Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
23 мај 2019
Мислења
4.347
Поени од реакции
5.080
Паметно, мислам дека си многу во право. Испушташ само природна одбрана како реки и планини. Може да испланираат офанзива која ќе има цел да стигне до некоја река, па нема да мора да градат сериозни фортификации.
Ако воопшто имаат сила
Постојано пласираш наратив во кој на крајот НАТО украинските сили би ја поразиле Руската Федерација. (ако ова не е точно тогаш занемари се останато)
Можеби имаш сознанија кои ние останатите ги немаме и затоа така мислиш, но сепак да прашам:

Како мислиш една не-нуклерана земја(затоа што сите велите дека НАТО не бил учесник во оваа војна) да порази една нуклеарна сила како РФ???

Точно е дека ова во моментов е класична конвенционална војна, но зошто мислиш (ако така мислиш) дека истата не може да биде нуклерана... и повикување на аналогија со поранешните војни кои ги водеше САД немаат никаква врска со ова.
Уште пред многу години оние кои ја креираат геостратешката позиција на САД (како Бжежински и ...) ја имаат одредено Украина како “Ахилова пета“ за РФ (што се покажа за точно)... и истата е програмирана денес да биде средство во рацете на ЕУСА против РФ.

РФ во случајов според повеќе индикатори води одбранбена војна, што значи дека по никаква цена не смее да ја изгуби, па тогаш што би ја спречило да употреби и поразорни оружја за да ја сочува својата територија и слобода?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508

Русија е далеку од губење на војната, беше блиску со пучот на Пригожин, ама среќа беше неуспешен. Пучевите се секогаш непредвидливи и не одат често на арно, напротив.
Русија може тотално да изгуби ако го мавне Путин срце и умре, па олигарсите ќе се потепаат за власта и Украина ќе профитира. Или можеби нов пуч, ама уште потешко тоа.

После секој обид за пуч, следи чистка, сведоци бевме на чистката со Суровикин како најкрупна ѕверка. Ама има истанци во историјата како Марко Аурелиј, каде врховниот командант убива потенцијални непријатели ама и корумпирани моќници во системот. Таков корумпиран гувернер на провинција му пресудил на Марко за да си го спаси животот, но не и за да дојде на власт. Има можност за слично сценарио сега, ама сепак мало. Путин не е глуп.

Крим е невозможна мисија за Украина. Без воздушна надмоќ Украина не може да влезе во Крим. Со Ф16 нема да постигнат воздушна надмоќ, можеби паритет, не и надмоќ.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.347
Поени од реакции
5.080
@Klinton, да повторам прашањето, ако сакаш одговори ако не не мораш, ама тогаш немој ни да пишуваш за политичките превирања во РФ или дека Путин не бил глуп, сите знаеме дека не е, затоа што неличи на г-дин Алцхајмеровски.

Како мислиш една не-нуклерана земја(затоа што сите велите дека НАТО не бил учесник во оваа војна) да порази една нуклеарна сила како РФ???

И уште нешто: дали мислиш дека по завршувањето на сето оваа и понатаму ќе постои држава со име Украина како антируски ентитет?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Како мислиш една не-нуклерана земја(затоа што сите велите дека НАТО не бил учесник во оваа војна) да порази една нуклеарна сила како РФ???
Не е толку незамисливо. Авганистан е ненуклеарна сила, во од прилика камено доба, ама порази не една, туку две нуклеарни сили. Виетнам порази нуклеарна сила. Чеченија порази нуклеарна сила.

Ако се праша Медведев, нуклеарки ќе летаат за 20 минути од сега. Ама Путин е поодмерен и мудар. Исто така е нарцис и самоуверен ( како скоро сите лидери на земји) и е длабоко загрижен за историјата. Путин е свесен дека нема да живее вечно, свесен е дека е дел од историјата, и нема да оди во историските книги како лудак со нуклеарки. Затоа и е добро што Пригожин не успеа во пучот. Не се сите умерени како Путин.

И уште нешто: дали мислиш дека по завршувањето на сето оваа и понатаму ќе постои држава со име Украина како антируски ентитет?
Украина е 30 години реалност и постои, и покрај руска инвазија, се уште постои. Освен ако Русија целосно не ја покори, Украина и понатаму ќе постои.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.347
Поени од реакции
5.080
Не е толку незамисливо. Авганистан е ненуклеарна сила, во од прилика камено доба, ама порази не една, туку две нуклеарни сили. Виетнам порази нуклеарна сила. Чеченија порази нуклеарна сила.
Сега претеруваш, Авганистан никого не порази, информирај се малку за да не бегаме од темата.
Виетнам исто така никого не порази.
Уште помалку Чеченија некого порази.

Но како што веќе реков, не повлекувај аналогија на ова што се случува во Украина со тие претходни војни, ем што немаат врска едно со друго па дури и напишав дека во тие војни САД спроведуваше и инсталираше демократија а овде РФ војува за својот опстанок, значи РФ како нуклерана сила е загрозена не се загрозени нејзините интереси на Марс или не знам каде.

Ако се праша Медведев, нуклеарки ќе летаат за 20 минути од сега. Ама Путин е поодмерен и мудар. Исто така е нарцис и самоуверен ( како скоро сите лидери на земји) и е длабоко загрижен за историјата. Путин е свесен дека нема да живее вечно, свесен е дека е дел од историјата, и нема да оди во историските книги како лудак со нуклеарки. Затоа и е добро што Пригожин не успеа во пучот. Не се сите умерени како Путин.
И ти си подлегнал на наративот кој Медведев го пласира, дали е некаков договор или самиот го прави тоа (во што не верувам тоа е сериозна држава) не знам. Ако не си знаел токму тој Медведев (како претесдател во тоа време) не сакаше да интервенира во случајот со Либија, така што наративот што го тера со нуклераките е за посебна публика и како што гледам си наоѓа место и овде на форумов.

Далеку е Путин од умерен, тој само добро игра со играта добар и лош полицаец, а на увцето тоа добро му доаѓа па многумина се фаќат.

Путин е пред се реален политичар кој се одлучил да со помош на други лидери го редефинира (под редефинира пред се се мисли на стави точка на доминацијата на ЕУСА империјата) светот и да го укине еднаш за секогаш колонијализмот(илити неоколонијализмот како ти драго).
Путин не е загрижен за историјата туку за иднинаната, а историја многу добро ја познава и не сака истата да се повторува односно сака да избегне да се повтори.

Во врска со Пригожин имаше непроверени инфромации дека имал соработка со западниве демократи и дека веројатноста да одработува за нив е многу веројатна, зошто немаше остра реакција хм не знам можеби затоа што тој и цела таа екипа одеше со наративот дека се тие многу големи Руси и се повеќе за Русија од овие сега на власт.

Украина е 30 години реалност и постои, и покрај руска инвазија, се уште постои. Освен ако Русија целосно не ја покори, Украина и понатаму ќе постои.
Е токму тоа те прашав, ќе постои ли Украина или не, а јасно е кој одлучува ама во случајов се прашуваат и овие западнњациве ЕУСА, само што ним им е важна како и ланскиот снег , а на РФ им е од егзистенцијална природа, при што многумина забораваат дека населението од Украина барем во 50% случаи има роднински и пријателски врски со луѓето во РФ.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.267
Поени од реакции
37.965
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.028
Поени од реакции
22.374
Situation on Zaporizhia front: During the last 3 days Ukrainian Army made notable progress at Robotyne axis in which troops took control over the neighbouring forests and are fighting for the first houses of the town. Recent video footage shows Russian Army targeting Ukrainian troops in the area, which confirms the advances are reaching ever more southerly positions as well as the increased use of material and human resources.

photo_2023-08-15_18-11-19.jpg
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Сега претеруваш, Авганистан никого не порази, информирај се малку за да не бегаме од темата.
Виетнам исто така никого не порази.
Уште помалку Чеченија некого порази.
Кога си во позиција на напад, неостварените цели на нападот се еднакви на пораз. Нема потреба твојата војска да била тотално поразена, неуспешен си во намерите, тоа е еднакво на пораз.
Пример:
Хитлер ја нападна Франција, а Франција капитулираше. Тоа е победа.
Хитлер ја нападна Велика Британија, освен каналските острови, нападот беше одбиен. Тоа е пораз. Хитлер се уште поседувал најсилна војска на светот во тоа време, ама сепак е поразен во операцијата Морски Лав.

Ниту СССР ниту САД не ги остварија своите цели во Авганистан. На САД целите во Авганистан се тема за себе, сепак во двата случаја е пораз.

САД не ги остварија своите цели во Виетнам, Иран, Гренада, Куба... Се се тоа порази. Една Куба победи сосед нуклеарна сила во Заливот на Свињите.

Од друга страна, да опстанеш додека се браниш е рамно на победа, без разлика колку ќотек си изел. На тој начин Виетнам победи две нуклеарни сили, САД и Кина.

На истиот тој начин Чеченија ја победи РФ во првата чеченска војна. Си ја задржа територијата и самостојноста. Во втората чеченска војна Путин ги здроби. Е тоа е победа за РФ и пораз за Чеченија.
На истиот тој начин Украина ја победува РФ моментално. Се уште си ја поседува државата и војската, каква таква.

Но како што веќе реков, не повлекувај аналогија на ова што се случува во Украина со тие претходни војни, ем што немаат врска едно со друго па дури и напишав дека во тие војни САД спроведуваше и инсталираше демократија а овде РФ војува за својот опстанок, значи РФ како нуклерана сила е загрозена не се загрозени нејзините интереси на Марс или не знам каде.
Сосема не си во право.
Со влегување на Украина во НАТО, РФ немаше да престане да постои. Ќе беше удар за имиџот и влијанието, ама немаше да престане да постои.
Со самото тоа, не е ова борба за опстанок.

Напротив, "борба за опстанок" е пропаганден наратив за да се убеди руското население дека ова не е бесмислена борба за моќ и влијание.
Многу повеќе луѓе би се бореле за опстанок, отколку за хировите на Путин. Путин и неговата машинерија за пропаганда се многу свесни за тоа. А како што гледам и успешни во убедувањето.

Ако РФ престане да се бори ќе нема војна, ако Украина престане да се бори, ќе ја нема Украина. Украина за разлика од РФ се бори за опстанок.

И ти си подлегнал на наративот кој Медведев го пласира, дали е некаков договор или самиот го прави тоа (во што не верувам тоа е сериозна држава) не знам. Ако не си знаел токму тој Медведев (како претесдател во тоа време) не сакаше да интервенира во случајот со Либија, така што наративот што го тера со нуклераките е за посебна публика и како што гледам си наоѓа место и овде на форумов.
Кога Медведев се заканува со нуклеарки, за мене тоа е сериозен проблем. ДМ е во првите пет луѓе на Путин. Кога Путин се шалташе претседател - премиер - претседател во комплет со ингеренциите, Медведев му беше број еден.
Тоа е сериозно за цел свет, не само за мене.
Хипотетички ако Путин ненадејно умре, очекувам Медведев да го замени. Се надевам нема.

Далеку е Путин од умерен, тој само добро игра со играта добар и лош полицаец, а на увцето тоа добро му доаѓа па многумина се фаќат.

Путин е пред се реален политичар кој се одлучил да со помош на други лидери го редефинира (под редефинира пред се се мисли на стави точка на доминацијата на ЕУСА империјата) светот и да го укине еднаш за секогаш колонијализмот(илити неоколонијализмот како ти драго).
Путин не е загрижен за историјата туку за иднинаната, а историја многу добро ја познава и не сака истата да се повторува односно сака да избегне да се повтори.
Ти уште малку витез на правдата ќе го направиш Путин, а уствари повеќе Дон Кихот излезе.
Пример, Филип 2ри бил лидер кој мислел на иднината, бидејќи работел за наследство и продолжување на егзистенција, моќ и влијание. Ненадејно умрел, па Александар наследил добар државен апарат и добра позиција за да го освои светот. Ама Александар не мислел на иднината, па се се урнало ко кула од карти.
Ако Путин денес умре, РФ ќе се урне ко кула од карти, тоа не е мислење на иднината.

Во врска со Пригожин имаше непроверени инфромации дека имал соработка со западниве демократи и дека веројатноста да одработува за нив е многу веројатна, зошто немаше остра реакција хм не знам можеби затоа што тој и цела таа екипа одеше со наративот дека се тие многу големи Руси и се повеќе за Русија од овие сега на власт.
Клучен збор, непроверени.

Пригожин е човек на Путин од самиот почеток. За него си е Путин сам крив и дебело оплеска, за малку скапо ќе го чинеше. Путин поснемува луѓе од доверба, а тоа е уште полошо.

Е токму тоа те прашав, ќе постои ли Украина или не, а јасно е кој одлучува ама во случајов се прашуваат и овие западнњациве ЕУСА, само што ним им е важна како и ланскиот снег , а на РФ им е од егзистенцијална природа, при што многумина забораваат дека населението од Украина барем во 50% случаи има роднински и пријателски врски со луѓето во РФ.
Украина е битна за западот од три причини:
1. Евтина житница и работна рака
2. Бафер држава на Европа, ако некој јаде ќотек од РФ тоа е Украина а не ЕУ
3. Алатка против РФ, за сега успешно злоупотребена

Муабетите за роднини на украинците одамна умреа, впрочем од 2014 со Крим и Донбас исчезна сета љубов што постоела. Никогаш повеќе Украина нема да ја чувствува Русија за братска.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.256
Поени од реакции
26.989
Ниту СССР ниту САД не ги остварија своите цели во Авганистан. На САД целите во Авганистан се тема за себе, сепак во двата случаја е пораз.
Ниту на САД ниту на СССР целите во Авганистан не биле територијални. Никад СССР не го спои Авганистан во својата територија, ниту пак планирале да го направат тоа. Тоа истото важи и за САД.

Муабетите за роднини на украинците одамна умреа, впрочем од 2014 со Крим и Донбас исчезна сета љубов што постоела. Никогаш повеќе Украина нема да ја чувствува Русија за братска.
Тоа се нешта кои се пеглаат за помалу од еден животен век. Како што гледаме, Пољаците на пример, многу брзо заборавиле дека Шушкевич и Бандера убивале безмилосно Пољаци, па сега се број еден доброволци во Украинската армија. Истото е со Кадировци.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Ниту на САД ниту на СССР целите во Авганистан не биле територијални. Никад СССР не го спои Авганистан во својата територија, ниту пак планирале да го направат тоа. Тоа истото важи и за САД.

Тоа се нешта кои се пеглаат за помалу од еден животен век. Како што гледаме, Пољаците на пример, многу брзо заборавиле дека Шушкевич и Бандера убивале безмилосно Пољаци, па сега се број еден доброволци во Украинската армија. Истото е со Кадировци.
Се сложувам и со двата коментара.
Кои и да биле целите во Авганистан, неостварени се, две различни нуклеарни сили доживуваат пораз.

Процесот на помирување бара покајување. Украинците многу пати се извиниле. Неонацизмот се заканува дека ќе го збрише тој напредок.
Се сомневам дека русите ќе се покаат. Ама можно е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom