Во Аеродром почнува да се гради Воден Парк

Член од
13 август 2008
Мислења
814
Поени од реакции
100
Денеска почна да се гради Паркот на езерата во Општина Аеродром кај спортската сала „Јане Сандански“, до кејот на реката Вардар.


Водениот парк, во кој општината инвестира 60 милиони денари, ќе се простира на површина од околу 11.000 метри квадратни, од кои 1.800 метри квадратни водена површина со четири езерца.
Во централниот простор на паркот на подигнато плато сместено е најголемото езерце, кое се простира на околу 900 квадратни метри, а ќе содржи две фонтани во централниот дел, кои ќе се прелеваат една во друга. Во средина на централната фонтана ќе биде поставена метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром. Во најмалото езерце ќе има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца ќе содржат по два водопади, мост и гејзери.
На околу 5.420 квадратни метри, пак, ќе има тревни површини со висока и ниска вегетација и што е најважно паркот ќе има три сопствени бунари, кои ќе се користат за полнење на езерата, а за тревниците ќе има вграден автоматски систем за наводнување.

Осветлувањето на паркот, кон кој ќе гравитираат 10 влезови, ќе биде со канделабри во централниот дел на паркот, како и ниско амбиентално светло низ целиот парк. Осветлени ќе бидат и езерата и фонтаните со амбиентално светло со ефекти со што ќе се добие сосема друг изглед на паркот ноќе.1111
Исто така, паркот, ќе има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со жардиниери со место за седење, шеесетина клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема.
Пешачките патеки со површина од 3.795 квадратни метри ќе бидат обработени со различни типови на гранит, базалтни коцки, кулир и бехатон.
Курир.мк
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.506
Ајродром може комотно да се прекрсти во Вотердром.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
381
Јас мислам подобро би било факултет да се изггради абе да учат децата не да мочаат у водана
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.726
Поени од реакции
3.307
Нека се гради. Само што треба и во другите општини, а не само во Аеродром.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.721
Поени од реакции
1.971
Што и да се гради е лошо ,само да се краде треба така ке бидат позадоволни .
--- надополнето: 18 декември 2011 во 20:28 ---
Јас мислам подобро би било факултет да се изггради абе да учат децата не да мочаат у водана
Факултети има премногу .Изгледа не си долго време во Македонија .
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.798
Поени од реакции
14.409
и што е овде ново, Н И Ш ТО, го имаше и на сите вести
јас помислив нешто ќе прават во Пехчево или Демир Хисар
овака ова е стара песна,си наоѓат работа и пари за некои
нивни познати фирми и волкот сит и .................
Што не им текне конечно да го обноват и реконструираат,
Сарај, Хиподромот, езерото Треска или Гази баба па и тоа
е Скопје и таму живее народ ама тие не се во Аеродром или
Центар а беа толку убави излетнички места во минатото.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Нека се гради. Само што треба и во другите општини, а не само во Аеродром.
За тоа вашите градоначалници нека му ја мислат
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Стварно убава замисла, само некако многу солено ми изгледа :).
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.553
Поени од реакции
55.224
А што бидна со салата за МЗТ !?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.726
Поени од реакции
3.307
За тоа вашите градоначалници нека му ја мислат
Абе пак некој треба да му даде пари, немаат некои општини толку многу пари за такви проекти. Нека даде владата некој денар плус.
 
P

PewDiePie

Гостин
....подобро 1,2 милиони и парк...отколку некој да ги стави во џеб и местото да остане депонија
Точно така,само нека се гради нека се обновува прво Скопјево да се среди па после и другите поголеми а и помали градови.

П.С. Мора да се почне од негде бе мрчатори,ако продолжеа и овие со истата песна што ја пееа вашите Господ само знае кај ќе ни беше крајот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
2.865
се гради нешто, зошто се гради, не се гради ништо зошто не се гради ништо, ебате луѓето се нешто ви фали, што сакате?
место вие ХЕЈТЕРИ јас најголем хејтер станав поради вас.

што и да се направи во државава одма да се мрчи нешто, се не ви чини, или може вие нечините

неможам да ве сфатам а не па да ве сварам.
 
На врв Bottom