- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 827
- Поени од реакции
- 101
Денеска почна да се гради Паркот на езерата во Општина Аеродром кај спортската сала „Јане Сандански“, до кејот на реката Вардар.
Водениот парк, во кој општината инвестира 60 милиони денари, ќе се простира на површина од околу 11.000 метри квадратни, од кои 1.800 метри квадратни водена површина со четири езерца.
Во централниот простор на паркот на подигнато плато сместено е најголемото езерце, кое се простира на околу 900 квадратни метри, а ќе содржи две фонтани во централниот дел, кои ќе се прелеваат една во друга. Во средина на централната фонтана ќе биде поставена метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром. Во најмалото езерце ќе има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца ќе содржат по два водопади, мост и гејзери.
На околу 5.420 квадратни метри, пак, ќе има тревни површини со висока и ниска вегетација и што е најважно паркот ќе има три сопствени бунари, кои ќе се користат за полнење на езерата, а за тревниците ќе има вграден автоматски систем за наводнување.
Осветлувањето на паркот, кон кој ќе гравитираат 10 влезови, ќе биде со канделабри во централниот дел на паркот, како и ниско амбиентално светло низ целиот парк. Осветлени ќе бидат и езерата и фонтаните со амбиентално светло со ефекти со што ќе се добие сосема друг изглед на паркот ноќе.1111
Исто така, паркот, ќе има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со жардиниери со место за седење, шеесетина клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема.
Пешачките патеки со површина од 3.795 квадратни метри ќе бидат обработени со различни типови на гранит, базалтни коцки, кулир и бехатон.
Курир.мк