Во Австралија живеат околу 100 илјади Македонци

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Во Австралија според последниот попис има близу 100.000 граѓани со македонско потекло.
vesti-sredbanamakedonskiotpocesenkonzul_102894.jpg
Австралиското биро за статистика денеска ги објави првичните резултати од минатогодишниот попис на населието, кои покажуваат дека Австралија има 22.485.300 жители од кои 93.570 се изјасниле дека се со македонско потекло. На последниот попис во 2006, 83.978 лица се изјасниле со македонско потекло.

Според резултатите, 68.849 лица се изјасниле дека покрај англискиот го зборуваат и македонскиот јазик, а 40.222 оти се родени во Република Македонија
На пописот од 2006, 67.833 кажале дека зборуваат македонски, а 40.656 дека се родени во Македонија.
На средбата со претставници на Австралиското биро за статисика, почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески ги поздрави пописните резултати, кои, како што оцени, се нов импулс за развојот на македонската заедница во Австралија како и за развојот на билатералните односи со Република Македонија.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vo-avstralija-ziveat-okolu-100-iljadi-makedonci
 
Што ви мењава тоа? А и 99% од нив си гледаат бизнисите и не се замараат за овде што се случува..
 
и ја десет долара че дам, ама ова знамето шо го продадоа дека се парите?
 
Исто како да ги немаме.

издржано,ама малку и претерано

еве на пример Битола гледа доста фајде од иселеничките пари,во лето кога идат доста крева прометот во сите помали бизниси од нив

толку сме испустени што редовно се чека лето за да оживат луѓето тука иако немаме туризам - имаме доста иселеници........

и не можам да ги окривам тие луѓе што државата заборавила дека сепак и припаѓаат/ле нејзе и многу лесно се откажала од нив откако тие заминале
 
И тие што се ќе прекинат со време да се враќаат, веќе трето колено се таму од кога почна иселеничката политика за Австралија. Ќе си пратат по еден поздрав на прв програм во иселенички џубокс и две банки за цела година и толку. Со текот на времето и ќе прекинат и да идат, како се менуваат генерациите.
 
Абе до некаде ти држи вода муабетов.Особено за новите генерации. Но сакам да те дополнам, ќе се врати некој, па може и ќе спаси некој,некоја со тоа негово враќање. Ќе бидне свадбичка ќе се спаси уште некој.:)
 
Велиш ќе се усреќи некој :icon_mrgr:
И во ова не верувам, дедовците им се веќе починати да ги тераат на такви венчавки, а младите баш и не се замараат за тоа. Како мине времето скроз ќе исчезне и шансата на некоја дроља да пребега во Австралија и да има машина за перење.
 
Што ви мењава тоа? А и 99% од нив си гледаат бизнисите и не се замараат за овде што се случува..
Па не ни треба да се замараат за овде право да ти кажам..
Секој што излегол од државава со цел да најде подобар живот за себе и за своите, не е будала да се враќа во држава која не му го обезбедила тоа што го барал.
Што има да се замараат за наши проблеми овде, тие си имаат свои проблеми..
 
Ајде народе плукајте по дијаспората малце се досегашниве теми :facepalm:
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 16:08 ---
И тие што се ќе прекинат со време да се враќаат, веќе трето колено се таму од кога почна иселеничката политика за Австралија. Ќе си пратат по еден поздрав на прв програм во иселенички џубокс и две банки за цела година и толку. Со текот на времето и ќе прекинат и да идат, како се менуваат генерациите.

Ако, така треба за да осетите вие што плукате дека сепак не биле толку лоши и се значаен фактор за Македонската економија. Ама тогаш за џабе, затоа викам плукајте и забрзајте го тој процес.
 
Не биле многу , а многу галама се крева околу нив.

И не знам што зборувате за повратак , не можеме да ги задржиме овие што се тука , а кај би се вратиле тие што се отидени пред неколку децении.

Последните 10 години од Македонија сигурно се заминати над 100.000 лица.

Барем нека идат за време на годишните одмори , нека остават некој денар, да ни дојде како инфузија.

Насекаде кога се летните одмори , сите мируваат , само кај нас сите гледаме да извадиме некој денар, заради печалбарите , за да имаме на зиме.
 
80 % од тие незнаат што се случува со и во државава и си гледаат бизнисот и парите не се ни замараат со македонија другите..
 
Абе до некаде ти држи вода муабетов.Особено за новите генерации. Но сакам да те дополнам, ќе се врати некој, па може и ќе спаси некој,некоја со тоа негово враќање. Ќе бидне свадбичка ќе се спаси уште некој.:)
Ех ти па, кенгури во Битола преку лето колку сакаш, е сеа дали ќе земат некоја таму или клецкаат само локално, тоа си е нивно :icon_mrgr:
 
Па не ни треба да се замараат за овде право да ти кажам..
Секој што излегол од државава со цел да најде подобар живот за себе и за своите, не е будала да се враќа во држава која не му го обезбедила тоа што го барал.
Што има да се замараат за наши проблеми овде, тие си имаат свои проблеми..
Епа тоа де.. :D
 
Samo prodolzete taka, epten daleku ke stignete. I 2 banki da ispartile, i na odmor da dosle pak nesto napravile i direktno ili indirektno imate kjar od toa. Sto imaat oni od vas? Namesto da gradime mostovi i da gledame kako da gi vratime ili bar zainteresirame za Makedonija nie porado bi plukale. Toa e polesno. Zatoa ni e drzavata tolku napredna. Kolektivno hipnotizarni so ljubomora i omrza. Drogirana nacija koja uporno se samounistuva.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom