Може некој да објасни тука на темава од воен аспект што и како би изгледал тој Руски успех на Украина?
Во првава фаза, втора, трета.
Како тоа изгледа?
Баш еве нека земе некој и нека објасни.
Дека тоа анализите ова не чини, овде се повлекуваат, овде го примиле е само продолжување на лаењето на твитераши што пушка во живот не виделе.
Дајте алтернатива, за да не се ложиме на руска пропганда која вели дека тера се по план.
Не е можно тоа во целост. Сите инфо што допираат до нас од било кои извори во моментот на добивање на истите се непотврдливи се до подоцна по некое време кога може да се потврди или негира.
Згора на тоа, самите воени единици не ја знаат големата слика, т.н. компартментализација. Тоа е пред се со цел за намалување на ризик од протек на инфо но и од евентуално заробување на одредена единица или војник , при испрашувањето да не се открие стратегијата и тактиката на сите фронтови.
И самата идеја "воен успех" е толку релативна што може за еден генерал да биде дебакл за друг особен успех, секој според својата доктрина, убедување, сфаќања итн.
Најпиперски пример онака, еден генерал/командант цени дека одредена цел/задача треба да ја исполни брзо, молњевито, брутално без разлика на цената во животи/техника итн.
За истата цел/задача друг генерал/командант проценува дека може да трае подолго остварувањето, но ќе пројде без значителни загуби.
А да не навлагам подлабоко во тактички надмудрувања и лажњаци. И повлекувањето и отстапување територија може да се претвори во победа подоцна.
Е сега колку можам поконкретно за на терен од она што јас го знам.
1. Една од најголемите misconceptions е дека русите сакале брзо да завршат работа, не им одговарало да трае, иделе споро итн. Тоа е пласирано од западна пропаганда тоа е јасно, но е на штета на Украина. Она што не можам да потврдам за сигурно е дали намерно ја пласираа таа пропаганда или и они самите веруваа во истото, па откога се прерачунаа и видоа дека не е така, го пренасочија у ПР против Русија и бустање морал на украинците.
Да не се сфатиме грешно, секако дека русите би сакале и да не дојде до ова воопшто (затос потрошија 8 години на барање дипломстско решение) или да капитулираа за 2 саати откоа почна, но знаат дека не е желботека таа работа и затоа сценаријата се протегаат од неколку месечна до неколку годишна мисија. Според мои инфо, русите се спремани за 5 години конфликт и тоа против нато комплет. Стратешки резерви на оружје, муниција, храна, лекови, нафта, злато итн им се на 5 годишни количини.
Друга инфо е дека поширокиот контекст или незнам како да го наречам, еве езотеричниот дел, идеолошки, гео-политички, гео-стратешки итн е подготвуван неколку години од страна на врвни експерти во соодветни полиња, од институти, академии, универзитети, истражувачки центри, служби за разузнавање итн.
Едно од најинтересните инфо што ја добив, а веројатно никогаш нема да дознаеме дали е навистина така, дека при целиот тој комплексен процес се користени две досега (бар ја колку што знам) невидени техники: теорија на игра и суперкомпјутер (во Кина).
Во суштина е многу комплексно, но најпросто кажано, разработени се миљарди сценарија и постапките на русите, потезите, тактиките, движењата, одговорите на потезите на противниците се однапред пресметани и предвидени, но не се фиксни однапред бетонирани акциите, туку се флуидни зависни и од постапките на другата страна.
Јасно е дека се ова може да се нарече science fiction или теорија на заговор/фантазии итн. Но, Путин во неколку наврати повтори една реченица - "залудни се обидите на западот, сите одлуки се веќе донесени".
Може е офтопик веќе, но поентата ми е дека според овие информации, успех е тешко да се дефинира.
Затоа, бар за мене, наједноставно е да следам кои се јавно објавените цели и колку е успешна нивната реализација.
Од воениот аспект на терен, си кажаа дека оваа фаза е Донбас (немора да е стварно така, може е лажњак), и на терен секој ден имаат напредок, а скоро и да нема слики/снимки од нивни загуби. Па така победа руска во оваа фаза ќе биде целосно ослободување на Донбас.