваш со кликање реклами за 0,2 долара треба next to Ворен Бафет генијалец да бидеш. Ова со кликањево по реклами го работат неколку средношколци што ги познавам, ќарот е појачан џепарац за викенди (~3000 ден. месечно).

Да ти беше тебе толку јако и да беше толку јак бизнисмен, ич немаше со глупости како кликање реклами да се замараш...
Очигледно од носот потака не гледаш и толку можеш да разбереш. Убаво напишав дека само кликањето не прави некои пари. Прочитај уште еднаш убаво па после парадирај со тие 15% мозок што ги користиш.
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Ако некогаш воопшто си прочитал за начините на кои може да се заработи на нет, тогаш нема да помислиш да пишуваш вака. Денес постојат многу начни на кои може користејки го интернетот како комуникациско средство да се заработи, достапни за луѓе со различни можности. Значи, не е само фриленсањето или популарно нареченото кликање за пари кое всушност не носи голема добивка доколку не се инвестира во краткорочни акции кои носат профит, туку постојат и разни маркетиншки активности за кои се плаќа, како и тргување на меѓународните берзи со валути, валутни парови, разни стоки, благородни метали и берзански индекси. Арно ама, кога им робуваш на стереотипите од СФРЈ, толку можеш да видиш, не повеќе од тоа!
Илегално е ова во МК.
 
Член од
17 јануари 2015
Мислења
421
Поени од реакции
194
Сега е истото.
Можеш да имаш, можеш да немаш, можеш да бидеш ("нешто"), може да не бидеш ("ништо") - оние кои се "имале" а сегаш немат ќе гледаат со носталгија на овие времиња, оние кои "немаат" сега, а сакаат да "имаат" ќе зажалат за минатите времиња.
Кои се "немале", а сакале да "имаат" ќе се незадоволни од тогашните времиња.
Кои не живееле во тоа време ќе си правиме заклучок врз основа на сопствените проценки.
Што е поважното - дали си "имал" (нешто) или дали си "бил" (нешто) ?
 
Не е се само во материјалното имање. Имав и тогаш, имам иако сепак нешто повеќе и сега. Јас подоброто живеење го доживувам според општото чувство на слобода, неограничување и можност во речиси секој поглед. Според мене колку и да ја фалиме СФРЈ, гнила беше од внатре длабоко. За политичките слободи поарно да не зборувам, не се споредува. Не сакам рани да отварам во тој поглед од времето на СФРЈ.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Ние уште живееме од тоа што се направи во бивша Југославија. Да не беа куќите на родителите или становите кои успеале да ги купат во тоа време, денес ќе бевме бездомни парталковци.

Моите родители на 30 години имале работа, кола и куќа, ништо од тоа немаат наследено, самите си го стекнале. Колкумина од вас можат да се пофалат со такво нешто?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.932
Поени од реакции
15.952

јас се вработив 1976 и за 5 год работа заштедив 25000 дм, имав висока плата но штедев, немав ни кола и излегував ретко. Но друг беше проблемот тогаш, се беше со врски и пријатели, некој добиваа опѓтествени станови а некој не можеа ни со пари да купат. Да не зборувам за коли, позната афера беше кога рено 4 поскапи преку ноќ за речиси дупло а на луѓето кој имаа уплатено од порано им пропаднаа парите во безвредните ју денари. Малку ред направи последниот премиер Анте Марковиќ, па СФРЈ дури имаше можност да влезе и во ЕУ, но тое не одговараше на СКЈ и ЈНА.
А да потсетам на уште постари работи, вујкоми кој беше во воениот врв беше наместен и пратен на Голи Оток, веројатно што на состанок кажал дека во офицерскиот магацин има се а народот не може да купи ни најосновни продукти, Таткоми работеше на големо земјоделско стопанство во Војводина, старите луѓе ги носеа на полињата со камиони а младите организираа игранки и блуд:D. Е сега ова може беше и од политика за зголемување на наталитетот, по војната.
Сигурноста беше релативна, се тепава мало со мало, на одење до школото не напаѓаа без причина водњанци, а кога учев во Пролет мичуринци. Комшиите беа буџовани и имаа куќна помошничка, се сеќавам дека ја силувале десет души на еврејски гробишта. Сифурноста а и животот се подобри по земјотресот...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А ова да го додадам: Дедо ми имал дуќан (бакалница) пред војната 1941, за време на војната, и по војната. И му дошле од државата и „во името на народот“ му го одзеле и го направиле државен.
Дали ти кажале дека во тоа време да си бил бакалџија требало да си соработник со окупаторите, со шајкачите и татарите,а секако да имаш и слики од Цар Борис или Караџорџевиќ
А демек сакаш да кажеш дека дедо ми бил за Борис или за Александар? Ова е најголемата глупавост што можеше да ја истресеш, што е типична догма останата од времето на „комунизмот“. Тотална невистина. Демек, не можело да се работи, да се отвори дуќан и се матка нешто да се врви животот.
Уште една негативност од „комунизмот“ (со која е задоен и охриѓанецот, мој „полуземо“) е што заработката, богатењето го направија тешко зло. Дедо ми воопшто не бил богаташ, но работел. Ти веројатно си имал дедовци кои биле тешки сеирџии и чекале државата да им даде се. Како што денес се очекува тоа. Не, тоа ни е најголемата маана, исто така оставштина од СФРЈ. Не се научивме да работиме.
Југославија имаше 20 милијарди долг, но тој долг беше само од „непростените“ кредити. Веќе пишав дека на СФРЈ неколку пати и беа отпишувани долгови. А плус... тие 20 милијарди имаа сосема друга вредност во тие години.
Да се разбереме, јас не сум од оние кои плукаат по СФРЈ. Јас не сакам после битка да сум генерал и да плукам по се што минало. Напротив, убаво ми беше се да е ОК, без разлика каде ти работат родителите. И да е загубар, платата те чека на први. Ама сум свесен дека е тоа илузија која не може долго да трае.
Ајде да сме реални, па да си признаеме дека во СФРЈ Македонците бевме „гревчињата“. Потценети, не ретко омаловажувани (секако, не јавно)... Но, тоа е друга тема.[DOUBLEPOST=1434369771][/DOUBLEPOST]
Ние уште живееме од тоа што се направи во бивша Југославија. Да не беа куќите на родителите или становите кои успеале да ги купат во тоа време, денес ќе бевме бездомни парталковци.

Моите родители на 30 години имале работа, кола и куќа, ништо од тоа немаат наследено, самите си го стекнале. Колкумина од вас можат да се пофалат со такво нешто?
Тоа е работата, што стекнувањето не беше баш на реална (пазарна) основа. Пишав за кредитите... Земи 50,000... врати 30,000 евра (денешни). Пак велам, супер е тоа, ама тоа е во светот на бајките, додека си дете, ама минува времето и не може веќе.[DOUBLEPOST=1434370355][/DOUBLEPOST]
ЦЦЦЦЦЦЦЦ. Не знам што се случува со вас бе луѓе. Стварно не ми е јасно како сте се уште убедени дека овој систем е подобар? Викаш дека сега имаш поголема можност за заработка,така? Епа нормално Мандрак,секој ќе има можност за поголема заработка ако има во банка едно 50 000 евра па да си започне со приватен бизнис. Ама луѓево на денешницава немаат ни 2 денари заштедено,така да ... Истотака, викаш дека во приватна компанија како вработен ќе мораш да си ја заработиш платата. А за каква ПЛАТА правиме муабет ? Велешката е 10 - 12 000 денари.Некаде и помалку.А и во другите градови не е нешто за фалење работава. Тато со југословенската плата заштедил и за куќа и за кола и за одмори се имало и како крал живеел.Се тепале кој да плати кога идела сметката во кафана.Сега за леб се нема бе човече. Луѓево од стресови изумреа пошто немаат ни сметките да си ги платат.
А бе нормално дека тој систем е подобар, ама цело време трубам дека тој систем не е поставен на реални основи и не може да опстане. Не може да се земаат плати, да се даваат багателни кредити, да се даваат станови за без пари, одмори за без пари.... Некој мора да плати за тоа. Е сега, Кувајт можеби може така, со нафтата... ама Југославија немаше економска сила за тоа. Се беше од странски крадити, а не од економски благодети и раст.
Пак ќе повторам. СУПЕР е така... и МНОГУ ПОУБАВО од денеска (ако е тоа прашањето), ама треба да сме сериозни и зрели да кажеме дека не може тоа за долго да тера.
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2015
Мислења
14
Поени од реакции
8
Југославија била закон! Точка, крај, пупу... Особено кон крајот, кога луѓе си испоземаа станови со рати колку за кутија цигари:)

Мислам кој како де...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
јас се вработив 1976 и за 5 год работа заштедив 25000 дм, имав висока плата но штедев, немав ни кола и излегував ретко. Но друг беше проблемот тогаш, се беше со врски и пријатели, некој добиваа опѓтествени станови а некој не можеа ни со пари да купат. Да не зборувам за коли, позната афера беше кога рено 4 поскапи преку ноќ за речиси дупло а на луѓето кој имаа уплатено од порано им пропаднаа парите во безвредните ју денари. Малку ред направи последниот премиер Анте Марковиќ, па СФРЈ дури имаше можност да влезе и во ЕУ, но тое не одговараше на СКЈ и ЈНА.
А да потсетам на уште постари работи, вујкоми кој беше во воениот врв беше наместен и пратен на Голи Оток, веројатно што на состанок кажал дека во офицерскиот магацин има се а народот не може да купи ни најосновни продукти, Таткоми работеше на големо земјоделско стопанство во Војводина, старите луѓе ги носеа на полињата со камиони а младите организираа игранки и блуд:D. Е сега ова може беше и од политика за зголемување на наталитетот, по војната.
Сигурноста беше релативна, се тепава мало со мало, на одење до школото не напаѓаа без причина водњанци, а кога учев во Пролет мичуринци. Комшиите беа буџовани и имаа куќна помошничка, се сеќавам дека ја силувале десет души на еврејски гробишта. Сифурноста а и животот се подобри по земјотресот...
Во тоа време подобро се живееше. Точно е дека имаше т.н црвена буржуазија, и дека не беа баш сите еднакви, но дека беше подобро од овој простатилук што сега го живееме, беше.

У врска со сигурноста, ти ептен ја тенчиш. Да, сега е подобро: те тепаат и те ставаат на јутјуб, па ти види дали е посигурно или не. Имаат секс дечко и девојка, му раскинува, и тој ги става снимките од секс на јутјуб.
За Голи Оток не зборам - најголемиот број од нив се таму по грешка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom