Сега претеруваш, Авганистан никого не порази, информирај се малку за да не бегаме од темата.
Виетнам исто така никого не порази.
Уште помалку Чеченија некого порази.
Кога си во позиција на напад, неостварените цели на нападот се еднакви на пораз. Нема потреба твојата војска да била тотално поразена, неуспешен си во намерите, тоа е еднакво на пораз.
Пример:
Хитлер ја нападна Франција, а Франција капитулираше. Тоа е победа.
Хитлер ја нападна Велика Британија, освен каналските острови, нападот беше одбиен. Тоа е пораз. Хитлер се уште поседувал најсилна војска на светот во тоа време, ама сепак е поразен во операцијата Морски Лав.
Ниту СССР ниту САД не ги остварија своите цели во Авганистан. На САД целите во Авганистан се тема за себе, сепак во двата случаја е пораз.
САД не ги остварија своите цели во Виетнам, Иран, Гренада, Куба... Се се тоа порази. Една Куба победи сосед нуклеарна сила во Заливот на Свињите.
Од друга страна, да опстанеш додека се браниш е рамно на победа, без разлика колку ќотек си изел. На тој начин Виетнам победи две нуклеарни сили, САД и Кина.
На истиот тој начин Чеченија ја победи РФ во првата чеченска војна. Си ја задржа територијата и самостојноста. Во втората чеченска војна Путин ги здроби. Е тоа е победа за РФ и пораз за Чеченија.
На истиот тој начин Украина ја победува РФ моментално. Се уште си ја поседува државата и војската, каква таква.
Но како што веќе реков, не повлекувај аналогија на ова што се случува во Украина со тие претходни војни, ем што немаат врска едно со друго па дури и напишав дека во тие војни САД спроведуваше и инсталираше демократија а овде РФ војува за својот опстанок, значи РФ како нуклерана сила е загрозена не се загрозени нејзините интереси на Марс или не знам каде.
Сосема не си во право.
Со влегување на Украина во НАТО, РФ немаше да престане да постои. Ќе беше удар за имиџот и влијанието, ама немаше да престане да постои.
Со самото тоа, не е ова борба за опстанок.
Напротив, "борба за опстанок" е пропаганден наратив за да се убеди руското население дека ова не е бесмислена борба за моќ и влијание.
Многу повеќе луѓе би се бореле за опстанок, отколку за хировите на Путин. Путин и неговата машинерија за пропаганда се многу свесни за тоа. А како што гледам и успешни во убедувањето.
Ако РФ престане да се бори ќе нема војна, ако Украина престане да се бори, ќе ја нема Украина. Украина за разлика од РФ се бори за опстанок.
И ти си подлегнал на наративот кој Медведев го пласира, дали е некаков договор или самиот го прави тоа (во што не верувам тоа е сериозна држава) не знам. Ако не си знаел токму тој Медведев (како претесдател во тоа време) не сакаше да интервенира во случајот со Либија, така што наративот што го тера со нуклераките е за посебна публика и како што гледам си наоѓа место и овде на форумов.
Кога Медведев се заканува со нуклеарки, за мене тоа е сериозен проблем. ДМ е во првите пет луѓе на Путин. Кога Путин се шалташе претседател - премиер - претседател во комплет со ингеренциите, Медведев му беше број еден.
Тоа е сериозно за цел свет, не само за мене.
Хипотетички ако Путин ненадејно умре, очекувам Медведев да го замени. Се надевам нема.
Далеку е Путин од умерен, тој само добро игра со играта добар и лош полицаец, а на увцето тоа добро му доаѓа па многумина се фаќат.
Путин е пред се реален политичар кој се одлучил да со помош на други лидери го редефинира (под редефинира пред се се мисли на стави точка на доминацијата на ЕУСА империјата) светот и да го укине еднаш за секогаш колонијализмот(илити неоколонијализмот како ти драго).
Путин не е загрижен за историјата туку за иднинаната, а историја многу добро ја познава и не сака истата да се повторува односно сака да избегне да се повтори.
Ти уште малку витез на правдата ќе го направиш Путин, а уствари повеќе Дон Кихот излезе.
Пример, Филип 2ри бил лидер кој мислел на иднината, бидејќи работел за наследство и продолжување на егзистенција, моќ и влијание. Ненадејно умрел, па Александар наследил добар државен апарат и добра позиција за да го освои светот. Ама Александар не мислел на иднината, па се се урнало ко кула од карти.
Ако Путин денес умре, РФ ќе се урне ко кула од карти, тоа не е мислење на иднината.
Во врска со Пригожин имаше непроверени инфромации дека имал соработка со западниве демократи и дека веројатноста да одработува за нив е многу веројатна, зошто немаше остра реакција хм не знам можеби затоа што тој и цела таа екипа одеше со наративот дека се тие многу големи Руси и се повеќе за Русија од овие сега на власт.
Клучен збор, непроверени.
Пригожин е човек на Путин од самиот почеток. За него си е Путин сам крив и дебело оплеска, за малку скапо ќе го чинеше. Путин поснемува луѓе од доверба, а тоа е уште полошо.
Е токму тоа те прашав, ќе постои ли Украина или не, а јасно е кој одлучува ама во случајов се прашуваат и овие западнњациве ЕУСА, само што ним им е важна како и ланскиот снег , а на РФ им е од егзистенцијална природа, при што многумина забораваат дека населението од Украина барем во 50% случаи има роднински и пријателски врски со луѓето во РФ.
Украина е битна за западот од три причини:
1. Евтина житница и работна рака
2. Бафер држава на Европа, ако некој јаде ќотек од РФ тоа е Украина а не ЕУ
3. Алатка против РФ, за сега успешно злоупотребена
Муабетите за роднини на украинците одамна умреа, впрочем од 2014 со Крим и Донбас исчезна сета љубов што постоела. Никогаш повеќе Украина нема да ја чувствува Русија за братска.