http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=58762
Плоштадот во Струмица по терк на француски Лион
Шест фирми се пријавија на тендерот за изградба на плоштадот во Струмица. Локалната компанија Жикол со најповолна понуда. Конкурирала со понуда вредна околу 184 милиони денари. Доколку ги исполни и останатите критериуми, за помалку од месец токму оваа фирма може да ја отпочне изградбата на плоштадот.
Проектот чини околу 4 милиони евра. Струмичкиот плоштад треба да добие нов лик до почетокот на 2011 година.
Струмица ќе стане град со простран плоштад. Според проектот на општината,тука од година сообраќајот ќе се одвива подземно, а предвидена е и гаража.
Идејата е земена од француски Лион кој според градските власти има најдобро решение за централното градско подрачје.
...Се што можам да кажам е само големо БРАВО :smir: Ова е причина да им завидуваме на струмичани од 2011 па натаму.
Се надевам и другите градови ќе покренат слични иницијативи.
Сакам убав плоштад по светски терк и во Гевгелија!