- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.879
- Поени од реакции
- 1.092
Во Австралија според последниот попис има близу 100.000 граѓани со македонско потекло.
Според резултатите, 68.849 лица се изјасниле дека покрај англискиот го зборуваат и македонскиот јазик, а 40.222 оти се родени во Република Македонија
На пописот од 2006, 67.833 кажале дека зборуваат македонски, а 40.656 дека се родени во Македонија.
На средбата со претставници на Австралиското биро за статисика, почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески ги поздрави пописните резултати, кои, како што оцени, се нов импулс за развојот на македонската заедница во Австралија како и за развојот на билатералните односи со Република Македонија.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-avstralija-ziveat-okolu-100-iljadi-makedonci