Ме потсети на клипов бе да си ибиш векот
Иначе у таа твојата стручна литература сигурно има фраза и за долга војна. Она долга како long covid нешто.
Само не како на САД у Авганистан, што целта им испадна дека им е да ги донесат прогресивните талибанци на власт.
Туку оваа е со точно определени цели, кои што ги имаш на секој брифинг на РФ, и истите ќе бидат, а и полека но сигурно се остваруваат. Да, педа по педа ама ако пратиш секојдневно, можеш да го следиш тој напредок.
прво, фала за клипот, ме насмеа, иако мене ме тролаш
второ
општо познато е дека Авганистан е поголем fuck-up и од Виетнам, па интересно е што споредуваш Америчка глупост во планирање со Руска глупост во планирање. Тотален промашај.
трето
Авганистан беше Light footprint intervention без резервен план Б. Од кога планот пропадна, дваесет години америте без компас лутаа во просторот.
Целта на Авганистан беше оправдување за интервенција во Ирак. А целта на Ирак беше да пропадне државата Ирак за да не извезува толку нафта. Исто како Либија, Алжир, Египет и Сирија. Уништи ја конкуренцијата, крени ја цената на нафтата.
Авганистан беше тотален промашај а Ирак е делумен успех, ама ова е стратегија а не тактика.
така можеби функционира во некоја читанка за воена академија, но у пракса не иде така работата.
У пракса функционираше во двете ирачки војни, во втората битка за Грозни, во Панама, во Гренада, во Либија два пати, во Југославија 99, во Украина 2014 за Крим и Донбас....
изговор си е изговор, кога високата команда ќе усере изговор си има секогаш
Русите боледуваат од некаков синдром на контролирано уништување, во смисла дека сакаат да освојат територии, но со минимална материјална и уште поважно, најминимална - по можност и никаква - колатерална штета.
Немаат завршено американска воена школа за брзо да свршуваат со осиромашен ураниум и килимско бомбардирање.
И јас сум изненаден од самиот почеток, цивилно население протестира пред тенкови и успеваат да извадат живи глави од такви места, не ми текнува да сум видел такви сцени во Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Јемен, Сомалија и слични места каде што американскиот пламен на слободата и демократијата има изгорено се` и сешто.
Русите тепих го направија и Вилниус, и Грозни, и Алепо, и Хомс, и Хама и Мариупол, ама ај ќе си намигаме.
Поткалибарно зрно со осиромашен ураниум е измислен од Русите и користен секојдневно од сите страни без исклучок, дури и АРМ на Северџанија во Т72. Она што сега америте го викаат hvapfsds ( high velocity armour piercing fin stabilized sabot) или кратко Sabot го измислија светите ти Руси за Т62 со 100мм топ. Ѕверска работа од зрно, Америте го препознаа потенцијалот и направија цела доктрина околу него. Ама ни Русите не се цвеќе за мирисање, глупердите војуваа околу Чернобил, Алооо Чернобил.
Русите се побрутални од Американците во војување и во доктрина. Американците војуваат почесто па затоа изгледаат побрутални, оти сегде носот го мешаат, во крв се до рамења.